Може ли Русија да влијае на цената на нафтата?

Котирањето на основните нафтени марки паднаа од 105-110 на помалку од 80 американски долари за барел, што се нема случено од 2012 година. Извор: ТАСС

Котирањето на основните нафтени марки паднаа од 105-110 на помалку од 80 американски долари за барел, што се нема случено од 2012 година. Извор: ТАСС

Паѓањето на цената на нафтата ја принудува Русија да се замисли за намалување на експлоатацијата. Руската Федерација обезбедува околу 14% од светското производство, но сепак, експертите се сомневаат дека намалувањето на експлоатацијата само во Русија ќе доведе до драстичен пораст на цената на овој енергенс. Ситуацијата ќе се измени доколку на Русија ѝ се приклучат и другите производители на нафта.

Светските цени на нафтата паѓаат од средината на годинава. Котирањето на основните марки (американската WTI и северноморската Brent) паднаа од 105-110 на помалку од 80 американски долари за барел, што се нема случено од 2012 година. Ваквото намалување на цените (-30%) за руската економија може да значи загуба од 90-200 милијарди американски долари, изјави министерот за финансии на Русија Антон Силуанов. 

Во владата се замислија како може да се поддржи котирањето на нафтата. Една од можните мери е намалување на производството, а ја предложи министерот за енергетика Александар Новак. Сепак, тој забележа дека ваква одлука засега не е донесена.  

Во 2013 година Саудиска Арабија експлоатираа 11.5 милиони барели нафта дневно, Русија 10.8 милиони барели, САД 10 милиони барели. Сите останати производители на нафта експлоатираа неколку пати помалку, некаде околу 3.1-4.2 милиони барели дневно.

„Ова прашање бара темелно разгледување. Нашиот буџет во голема мера зависи од приливот од нафтениот сектор. Ние немаме технологии како во Саудиска Арабија со кои би можеле брзо да ја намалиме или да ја зголемиме експлоатацијата“, објасни министерот. 

Русија е еден од најголемите производители на нафта. Дневниот обем на експлоатација на руската нафта може да се спореди само со обемот на двајца други играчи на светскиот нафтен пазар – Саудиска Арабија и САД. Во 2013 година Саудиска Арабија експлоатираа 11.5 милиони барели нафта дневно, Русија 10.8 милиони барели, САД 10 милиони барели. Сите останати производители на нафта експлоатираа неколку пати помалку, некаде околу 3.1-4.2 милиони барели дневно. 

Сепак, Русија игра на светскиот пазар како независен играч за разлика од Саудиска Арабија, која заедно со уште 11 земји го сочинува картелот ОПЕК. На ОПЕК отпаѓаат 43% од целата светска експлоатација. Акциите на членовите на картелот се согласуваат. Кога треба да се подигне цената тие ја намалуваат својата понуда и обратно. Русија експлоатира три пати помалку одошто земјите-членки на ОПЕК заедно. 

Самостојна игра 

Во играта против Саудиска Арабија, која не сака да ја намали експлоатацијата, Русија сама по себе нема шанси, забележува експертот на Институтот за енергетска стратегија Николај Исаин. Како прво, Русија експлоатира максимум од она што го дозволуваат техничките можности, додека Саудиска Арабија има слободна можност за зголемување на експлоатацијата за 3 милиони барели дневно. За некако да повлијае врз цената на нафтата, Русија треба да ја намали експлоатацијата за минимум 4 милиони барели дневно, односно за повеќе од една третина.  

Русија игра на светскиот пазар како независен играч за разлика од Саудиска Арабија, која заедно со уште 11 земји го сочинува картелот ОПЕК. На ОПЕК отпаѓаат 43% од целата светска експлоатација. Акциите на членовите на картелот се согласуваат. Кога треба да се подигне цената тие ја намалуваат својата понуда и обратно.

Теоретски ваквиот чекор ќе доведе до зголемување на цената за околу 15-25 долари за барел, претпоставува Валериј Полховски од Forex Club. Односно Русија може да ја врати цената што нејзе ѝ одговара од 100 американски долари за барел, која е предвидена во буџетот на земјата за 2015 година. 

Сепак, Русија на овој начин може многу да изгуби. Намалувањето на експлоатацијата ќе доведе до намалување на приходите на руските нафташи и, соодветно на тоа, намалување на приходите во државната каса. 

Освен тоа, Русија ризикува уште да ги изгуби своите традиционални пазари. „Заминувањето на Русија од пазарот со големо задоволство ќе биде дочекано од страна на Иран, на Саудиска Арабија и на другите производители. Како прво, цената ќе порасне, а, како втори, тие ќе можат по тие високи цени да го зголемат обемот на извоз“, вели Полховски. Русија, пак, ќе го изгуби статусот на сигурен снабдувач, со оглед на тоа дека нафтата се испорачува според долгорочни договори. И најважно, враќањето на руската нафта на пазарот ќе биде многу сложено. 

За да се одржи пред картелот, Москва треба да се обедини со другите производители а нафта, забележуваат соговорниците на весникот „Взгљад“. 

Заедно сме посилни 

Цента на нафтата се заканува на руската економија
Економијата на Русија може да падне во 2015 година доколку нафтата падне на 60 американски долари за барел, изјави министерот за финансии Антон Силуанов. Впрочем, според прогнозите на Меѓународната агенција за енергетика, светската побарувачка за нафта продолжува да расте, што, најверојатно, во долгорочна перспектива ќе доведе до пораст на цените на енергетските ресурси.

Наједноставниот начин е обединување во рамките на земјите на ЗНД (кои претходно беа во состав на СССР – заб. ред.). Сепак делот на експлоатација на сите поранешни сојузни републики (освен РФ) не надминува 25% од обемот на руската експлоатација на нафта, затоа нема да се постигне значително влијание врз светскиот пазар, смета Николај Исаин од Институтот за енергетска стратегија. 

Веќе постоеја обиди за создавање алтернатива на ОПЕК. На пример, Шангајската организација за соработка, во која влегуваат Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан, Узбекистан и КНР. Но, нивниот обем на експлоатација на нафта не може да се спореди со оној на ОПЕК. 

На крајот, за да влијае на светската цена на нафтата, Русија треба или да подобри односите со ОПЕК и да стане дел од оваа организација, или навремено и правилно да го искористи расколот во ОПЕК. Некои членови на картелот, како што се Иран, Ирак, Нигерија, Венецуела и Еквадор, се залагаат за што поскоро намалување на експлоатацијата, ОАЕ и Кувајт се против, додека позицијата на највлијателната Саудиска Арабија засега до крај не е јасна. 

„Според неофицијални информации Русија и Саудиска Арабија сега водат одделни преговори кои се однесуваат на заедничките дејствија насочени кон зголемување на цената на нафтата“, изјавува Алексеј Кокин, аналитичар на ФК „Уралсиб“. 

Меѓу другото, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров забележа дека Русија и Саудиска Арабија сметаат дека формирањето на цената треба да биде пазарно. „И ние и нашите саудиски партнери се против тоа врз пазарот да се дејствува според некакви политички замисли“, им изјави Лавров на новинарите како резултат на преговорите со првиот човек на МНР на Саудиска Арабија Сауд ал Фејсал на 21 ноември. 

Следната сесија на ОПЕК е планирана за 27 ноември. 

Врз основа на материјалите на Взгљад и на Газета.ру

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња