Руската рубља ги преживеа двата најлоши дена во историјата

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

На руската рубља во текот на два дена нагло ѝ опадна вредноста во однос на американскиот долар и еврото. На берзата на 15 декември рубљата поевтини за 9% во однос на странските валути, а на берзата на 16 декември падот надмина 24%, што е апсолутен рекорд во целата историја на руската валута. Реагирајќи на падот на рубљата, Централната банка нагло ги поскапи кредитите за компаниите и населението.

На руската рубља во текот на два дена нагло ѝ опадна вредноста во однос на американскиот долар и еврото. На берзата на 15 декември рубљата поевтини за 9% во однос на странските валути, а на берзата на 16 декември падот надмина 24%, што е апсолутен рекорд во целата историја на руската валута. Меѓутоа, после тоа руската валута нагло се фиксираше на 15%. Според експертите, наглата променливост на рубљата може да се објасни само со активностите на шпекулантите. „Во првите часови на берзанскиот ден видовме нагло фиксирање на рубљата проследено со практично исто таков брз пад на руската валута. Врз динамиката на руската валута сега влијаат неколку фактори кои севкупно доведоа до таков колапс“, изјави аналитичарот на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“ Антон Сороко. Според него, „на пазарот присуствува големо количество шпекулативен капитал поради што гледаме неадекватни движења на руската валута кои многу тешко можат да се објаснат со некакви си фундаментални фактори“. Особено што ниту една валута на други земји-производители на нафта не паѓа така. Згора на тоа, како што изјави порт-паролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, паѓањето на курсот на рубљата во значителна мера е условено од емоции и шпекулативно работење. 

Основни фактори 

Како реагираат Русите на падот на рубљата?
Падот на курсот на рубљата доведува до намалување на потрошувачката способност на населението, се заклучува од прогнозата на руското Министерство за економски развој, а бројот на сиромашните ќе стане максимален за последниве четири години. Според податоците од анкетите за јавното мислење, жителите на Русија сè повеќе средства трошат на храна и претпочитаат да патуваат во Русија.

„Вредноста на рубљата во текот на мошне долг период на време беше определувана како од пазарни, така и од политички фактори. Денешната ситуација е директен одговор на промената на политичкиот курс и во прв ред на активностите на ЦБ која се откажа од поддршка на рубљата“, изјави заменикот-генерален директор за работа со кредитни организации „ФинЕкспертиза“ Наталија Борзова. Според неа, во моментов е невозможно објективно да се оцени перспективата на рубљата – вербата во неа е сериозно поткопана.  Наглото слабеење на рубљата кое се забележува во последно време е условено, според низа околности кои настанаа насила, од приливот на пари кој доаѓа од Русија. Како резултат на тоа на пазарот на рубљата настана дисбаланс на понудата и побарувачката и како последица на тоа – курсот на руската валута оди надолу“, изјави главниот аналитичар на UFS IC  Алексеј Козлов. Според него, понатамошната динамика на курсот на рубљата зависи од многу околности, меѓу другото и од активностите на Банката на Русија и властите кои сигурно ќе ги вложат сите напори за да ја стабилизираат ситуацијата со рубљата. На пример, вредноста на руската валута почна да расне откако првиот човек на „Роснефт“ Игор Сечин изјави дека најголемата руска нафтена компанија ја поддржува рубљата и не планира да купува долари на пазарот.

Како друг фундаментален фактор за снижување на курсот на рубљата експертите го наведуваат падот на цената на нафтата и негативното очекување поврзано со тоа. На пример, на пазарот во Лондон на 16 декември барел северноморска нафта Brent поевтини споредено со отворањето на пазарот за повеќе од 2%. Минималното ниво на кое нафтата Brent се продаваше беше 58,84 долари за барел, вистина подоцна цените малку пораснаа до 59,02 долари. Како што пред 14 декември 2014 година изјави министерот за енергија на ОАЕ Сухајл ал Мазруи, ОПЕК нема да го намалува производството на нафта дури и при цена од 40 долари за барел. 

Клучни решенија 

Реагирајќи на наглиот пад на курсот на рубљата, ноќта на 15 спроти 16 декември Централната банка беше принудена да ја покачи каматната стапка од 10,5 на 17%. Оваа стапка ја определува вредноста на парите во земјата и според неа се ориентираат банките, кредитните претпријатија и населението. Традиционално се смета дека вредноста на кредитот не може да биде под таа стапка. Растот на стапката за 6,5 процентуални поени е рекорден во целата најнова историја на Русија и последен пат регулаторот ја покачил на 11 декември од 9,5 на 10,5%. Според експертите, покачувањето на каматната стапка може да доведе во прв ред до поскапување на вредноста на кредитите како за бизнисот, така и за населението. „Решението е кардинално, тоа треба да ги олади врелите страсти на валутниот пазар. Сепак не би сакал стапката да остане на тоа ниво подолго време, затоа што тоа ќе повлече со себе нагло намалување на деловната активност во Русија“, изјави Антон Сороко. Според неговите зборови, тоа ќе се одрази и врз населението – ќе поскапат потрошувачките кредити – и врз компаниите на кои ќе им стане многу потешко да ја финансираат оперативната и инвестициската активност.

„Покачувањето на стапката има ефект врз различни сегменти на пазарот, во моментов приоритет е да се стабилизира курсот на руската валута. Доколку се разгледаат активностите на ЦБР од тој агол, тогаш безусловно, покачувањето на клучната стапка ќе даде поддршка на рубљата“, смета Алексеј Козлов. Сепак, според Антон Сороко, „потоа, ситуацијата на валутниот пазар ќе се стабилизира, евтините хартии од вредност на руските компании можат да привлечат во РФ прилив на инвестиции“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња