Ќе ги запре ли рејтингот на S&P инвестициите во Русија?

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Меѓународната рејтинг-агенција S&P го намали суверениот рејтинг на Русија на „шпекулативно ниво“. Русија ја чека распродажба на активите од страна на странските инвеститори. Сепак, освен ризиците експертите гледаат и стимул за развој на производството на странските компании.

S&P е првата агенција од големата тројка, која го намали суверениот рејтинг на Русија на ужасно ниско ниво – ВВ+, негативна прогноза. 

Ова значи дека агенцијата може понатаму уште да го намали рејтингот. Главното објаснување на S&P е тоа дека во Русија се намалуваат резервите за чија сметка на руските банки и на бизнисот може да им се даваат заеми за гаснење на надворешниот долг. Во 2014 година резервите се намалија за 113 милијарди американски долари, односно за речиси 40%. 

Експертите што ги консултираше „Руска реч на македонски“ забележуваат дека одлуката не е неочекувана за инвеститорите, па затоа панично ослободување од руските активи најверојатно ќе нема. Главниот ризик се состои во исполнување на ковенантите. 

Што ќе се случи 

Експертите со кои разговараше нашата новинарка забележуваат дека во зоната на ризикот сега се наоѓаат руските претпријатија кои биле кредитирани на Запад за сметка на издавање на облигации. На сила можат да стапат ковенантите (услови за предвремено гаснење на долгот – заб. ред.). При намалување на суверенитетот на рејтингот на срамно ниво, кредиторите, согласно пропишаните услови, можат да побараат предвремено откупување на облигациите. Трошоците на руските претпријатија во тој случај можат да достигнат 20-30 милијарди американски долари. Ваква оценка уште кон крајот на 2014 година даде министерот за економија Алексеј Уљукаев. 

Русија се судри со рекорден одлив на капитал и инвестиции
Во 2014 година од земјата се изнесени два и пол пати повеќе капитал, одошто во изминативе години. Директните странски инвестиции практично се прекинати. Вакви показатели Русија не покажа дури ни во кризната 2008 година. Оваа година негативната тенденција ќе продолжи, иако не во толкави размери, сметаат аналитичарите.

„Ситуацијата ќе стане критична доколку Moody’s или Fitch го намалат рејтингот, - појаснува Сергеј Хестанов, доцент на Факултетот за финансиско и банкарско работење при Руската академија за народно стопанство и државна администрација. – Многу често главен услов за предвремено гаснење на долгот е намалувањето на рејтингот од страна на две од трите агенции“, забележува експертот. 

„За двете преостанати агенции рејтингот засега останува инвестициски. Сепак, извлекувањето средства од страна на нерезидентите од пазарот на акции и од пазарот на обврзници на руските емитенти може да се засили, што ќе влијае врз намалувањето на индексот на акциите и на порастот на стапката на пазарот на обврски“, ја коментира ситуацијата Александар Абрамов, водечки научен соработник на Центарот за анализа на финансискиот систем при Руската академија за народно стопанство и државна администрација. 

Губењето на инвестицискиот рејтинг, исто така, се заканува со целосно затворање на странските пазари на обврски. 

Одлуката на S&P ќе изврши и дополнителен притисок врз рубљата, забележуваат експертите. Според оценката на главниот економист на Алфа-банка Наталија Орлова, девалвацијата може да изнесува 3-5%/ 

Кој ќе остане во Русија? 

Впрочем, Сергеј Хестанов забележува дека поевтинувањето на рубљата може да биде дополнителен стимул за производителите. 

„Намалувањето на рубљата значително ќе ја зголеми конкурентноста на руските производи, меѓу другото и кај странските претпријатија кои имаат голем степен на локализација, повеќе од 50%“, вели експертот. Според него, намалувањето на рејтингот нема да претставува пречка за оние кои тукушто сакаат да започнат производство во Русија. 

„Поголемиот дел производствени компании продолжуваат да работат во Русија, - се согласува Александар Абрамов. – Ова се однесува и на финансиските структури. Најверојатно нивните приходи од инвестициско-банкарските услуги ќе се намалат, но хоризонтот на планирање на бизнисот кај странските партнери во Русија е доволно широк за да се избегне нервозна реакција за 2-3-годишните измени во надворешната конјунктура. Оние што сакале да го напуштат бизнисот во Русија поради геополитичките фактори, веќе го направија тоа“, вели Абрамов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња