Русија бара нови трговски партнери

Руските власти планираат да најдат нови трговски партнери: во основа во владата се надеваат на Тихоокеанскиот регион, вклучувајќи ја не само Азија, туку и земјите од Латинска Америка. До ваков заклучок дошле учесниците на Краснојарскиот економски форум. Извор: ТАСС

Руските власти планираат да најдат нови трговски партнери: во основа во владата се надеваат на Тихоокеанскиот регион, вклучувајќи ја не само Азија, туку и земјите од Латинска Америка. До ваков заклучок дошле учесниците на Краснојарскиот економски форум. Извор: ТАСС

Во блиска иднина руските власти планираат да најдат нови трговски партнери: во основа во владата се надеваат на Тихоокеанскиот регион, вклучувајќи ја не само Азија, туку и земјите од Латинска Америка. До ваков заклучок дошле учесниците на Краснојарскиот економски форум.

„Ние сме отворени за сите инвеститори, немаме никаков конкурс поврзан со тоа со кого ќе работиме“, изјави вицепремиерот на руската влада Аркадиј Дворкович на Краснојарскиот економски форум. Според него, кинеските инвеститори веќе работат поактивно и побрзо од инвеститорите од другите земји“, со оглед на тоа дека Кина е најголем партнер на Русија во Азиско-Тихоокеанскиот регион „на билатерална основа“, земајќи ги предвид големината на земјите и на економиите. Притоа, како што забележа Дворкович; во Азиско-Тихоокеанскиот регион Русија ги разгледува не само азиските земји, туку и државите од Латинска Америка, иако таа е заинтересирана за работа со сите партнери. 

Привлекување партнери

Русија се судри со рекорден одлив на капитал и инвестиции
Во 2014 година од земјата се изнесени два и пол пати повеќе капитал, одошто во изминативе години. Директните странски инвестиции практично се прекинати. Вакви показатели Русија не покажа дури ни во кризната 2008 година. Оваа година негативната тенденција ќе продолжи, иако не во толкави размери, сметаат аналитичарите.

Како што објасни заменик-министерот за економски развој на Русија Станислав Воскресенски, „не постои никаква експанзија во Азија, ами се случува прагматична работа за промовирање на руските интереси во Азиско-Тихоокеанскиот регион, без штета за односите со традиционалните партнери во Европската Унија и во Америка. „Кина, според оценките на ММФ, веќе е прва економија во светот, земјите на АСЕАН се седма економија во светот. Уделот на Кина, Јапонија и АСЕАН во светската економија изнесува 27%, а уделот на Европа 21%“, изјави заменик-министерот. Сепак, според него, азиските земји многу малку знаат за руската економија. Ние сме подготвени да им помогнеме на странските инвеститори. Да им помогнеме во надминувањето на бирократските пречки, да ги решаваме проблемите што се појавуваат“, изјави тој. 

Притоа, додека во индустријата уделот на азиските земји постојано расте, на финансискиот пазар, како што забележа членот на управата на „Гаспромбанк“ Екатерина Трофимова, традиционални партнери на Русија продолжуваат да бидат развиените земји: пред сè Европа и САД, а еврото и американскиот долар се традиционално важни валути за рускиот финансиски систем. Во перспектива, според Екатерина Трофимова, руските компании се подготвени делумно да преминат на платен промет со други валути, на пример во кинески јуани, но сепак создавањето swap рубља-јуан не наидува на побарувачка кај купувачите, без оглед на промената на надворешнополитичкиот курс. 

Сфера на работа 

Ќе ги запре ли рејтингот на S&P инвестициите во Русија?
Меѓународната рејтинг-агенција S&P го намали суверениот рејтинг на Русија на „шпекулативно ниво“. Русија ја чека распродажба на активите од страна на странските инвеститори. Сепак, освен ризиците експертите гледаат и стимул за развој на производството на странските компании.

Според Аркадиј Дворкович, руската влада е подготвена да работи со нови инвеститори, меѓу другото и во проекти поврзани со суровина, вклучувајќи и разработка на нови наоѓалишта. Сепак, притоа, владата не планира да го даде контролниот пакет во ваквите проекти, дури и за оние кои се стратешки, па и на најблиските партери, вклучувајќи ги и кинеските компании. „Ние сме подготвени да работиме со Кина на паритетна основа: по 50% или 49% плус 51%. Кинеската страна сфаќа дека нам ни е поудобно да работиме така и излегува во пресрет“, рече Аркадиј Дворкович. 

Притоа во другите гранки примери за создавање нови партнерства со странски компании, според податоците на Министерството за економски развој веќе постојат. Така сингапурскиот агрохолдинг Олам има вложено 258 милиони американски долари во производство на млеко во Пензенската област (640 километри југоисточно од Москва), а во Томската област (5.600 километри на исток од Москва) е отворено руско-кинеско претпријатие за преработка на дрво со вкупен обем на инвестиции од 15 милијарди рубли (244 милиони американски долари). Инвеститорите планираат зголемување на производството, а исто така и создавање на повеќе од пет илјади работни места. „Ние мораме да се бориме за секое работно место кое ни помага да ја диверзифицираме економијата“, вели Воскресенски. Сепак, според него, европските компании исто така продолжуваат да го зголемуваат своето присуство во Русија. Така, шведската компанија ИКЕА најави дополнителни инвестиции во Русија во износ од 2 милијарди евра.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња