Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Одлуката на ОПЕК да се зачува обемот на квотите за црпење нафта на ниво од 30 милиони барели на ден како минимум за следната половина година доведе до пад на цените на енергетските ресурси, како и до остар пад на курсот на руската рубља. Руската валута веќе ги обнови историските рекорди во однос на доларот и еврото.

Одлуката на ОПЕК да се зачува обемот на квотите за црпење нафта на ниво од 30 милиони барели на ден како минимум за следната половина година доведе до пад на цените на енергетските ресурси, како и до остар пад на курсот на руската рубља. По завршувањето на петчасовните разговори кои се одржаа на 27 ноември 2014 г., во седиштето на ОПЕК во Виена учесниците на картелот не успеаја да се договорат за одржување на светската цена на нафтата. Згора на тоа, ОПЕК не издаде соопштение дури ни за пожестока контрола за црпењето над квотата која во октомври 2014 година изнесуваше 250 илјади барели на ден. 

По одлуката на ОПЕК цените на нафтата паднаа за 7,21% до рекордното ниво од 2010 година -  72,52 долари за барел, а курсот на рубљата во однос на доларот и еврото падна за 10%. „Одлуката на ОПЕК да не го намалува обемот на црпењето го задржува дисбалансот што настана на пазарот на нафтата. Ситуацијата се заостри откако предлогот поврзан со зголемувањето на обемот на црпење на нафтени шкрилци, значително се зголеми,“ изјави главниот аналитичар на UFS IC Алексеј Козлов. Според него, како резултат од донесувањето на одлуката на ОПЕК да не се намалат квотите може да се очекува нагло паѓање на цената на „црното злато“. 

Цената на нафтата 

Може ли Русија да влијае на цената на нафтата?
Паѓањето на цената на нафтата ја принудува Русија да се замисли за намалување на експлоатацијата. Руската Федерација обезбедува околу 14% од светското производство, но сепак, експертите се сомневаат дека намалувањето на експлоатацијата само во Русија ќе доведе до драстичен пораст на цената на овој енергенс. Ситуацијата ќе се измени доколку на Русија ѝ се приклучат и другите производители на нафта.

„Понатамошното снижување на цената на нафтата е можно, меѓутоа треба да се земе предвид дека во светот речиси не остана некој кому тоа би му одговарало. Веќе сега тековната цена на нафтата ја става во прашање иднината на илјадници работници кои работат во американската нафтена индустрија“, изјави Владислав Гринко, предавач на Институтот за економија на природните монополи на РАНХиГС. Според мислењето на Алексеј Козлов, понатамошната динамика на вредноста на црното злато ќе продолжи да зависи од балансот на побарувачката и понудата. Особено, како што прогнозира експертот, основните фактори на овој баланс – високиот степен на понуда за сметка на порастот на црпење на нафтени шкрилци и промената на обемот на нафтата со висока цена за производство. Како резултат пазарот на јаглеводороди може да се изедначи на ниво од 68-75 долари за буре северноморска сурова нафта Brent, додава тој. 

„Низа земји-членки на ОПЕК изразуваат, отворено или кришум, незадоволство од одлуката донесена на последното заседание на организацијата во Виена“, вели Владислав Гринко. Според него, намалувањето на цената на нафтата ќе биде многу чувствително за Венецуела, Либија, Еквадор, Оман, Иран, Ирак, Алжир, Бахреин и Јемен. „ Не е исклучено дека некои од нив ќе се обидат да се договорат меѓу себе на неформален начин, за заеднички да ја намалат понудата на нафта на пазарот. Тоа може да доведе до формирање на организација која ќе биде алтернатива на ОПЕК, како и до покачување на цената на нафтата“, смета Гринко. 

Притисок врз рубљата 

Од висината на цената на нафтата зависи обемот на приходите во рускиот буџет. „Полнењето на рускиот буџет за 50% зависи од приходите од нафта и гас. Ослабувањето на рубљата овозможува да се зачуваат приходите во рубљи при снижувањето на цената на нафтата“, смета Алексеј Козлов. Според него, оттука потекнува природната реакција на пазарот при намалувањето на вредноста на јаглеводородите – слабеењето на руската валута. „Рубљата сега стои неоправдано ниско, ако се гледа на нејзината куповна моќ, а нејзиниот курс не соодветствува на оние фундаментални параметри кои ги има во економскиот и финансискиот систем на Русија“, изјави Владислав Гринко. Според неговите зборови, во 2014 година во периодот од јануари до септември буџетот на РФ е исполнет со суфицит од 2% БДП. „Се забележува пораст на индустриските показатели, а за здравата состојба на економијата сведочи тоа што нивото на невработеност е еден од најниските во светот – помалку од 5%, а во големите градови изнесува само неколку проценти“, смета  Владислав Гринко. Според него, ефектот на скриената невработеност всушност далеку ја надминува постојната скриена вработеност. Освен тоа, како показател за позитивната економска динамика Гринко го наведува приливот на мигранти – само според официјалните податоци, во Русија се наоѓаат 11,8 милиони странски граѓани од кои значителен број се занимаваат со економска дејност. 

Впрочем, според мислењето на водечкиот експерт на УК „Финам Менеџмент“ Дмитриј Баранов, одлуката на ОПЕК може да биде мошне брзо изиграна и тогаш цената на нафтата ќе појде нагоре. „Покрај тоа, руската економија зависи од премногу фактори за да може одлуката на ОПЕК толку силно да се одрази врз неа. Така што не треба да се очекуваат некакви значајни последици за Русија од наведената одлука на ОПЕК“, изјави Баранов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња