Како санкциите и слабата рубља влијаат на Москва

Извор: агенција „Москва"

Извор: агенција „Москва"

Поради двојниот пад на рубљата во однос на доларот и на еврото, московските власти мораат одново да разгледаат некои од плановите за развој на градот, меѓу кои и подготовките за светскиот шампионат во фудбал во 2018 година. За тоа како во новите услови се развива руската престолнина, поразговаравме со првиот заменик-градоначалник на Москва Марат Хунсулин.

Како влијаеја на развојот на градот намалувањето на инвестицискиот рејтинг на Русија од страна на агенцијата Standard&Poor’s и заминувањето на странските инвеститори? 

Ќе ги запре ли рејтингот на S&P инвестициите во Русија?
Меѓународната рејтинг-агенција S&P го намали суверениот рејтинг на Русија на „шпекулативно ниво“. Русија ја чека распродажба на активите од страна на странските инвеститори. Сепак, освен ризиците експертите гледаат и стимул за развој на производството на странските компании.

Намалувањето на рејтингот директно никако не влијаеше, основниот обем на инвестициите во Москва е руски, сепак во определен процент ќе има влијание. Во 2014 година во Москва беа изградени 9 милиони квадратни метри недвижности, 100 километри патишта, издадено е решение за изградба на уште 40 милиони квадратни метро, но сепак, можно е во блиска иднина овие показатели да се намалат. Во 2015 година „неуспех“, најверојатно, нема да има, иако не исклучуваме дека обемот на изградена недвижност може да се намали за 8 милиони квадратни метри. Многу работи зависат од банкарското финансирање: доколку се поддржува кредитирањето за купување живеалишта, тогаш луѓето ќе продолжат да ги земаат тие кредити. Така, во 2014 година во Москва беа изградени 3.2 милиони квадратни метри живеалишта, во споредба со 2010 година, кога економијата го достигна дното предизвикано од кризата, во руската престолнина беа изградени помалку од два милиони квадратни метри живеалишта. 

Дали поради падот на рубљата московската влада има некакви планови за секвестрација на буџетот и дали девалвацијата на националната валута ќе има некакво влијание врз подготовките на Москва за светскиот шампионат во фудбал во 2018 година?

Секвестрацијата зависи од идното ниво на инфлација. Доколку инфлацијата достигне 10% тогаш ќе имаме една ситуација, доколку достигне 15% тогаш сосема поинаква. Ние направивме повторна пресметка за развојот на градот, во основното сценарио за развојот на Москва зедовме предвид инфлација на ниво од 10% годишно, и со ваквите фактори донесовме одлука засега нема да започнеме да ги градиме. Поради инфлацијата моравме да форсираме низа инфраструктурни објекти. На пример, реконструкцијата на фудбалскиот стадион Лужники, каде треба да се случи отворањето на светското првенство во фудбал во 2018 година. Овој објект требаше да биде завршен во 2017 година, но ние одлучивме работите да се завршат до 2016. Доколку инфлацијата изнесува 15%, тогаш дополнителната година работа за нас би значела 1 милијарда рубли (14 милиони американски долари). Поради високата инфлација решивме да го намалиме рокот за изградба на метрото: доколку некој сака за две години да реализира тригодишен проект, ние сме подготвени да најдеме финансии. 

Колку во бројки девалвацијата на рубљата ја зголеми цената на најголемите московски проекти, меѓу кои и мундијалот во 2018 година?  

За светското првенство во Москва целосно ќе биде реконструиран еден од десетте најголеми фудбалски стадиони во светот Лужники. Сега гледаме дека цената на проектот е веќе порасната за 5-10%, но ова не е крајната цифра. Во проектот активно се користат увозни материјали, на пример, поликарбонатна покривка, а на покривот ќе биде поставен екран на кој ќе се прикажува директниот пренос од церемонијата. Поради големото количество увозни материјали ние во голема мера зависиме од курсот на рубљата, и засега е тешко да се каже колку ќе биде поскап проектот. Можам да кажам дека ние веќе менуваме некои доставувачи. Ние имавме европски доставувачи со кои традиционално соработувавме, сега бараме некој што ќе ги замени, меѓу другото и руски доставувачи, а каде што тоа е невозможно им се обраќаме на азиските партнери. Можам да кажам дека шпанските претприемачи, кои ги избравме за изградба на метрото, повеќе не влегуваат во буџетот поради порастот на девизите. 

Колку добри односи Москва воспостави со кинеските доставувачи, меѓу другото и за изградбата на метрото? 

Метрото е основен вид транспорт во Москва, а сличен систем има и во другите мегаполиси, како што се Токио или Пекинг. Не минува ни месец, а во Москва да не дојде делегација од Кина или од Москва да се упати делегација во Кина. Московското метро има една особеност, а тоа е интервалот на движење на еден воз во минута, што никој во светот не го надминал, а кинеските компании дури сега почнаа да ги воспоставуваат тие интервали на движење, така што во таа насока за нив е интересно московското метро. Од друга страна Кина има најсериозни темпа на изградба на нови станици во светот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња