Русија со помал удел на светскиот пазар

Извор: Дмитриј Рогулин / ТАСС

Извор: Дмитриј Рогулин / ТАСС

Поради порастот на цените на прехранбените производи во Русија ќе биде воведена експортна царина за извоз на житарките – на овој начин владата ќе влијае врз цената на пченицата на внатрешниот пазар која опаѓа. Сепак, според податоците на Рускиот сојуз за житарки, ова, во прв ред, ќе доведе до уште едно намалување на уделот на Русија во светскиот извозен пазар на житни култури.

Во Русија ќе биде воведена експортна царина за извоз на пченицата, изјавија на крајот од 2014 година рускиот премиер Дмитриј Медведев. Според податоците на шефот на руската влада, големината на царината ќе изнесува 15% од царинскиот износ плус 7.5 евра, но не помалку од 35 евра за еден тон извезена пченица. Како што објаснуваат во владата, основни причини за воведување на царината е паѓањето на курсот на рубљата во однос на доларот и на еврото, а исто така е поврзан со овој пораст на цените на прехранбените производи во Русија. Сепак, според претседателот на Рускиот сојуз за житарки (РСЖ) Аркадиј Злочевски, воведувањето на царината доведува во прв ред до паѓање на извозот на житарките од Русија. 

Пад на извозот 

Ниски показатели на БДП на Русија и во следните 4 години
Падот на БДП и стагнацијата на Русија можат да потраат повеќе години, уверен е главниот критичар на владата, поранешен министер за финансии (2000-2011 година), сегашен претседател на Комитетот на граѓански иницијативи Алексеј Кудрин. Во интервју за РБК тој призна дека поради санкциите дел од руските гранки неизбежно се деградираат.

Претходно вицепремиерот Аркадиј Дворкович изјави дека владата на Русија привремено воведува експортни царини за пченица. Сепак, без оглед на тоа дека сè уште не пости официјална забрана за извоз на пченица, според податоците на РСЖ, во земјата „се заглавени“ околу 3 милиони тони пченица, кои извозниците не можат да ги извезат без оглед на тоа што ги поседуваат сите документи. „Официјална забрана за извоз не постои, постои само најави и усогласена работа на сите служби која е насочена на тоа да не се изнесува пченицата од Русија. Ова значи дека сета одговорност за неисполнување на договорите ќе ја носат извозниците, со оглед на тоа дека не можат да се повикаат на виша сила“, изјави на прес конференција во Москва претседателот на Рускиот сојуз за житарки (РСЖ) Аркадиј Злочевски. Според него, пеналите за неиспорака на 50.000 тони пченица изнесува околу 2 милиони американски долари, потсети претседателот на РЗЖ. Како резултат на тоа, смета Аркадиј Злочевски, одлуката на владата ќе им дозволи на конкурентите на Русија веднаш да го заземат руското испразнето место, кое потоа ќе биде тешко да се врати по неговото заземање во 2011 година. 

Во 2010 година по рекордната суша во Русија беше воведена забрана за извоз на пченица. Како резултат на тоа, според Аркадиј Злочевски, за да се врати на светскиот пазар на пченица, Русија беше принудена да дава попуст од 40-50 американски долари за секој тон. Сепак, во дадениов момент, според податоците на аналитичарите на IGC, производството на житарки во светот постојано расте и во 2015 година ќе изнесува 1.949 милиони тони, од кои 699 милиони тони ќе отпаднат на пченица, а 963 милиони тони на пченка. 

Како резултат на тоа на 12 јануари 2015 година Министерството за земјоделство на САД веќе ја намали прогнозата за извоз на пченица од Русија во тековната маркетиншка година (јули 2014 – јуни 2015 година) за речиси 10%  - од 22 до 20 милиони тони. Притоа прогнозата за извоз на пченица од Украина е зголемена за 3% - до 30 милиони тони. Од своја страна испораката од Европската Унија треба да порасне за 7% - до 11 милиони тони. „Извозот на Русија е намален како резултат на експортната царина која почнува да се применува од 1 февруари. Прогнозите за извозот на ЕУ и на Украина се зголемени со оглед на тоа што тие се наоѓаат во подобра позиција за да ја искористат можноста од намачувањето на присуството на Русија на пазарот“, се вели во отчетот на американската служба. 

Рекорден род 

Во моментов Русија, која поседува 10% од сета обработлива земја во светот, влегува во петката најголеми извозници на житарки, заедно со САД, Аргентина, Австралија и ЕУ. Згора на тоа, во 2014 година Русија успеа да го собере вториот по големина род за цело време на своето постоење во постсоветски услови. Обемот на родот изнесува 104-105 милиони тони, а дополнителните резерви се оценуваат на 14.4 милиони тони. Притоа внатрешната потрошувачка на житарките во Русија, според оценките на РСЖ, изнесува околу 70 милиони тони. Згора на тоа, падот на курсот на рубљата доведе до нагло пораснување на цената на житарките, забележува Аркадиј Злочевски. Всушност, руските производители увезуваат низа семиња за некои култури, а исто така ги увезуваат сите средства за заштита на растенијата. 

Производителите на житарки сметаа дека пораснатите цени на житарките дозволуваат да ги компензираат сите овие загуби за подготовката за пролетната сеидба. Сепак воведувањето на ограничувања од страна на владата е во служба на тоа да се намали внатрешната цена на житарките. За оваа цел Министерството за земјоделство, усогласено со Федералната служба за тарифи, издаде наредба за купување житарки за државните потреби. Во наредбата минималната цена е всушност највисоката цена по која државата ги купува житарките од производителите. Овој показател порасна за 1.5 пати, што, според податоците на ЕЦЖ, не може да ги покрие расходите на производителите за подготовката за пролетната сеидба. Како резултат на тоа, според прогнозата на Аркадиј Злочевски, во 2015 година во Русија може да се очекува намалување на родот на житарките.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.