Украина ќе купува повеќе јаглен од Русија

Евгенија Епанчинцев. Извор: РИА Новости

Евгенија Епанчинцев. Извор: РИА Новости

Украинските приватни и државни компании ќе купат 5.6 милиони тони јаглен од Русија. Според податоците на руските експерти, без оглед на надворешнополитичкиот конфликт, украинските и руските претпријатија ги зачувуваат своите односи, а обртот на стоки помеѓу земјите речиси не е изменет.

Државните и приватните претпријатија од Украина потпишаа спогодба за испорака на 5.6 милиони тони увозен јаглен до крајот на годината, изјави министерот за енергетика Јуриј Продан на проширеното заседание на владата на Украина, соопштува ИТАР-ТАСС. Според министерот, купувањето јаглен од Русија е принудна мера, со оглед на тоа дека потребната марка ја има само во Русија и во некои други земји, вклучувајќи ја и ЈАР. Компанијата ДТЕК на украинскиот бизнисмен Ринат Ахметов реши да увезе 600 илјади тони јаглен од Русија. Поради конфликтот на југоистокот од Украина, земјата чувствува голем недостиг на јаглен, кој земјата минатата година го извезуваше во Русија. За споредба во 2013 година во Украина биле произведени 82 милиони тони јаглен, од кои 70% отпаѓа на енергетски, а останатото на кокс. 

Обемот останува 

Според анализите на Европската комисија, во првите шест месеци од 2014 година извозот на украински стоки во Русија паднал за 24.5% во споредба со минатата година. Притоа загубите од намалувањето на извозот во Русија изнесуваат 592 милиони американски долари. Сепак, како што се вели во анализата, во истото време Украина успеала да го зголеми извозот во Европската Унија за 587 милиони американски долари, и тоа најмногу од извоз на украинска стока во Полска, Литванија, Италија и во Латвија. 

Русија се договори со Украина за гасот
Украинските приватни и државни компании ќе купат 5.6 милиони тони јаглен од Русија. Според податоците на руските експерти, без оглед на надворешнополитичкиот конфликт, украинските и руските претпријатија ги зачувуваат своите односи, а обртот на стоки помеѓу земјите речиси не е изменет.

Сепак, во анализата на Европската комисија не е укажан обемот на рускиот извоз во Украина. Според руските експерти, украинскиот увоз од Русија постојано расте, за разлика од извозот. „Во првите 8 месеци од 2014 година обртот на стоки на Русија со Украина практично не е изменет, а притоа обртот на стоки на Русија со Казахстан за истиот период е намален за 15%. Сепак, изменета е структурата на билансот со Украина: извозот од Русија за Украина е пораснат, а извозот од Украина за Русија е паднат. Ова, меѓу другото, се случува и поради административните ограничувања за испораките на прехранбени производи“, вели Александар Кнобељ, директор на Центарот за истражување на меѓународната трговија на Руската академија за народно стопанство и државна служба. Според него, многу премини на руско-украинската граница се затворени, цел дел од границата не се контролира од страна на царината, но останатите премини овозможија да се зачува обртот на стока. Од Русија расте увозот на сите групи стоки (доколку не се смета гасот), меѓу кои и на прехранбените производи, производите на машиноградба, стоките од хемиската индустрија и фармацијата, уверен е Кнобељ. 

Влијанието на конфликтот 

Воените дејствија на југоистокот од Украина доведоа до разурнување на рудниците за јаглен и на железницата, а исто така и до дефицит на јаглен во земјата. Во Украина, според податоците на Државната служба за статистика, во август 2014 година во споредба со август минатата година намален е ископот на јаглен за 59.5%, што во бројки значи за 2.2 милиони тони месечно. Притоа во текот на месецот производството се намалило за 44%, а во периодот од јануари до август за 14.2%, односно 35.2 милиони тони. Од друга страна, недостигот на суровини за работа на електраните кои ги снабдуваат претпријатијата на Украина, доведува до намалување на порастот на индустријата во земјата. Како резултат на тоа, индустриското производство во август 2014 година го забрзало падот за 21.4% во споредба со истиот период од 2013 година. 

Сепак, експертите засега не сакаат да прават долгорочни заклучоци. „Сега секако дека не треба да се зборува за тоа дека економските и трговските врски помеѓу РФ и Украина ќе останат на исто ниво – набавката на јаглен е невообичаен настан, зашто доколку Киев има можност, тие би престанале и со купувањето на рускиот гас“, вели Антон Сороко, аналитичар на инвестицискиот холдинг ФИНАМ. Според него, јагленот на Украина ѝ е потребен за исполнувањето на елементарните обврски пред сопственото население, со оглед на тоа што претстои грејната сезона, а резерви на енергетските ресурси катастрофално недостасуваат. 

„Безусловно, обртот на стоки помеѓу Украина и Русија во текот на последниве месеци значително е намален и ја има изменето својата структура, но тоа не значи дека трговските врски помеѓу двете земји се во целост преминати“, вели главниот аналитичар на UFS IC Алексеј Козлов. Според него, како и претходно голем дел од вкупниот обрт отпаѓа на јаглеводородите, на производството на металуршкиот сектор, а исто така и на прехранбените производи, кои, како и претходно, можат да се најдат на полиците на руските продавници. „Како што покажува практиката, во иднина двете страни ќе ги зачуваат, па дури и по извесно време, ќе ги зголемат меѓусебните трговски врски, без оглед на тешките денови во односите помеѓу Русија и Украина“, додава експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња