Слободна трговија меѓу ЕУ и Русија?

Извор: Алексеј Малгавко / РИА Новости

Извор: Алексеј Малгавко / РИА Новости

Русија одново е подготвена за дијалог: за да ги омекне односите со Европската Унија, РФ потсетува на идејата за формирање на зона за слободна трговија (ЗСТ) – „од Лисабон до Владивосток“. Експертите се обидуваат да разберат кому му одговара формирањето на ЗСТ – на Русија или на ЕУ?

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров се наврати на темата за формирање на зона за слободна трговија (ЗСТ) меѓу ЕУ и ЕАЕС (Русија, Казахстан, Белорусија и Ерменија). Во средината на октомври првиот човек на МНР изјави дека Русија е подготвена да ја продолжи дискусијата за перспективите на овој проект со Европската Унија, со која трговската размена изнесува околу 60%. 

Самата идеја за формирање на зона за слободна трговија (ЗСТ) „од Лисабон до Владивосток“ (како што ја дефинираше претседателот на РФ Владимир Путин) последен пат  беше дискутирана на билатерално ниво уште пред присоединувањето на Крим и воведувањето санкции од страна на Запад – во јануари 2014 година на самитот Русија - ЕУ. ЗСТ самата претставува тип на меѓународна интеграција: во земјите-учеснички се укинуваат царинските давачки, даноци и такси, како и квотите – количествените ограничувања во меѓусебната трговија. Кон разгледувањето на ЗСТ Путин се наврати на крајот на август, откако Украина го потпиша економскиот дел од спогодбата со ЕУ. Тогаш  Еврокомесарот Жозе Мануел Баросо изјави дека доколку Русија ја прифати спогодбата за асоцијација на Европската Унија и Украина, страните ќе се приближат до формирање на ЗСТ. 

Време е

Идејата за формирање зона за слободна трговија меѓу земјите на Евроазискиот сојуз и Европската Унија денес е крајно актуелна, освен тоа, таа има не само економска, туку и сериозна политичка нијанса“, забележуваат претставниците на ЕЕК (Евроазиската економска комисија).  

Ова е логичен потег на руското Министерство за надворешни работи. Затоа што секои преговори за можно формирање на зони за слободна трговија меѓу нашата земја и ЕУ неизбежно ќе ја допрат темата за сегашните активни антируски санкции. Ова може да го намали нивниот негативен притисок врз руската економија во позадина на кој се случува истовремено паѓање на цената на нафтата. 

Дмитриј Лукашов

аналитичар на IFC Markets

„Активноста во таа насока може да биде поврзана со желбата на РФ да ги омекне меѓусебните позиции во однос на санкциите: изјавите на Лавров можат да се примат како чекор напред со кој може да почне ублажувањето на заемната реторика“, изјави за RBTH  директорот на ГК „Алор“ Сергеј Хестанов. 

„Во случај на формирање на зона за слободна трговија со Европската Унија од процесот на преговори се исклучуваат други земји, а во прв ред САД“, изјави аналитичарот на IFC Markets Дмитриј Лукашов. 

Освен тоа, со таквиот потег Москва дава сигнал дека во нејзините планови не влегува раскинувањето на економските врски со ЕУ. Русија покажува дека може да ги признае сите овие санкции како недоразбирање доколку благовремено се укинат ограничувањата. 

„Ова е логичен потег на руското Министерство за надворешни работи. Затоа што секои преговори за можно формирање на зони за слободна трговија меѓу нашата земја и ЕУ неизбежно ќе ја допрат темата за сегашните активни антируски санкции. Ова може да го намали нивниот негативен притисок врз руската економија во позадина на кој се случува истовремено паѓање на цената на нафтата“, изјави Дмитриј Лукашов. 

Плусови и минуси 

Формирањето зона за слободна трговија меѓу Русија и земјите на ЕУ треба да ги симне царинските бариери за домашното производство, што ќе се одрази поволно врз конкурентноста  на руските стоки и услуги во странство. Тоа може да стане гаранција за растот на економијата на Русија и зголемување на нивото на приход на населението, наведува првиот потпретседател на руската невладина организација „Руски клуб на финансиски директори“ Тамара Касјанова. 

Од друга страна, руските компании, ориентирани кон домашниот пазар, можеби нема да се справат со зголемената конкуренција од страна на странските играчи.  

„Руското земјоделство ќе се судри со жестоката конкуренција од европските производители која ќе можат да ја победат само со помош на државни субвенции“, смета Хестанов. 

„Русија не се оградува од надворешниот свет и не ги кине деловните врски“
За тоа, во кои гранки руската економија очекува странски инвеститори и што се подготвени властите во земјата да им предложат, во ексклузивно интервју за „Руска реч на македонски“ зборува министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев, во минатото еден од авторите на либералните реформи во Русија во почетокот на 1990 години.

Увозното  производство е поевтино, благодарение на огромните субвенции кои ЕУ им ги дава на своите фармери (неколкупати помали отколку во Русија), и со несразмерно пониски каматни стапки на кредитите. 

На ЕУ формирањето на зона за слободна трговија со Русија и ЕЕС ѝ одговара уште повеќе. „Економиите на многу земји од ЕУ се сè уште далеку од индексите пред кризата. Начин на надминување на оваа ситуација веднаш може да стане зголемувањето на трговската размена на фирмите за сметка на растот на продажбата на рускиот пазар“, изјави Тамара Касјанова. 

Притоа таквото партнерство ќе им даде дури и поголеми олеснувања на европските производители отколку на руските, истакнува Дмитриј Лукашов. Како прво, отворањето на границите веднаш ќе го забави процесот на замена на увозот во Русија. Како второ, 85% од рускиот извоз се минералните суровини, вклучувајќи ги јагленоводородите, а за нив има одлична побарувачка на светскиот пазар и без некакви СТО и ЗСТ. Европската Унија пак, напротив, ќе испорачува готови производи кои ќе конкурираат на азиските и американските стоки. 

„Во времињата пред кризата, обединувањето со Европската Унија ќе беше многу поповолно за РФ, убеден е првиот човек на ГК „Алор“ господин Хестанов. – Руските „црни“ металурзи и претставници на нафтено-хемиската индустрија се судираа со ограничувања за извоз во ЕУ и со царини“. Денес, кога цените на производството на црната металургија се намалија во огромна мера, актуелноста на обединувањето со ЕУ значително се намали, смета експертот. 

Според материјалите на „Взгљад„ и „Комерсант„. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња