Што се случуваше со руската економија во 2014?

Рускиот гас ќе се транспортира во Кина во наредните 30 години преку т.н. источна маршута преку кракот на гасоводот „Сибирска сила“ кој почна да се гради во септември 2014 година. Извор: Валериј Шарифулин / ТАСС

Рускиот гас ќе се транспортира во Кина во наредните 30 години преку т.н. источна маршута преку кракот на гасоводот „Сибирска сила“ кој почна да се гради во септември 2014 година. Извор: Валериј Шарифулин / ТАСС

Клучни фактори што влијаеја на руската економија беа наглото паѓање на цената на нафтата и санкциите што беа воведени кон Русија поради украинската криза. Тоа предизвика девалвација на националната валута и преориентација на руската економија кон Истокот.

Русија почна да експлоатира нафта на Арктикот

Компанијата „Гаспром“ во април 2014 година ја испорача првата тура нафта извадена од платформата „Приразломнаја“. Ова е засега единствената нафтена платформа на арктичкиот континентален гребен. Станува збор за нов вид нафта – ARCO (Arctic Oil). За нејзиното транспортирање изградени се два нови танкери. Првиот проект на Арктикот е реализиран и покрај масовните протести на еколозите. Меѓу другите, протестираше и организацијата „Гринпис“, која се бори против експлоатацијата на нафта на континенталниот гребен. Русија планира до 2020 година на Арктикот да изгради вкупно 25 вакви платформи, а, исто така, својата технологија да им ја понуди и на други земји.

Договор за изградба на гасовод кон Кина 

Путин во Пекинг го потврди источниот курс на Русија
Русија има намера активно да ја развива економската соработка со земјите на Азиско-Тихоокеанскиот регион (АТР) и на прво место со Кина - ова е главната порака од настапот на претседателот Владимир Путин.

Руската компанија „Гаспром“ и кинеската национална енергетска компанија CNPC во мај 2014 година потпишаа договор вреден 400 милијарди американски долари за извоз на руски гас во Кина. Станува збор за 38 милијарди кубни метри гас годишно. Гасот во следните 30 години ќе се транспортира преку источната маршрута преку кракот на гасоводот „Сила на Сибир“, кој започна да се гради во септември 2014 година. Гасот ќе потече од наоѓалиштата во источен Сибир. Според истражувањата на „Bank of America Merrill Lynch“, договорот веќе во 2015 година ќе почне да влијае на макроекономските показатели на Русија, благодарение на што годишниот обем на инвестиции на „Гаспром“ ќе порасне за 5-6 милијарди американски долари.

„Јандекс“ излезе на Московската берза

Холандската компанија „Yandex N. V.“, која е сопственик на најголемиот руски Интернет-пребарувач Јандекс, во јуни 2014 година почна да продава акции на Московската берза. Сега акциите на оваа компанија можат да се купуваат деноноќно, со тоа што тие и понатаму ќе се продаваат и на американската берза NASDAQ, каде што во мај 2011 година оваа компанија организираше иницијална јавна понуда на 17,6% од акциите. Вкупната вредност на иницијалната понуда достигна 1,43 милијарди долари. Ова беше една од најголемите иницијални јавни понуди во историјата на американската берза.

Украина престана да купува руски гас

Во јуни 2014 година „Гаспром“ престана да испорачува гас за Украина поради насобраниот долг. За возврат украинските власти ја обвинија Русија за немотивирано покачување на цената од 285 на 485 американски долари за илјада кубни метри гас. „Гаспром“ го објасни зголемувањето на тарифата со укинувањето на попустот што беше на сила претходно. Ситуацијата беше регулирана дури на крајот на октомври 2014 година, а испораката на рускиот гас за Украина беше обновен во декември.

Западот воведе санкции за Русија

Најважен настан за руската економија, според мислењето на огромно мнозинство експерти, претставуваат селективните санкции што западните земји ги воведоа кон Русија. САД и земјите од Европската Унија во јули 2014 година воведа санкции за најголемите руски компании во чие сопствеништво удел има државата, вклучувајќи ги и нафтената компанија „Роснефт“, како и најголемите банки ВЕБ, ВТБ, „Сбербанк“ и „Гаспромбанк“. Овие компании нема да можат да привлекуваат американски и европски инвеститори за период подолг од три месеци. Имотот на споменатите компании не е замрзнат. Како што изјави подоцна министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, загубите на Русија од геополитичките санкции изнесуваат 40 милијарди долари.

Русија забрани увоз на прехранбени производи од Европа и од САД

Со што ги замени Русија забранетите производи?
Како замена на доставувачите на прехранбени производи кои влегоа во рускиот список на санкции, дојдоа компании од Србија, Грузија, Ерменија и од земјите на Латинска Америка, иако некои видови производи, вклучувајќи ги аспарагусот, крушите и сирењата, засега не можат да се заменат. Притоа најголема штета од руските санкции имаат Полска, Литванија и Финска.

Руските власти во август 2014 година возвратија со воведување ембарго на увозот на прехранбени производи од САД, од Европската Унија и од државите што воведоа санкции кон Русија. На тој начин рускиот пазар остана покус за речиси третина од увозното млеко и месо, и за половина од рибните производи. Според податоците на Федералната царинска служба најмногу е пораснат увозот на месо од Аргентина, Нов Зеланд и од Никарагва. Освен тоа, увозот на риба од соседна Белорусија нагло порасна за 98%, иако оваа поранешна советска република не излегува на море.

Падна цената на нафтата

На преговорите во седиштето на ОПЕК во Виена на 27 ноември 2014 година членовите на картелот не можеа да се договорат за одржувањето на нивото на светската цена на нафтата. По одлуката на ОПЕК цената на нафтата падна за 7,21% и се спушти на 72,52 американски долари за барел, што во тој момент беше рекордно ниска цена од 2010 година, а подоцна падна на 65 американски долари за барел. Според податоците на Министерството за финансии на РФ, поради намалувањето на цената на нафтата Русија губи околу 90–100 милијарди американски долари годишно. Приходите од извозот на нафта и гас пополнува 50% од рускиот буџет, што предизвика нагло паѓање на курсот на рубљата.

Рубљата девалвираше 

Паника во руските продавници
По рекордниот пад на курсот на националната валута многумина граѓани на Русија почнаа да ги трошат заштедите во рубли со тоа што купуваат станови, козметика, автомобили. Многумина менуваат рубли за девизи. Цените во продавниците постојано растат, а девизите во менувачниците ги има сè помалку. Нашата колешка се обиде да дознае на кој начин граѓаните на Русија се обидуваат да ги потрошат заштедените пари пред уште повеќе да изгуби вредност.

Централната банка на Русија во октомвриските девизни интервенции продаде околу 30 милијарди американски долари, по што два месеца пред планираниот рок реши да премине на режим на слободно формирање на курсот на рубљата под влијание на пазарот. Така, курсот на рубљата во споредба со доларот и со еврото падна за околу 60%, што предизвика пораст на инфлацијата и нагло намалување на приходите на жителите.

„Деофшоризација“ на бизнисот

Државната дума во ноември 2014 година го одобри законот за „деофшоризација“ на бизнисот. Сега руските акционери ќе мораат да плаќаат данок на нераспределениот профит на странските компании што ги контролираат тие. Ова се однесува на компаниите што се регистрирани во офшор-зоните или каде било во странство. Подоцна Владимир Путин во своето обраќање пред Федералното собрание вети целосна амнестија на капиталот што ќе се врати во Русија.

Стопирање на „Јужен тек“

Во декември 2014 година Русија ја запре изградбата на гасоводот „Јужен тек“ со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно. Гасоводот требаше да поминува по дното на Црното Море од Русија во Бугарија, па преку балканските земји да дојде до европскиот пазар. Како што објасни рускиот претседател Владимир Путин, проектот е запрен поради ставот на Бугарија, која не даде конечна дозвола за реализација на „Јужен тек“. Компанијата „Гаспром“ во последниве три години во овој проект вложи 4,66 милијарди долари. Подоцна беше обелоденето дека гасоводот ќе биде пренасочен од Бугарија во Турција. 

Во изработката на овој текст учествуваа претставници на инвестициските компании „Финам Менаџмент“, UFS IC, „Инвесткафе“, како и аналитичари од Центарот за структурни истражувања при Руската академија за народно стопанство и државна администрација и големи руски производители, меѓу кои „Русал“, „Магнитогорскиот металуршки комбинат“, НЛМК, групацијата „Черкизово“ и други.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња