Извор: DPA / Vostock Photo
Како замена на доставувачите на прехранбените производи кои влегоа во рускиот список на антисанкции, на рускиот пазар најмногу дојдоа компании од Србија, Грузија, Ерменија и од земјите на Латинска Америка. Имено тие станаа бенефицијари на руската забрана на испорака на прехранбени производи во Русија од земјите кои воведоа санкции против неа. Ова го покажува анализата на Федералната царинска служба на Русија, соопштува рускиот бизнис-весник „РБК-Daily“. Списокот на производи кои се забранети за увоз во Русија во текот на една година беше објавен на 7 август. Во него влегоа производи од САД, Канада, Европската Унија, Норвешка и од Австралија: месо, риба, млеко, сувомесни производи, зеленчук, овошје, јатки и други видови прехранбени производи.
Нови доставувачи
„Клучните бенефицијари на 'забраната за испорака на прехранбени производи' – Турција, Ерменија, Грузија и земјите на Латинска Америка. Не треба да се заборава за домашните производители кои сега ја активираа инвестициската политика за да успеат да ги зафатат ослободените пазарни места“, вели Алексеј Козлов, главен аналитичар на UFS IC. Според него, во целост слични производи за поголемиот дел од позициите се нашле, но за тоа требало да се плати со цена за еднократно купување и, како последица, со зголемени цени. Според аналитичарот на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“ Антон Сороко, земји кои добија корист од воведувањето санкции против Русија се Турција, Израел, земјите од Африка, Јужна и Централна Америка, од Нов Зеланд. „Основни бенефицијари од забраната за увоз на прехранбени производи во Русија од земјите на ЕУ и од САД исто така се и руските производители на прехранбени производи. Сепак, производителите од Русија не можат во полн обем да ги заменат испразнетите обеми на увозното производство“, вели експертот.
Според податоците од Федералната царинска служба, калифорниската пастрмка од Финска и од Норвешка е заменета со производи од Русија, замрзнатото говедско од Австралија е заменето со уругвајско. Една од најголемите компании за трговија на големо „Океј“ заклучи договор за директна испорака на овошје и зеленчук од Турција. Според податоците на Федералната царинска служба, не можело да се најде замена на бобинките од Полска, Грција, Шпанија и од Холандија, на аспарагусот од Белгија и од Франција, а исто така и на канадските ладноводните ракчиња. „За нас санкциите изменија многу малку, увозот на свинско дефакто е под ветеринарна забрана од март, и од март се забележува пораст на цените. Според обемот на продажбата во тонажа невозможно е во нашиот сектор нагло да порасне продажбата: тоа е „жив“ производ со свои рокови за зголемување на килажата, за обрт“, вели за „Руска реч на македонски“ Александар Костиков, претставник на групата „Черкизово“, еден од најголемите руски играчи во областа на сточарството.
Список на настрадани
Во целост, според податоците на Федералната царинска служба, според резултатите за август испораката на производи и суровина за нивно производство од земјите во странство е намалена за 7.5% според цената во споредба со истиот период во 2013 година. Увозот на млечни производи е намален за 57%, на свинското за 45%, на зеленчук за 39%. Единствен производ од списокот на санкции кој покажа пораст на испорака е говедското: во август било увезено 46% повеќе.
Според истражувањето на Центарот за меѓународна трговија (Москва), делот на земјите кои се влезени во списокот на ембарго според целокупниот увоз на производи изнесува нешто повеќе од 37%, од кои 30% се однесуваат на земјите од ЕУ. На САД отпаднаа 4% од испораките, на Канада 2%, а на Австралија и на Норвешка по 1%. Вкупната бројка на потенцијални загуби за сите земји е оценета на 8.3 милијарди американски долари. Според податоците од анализата, загубите на земјите-членки на ЕУ можат да изнесуваат 6.9 милијарди американски долари. Најголеми загуби може да претрпи Полска, каде што трговскиот дефицит, земајќи ги предвид санкциите, може да порасне на 52%. По Полска следува Литванија, каде испораката на рускиот пазар изнесуваше 4% од целокупниот извоз. Како резултат на влошувањето салдото на нејзиниот трговски биланс може да изнесува 47% (до 3.8 милијарди американски долари). Тројката на најголеми земји-губитници од ембаргото ја затвора Финска, каде веројатното намалување на трговскиот биланс ќе изнесува 12% (до 3.4 милијарди американски долари). Притоа во паричен показател најголема загуба ќе претрпат производителите на сирења и на свинско, се вели во анализата на Центарот за меѓународна трговија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче