Ќе се намали ли експлоатацијата на нафта?

Извор: Дмитриј Рогулин / ТАСС

Извор: Дмитриј Рогулин / ТАСС

Санкциите од Западот и паѓањето на курсот на рубљата ќе доведат до нагло намалување на експлоатацијата на нафта во Русија, се вели во анализата на Меѓународната агенција за енергетика. Според податоците од агенцијата, вкупниот пад ќе изнесува минимум 5%. Како резултат на тоа САД ќе ја зацврстат својата улога на лидер во експлоатацијата на јаглеводороди во светот.

Според податоците од агенцијата, за пет години експлоатацијата на нафта во Русија може да падне за 560 илјади барели, односно на 10.4 милиони барели дневно. Притоа во 2014 година, агенцијата прогнозираше пораст на експлоатацијата за 200 илјади барели дневно. Прогнозата беше изменета поради воведувањето санкции за земјата и поради падот на курсот на руската национална валута за двапати во однос на еврото и на американскиот долар. 

Во руското Министерство за енергетика веќе за 2015 година прогнозираат намалување на експлоатацијата за 0.6%. За споредба, најголемите руски нафтени компании Роснефт и Лукоил во своите извештаи велат дека ќе ја задржат експлоатацијата на нивото од 2014 година. Сепак, нивните сосопственици го немаат истиот оптимизам. Во ноември 2014 година потпретседателот на компанијата Лукоил Леонид Федун изјави дека доколку се задржат санкциите и ниската цена на нафтата, експлоатацијата во Русија може да се намали за 5-7% во следните 4-5 години. Односно, тој фактички ја потврди прогнозата на Меѓународната агенција за енергетика. 

Севкупно намалување  

Според податоците за 2014 година САД веќе станаа светски лидер во експлоатација на нафта, преминувајќи ја Русија, што се гледа од среднорочната прогноза на Меѓународната агенција за енергетика. За една година САД ја зголемиле експлоатацијата за 1.5 милиони барели, односно на 11.81 милиони барели дневно. За споредба, Русија експлоатира само 10.93 милиони барели дневно.

Според податоците на главниот аналитичар на UFS IC Иљја Балакирев, во 2013 година експлоатацијата на нафта во Русија пораснала за 0.9%, додека во 2014 година само за 0.45%, односно постои фактичка динамика на двојно забавување. „Фактички најголемиот дел големи наоѓалишта се ставени во експлоатација уште во советско време, во значителна мера овие наоѓалишта се исцрпени, така што без дополнителни вложување експлоатацијата од нив се намалува“, вели тој. Притоа санкциите од Западот го отежнаа пристапот на нафтаџиите до современите технологии, што ги принуди компаниите да го намалат обемот на инвестиции и да ги зголемат роковите на отпочнување нови проекти, смета Балакирев. 

„Сè уште е рано да се прави годишна прогноза за експлоатацијата на нафта во Русија, со оглед на тоа дека не е јасен ефектот од воведувањето на формалните и на неформалните санкции“, смета доцентот на факултетот за финансии и банкарско работење при Руската академија за народно стопанство и државна администрација Сергеј Хестанов. Според него, најголемиот дел од руските основни наоѓалишта се во стадиум на стареење, така што поддржувањето на сегашните обеми изискува спроведување големи сервисни работи, што ги прават западни компании. Перспективите, пак, за соработка со нив засега не се јасни, што ја отежнува прогнозата, предупредува Хестанов. Сепак, според него, во случај на најпесимистичкото сценарио Русија може да изгуби до 25% од експлоатацијата во тек на 5-7 години. 

Светски контекст 

Гаспром со сериозно намалени приходи
Рускиот гасен монопол Гаспром, обелодени дека има сериозно намалени приходи. Поточно, EBITDA на компанијата паднала за повеќе од 40%, при што монополот ја намалил продажбата на гас за сите купувачи, вклучувајќи ги и земјите од Европската Унија, од поранешните републики на СССР, како и за потрошувачите од Русија. На состојбата на компанијата исто така влијае и нерешениот конфликт со Украина.

Според податоците за 2014 година САД веќе станаа светски лидер во експлоатација на нафта, преминувајќи ја Русија, што се гледа од среднорочната прогноза на Меѓународната агенција за енергетика. За една година САД ја зголемиле експлоатацијата за 1.5 милиони барели, односно на 11.81 милиони барели дневно. За споредба, Русија експлоатира само 10.93 милиони барели дневно. „Од гледна точка на влијанието на светскиот пазар на нафта експлоатацијата сама по себе не е важна, туку е важен обемот на суровината, како и логистиката на испораките“, предупредува Сергеј Хестанов. Според него, без оглед на големиот пораст на експлоатација, САД останува нетоувозник на нафта и уште долго време нема да може да се ослободи од неопходноста за увоз на црно злато. Од таа гледна точка, улогата на Русија и на Саудиска Арабија е многу поголема, смета Хестанов. 

Впрочем, според Иљја Балакирев, доколку во блиска иднина ситуацијата не се измени, многу испланирани нафтени проекти во Русија ќе бидат замрзнати или одложени. „Ситуацијата се влошува со тоа што поголемиот дел големи нови наоѓалишта претставуваат места од кои тешко се извлекува нафта и се наоѓаат на арктичкиот гребен, или, пак, станува збор за нови наоѓалишта во Источен Сибир кои не се до крај проучени, за кои е потребно да се разработи инфраструктура од почеток“, вели Балакирев. Всушност, како што на 10 февруари на конференцијата во Лондон изјави претседателот на Роснефт Игор Сечин, намалувањето на инвестициите во нафтената индустрија ќе доведе до повторен баланс на нафтениот пазар. Притоа, според него, на најголемата руска нафтена компанија ѝ одговараат цените на нафта на нивото од 50 американски долари за барел.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња