Бундесвер: безбедноста во Европа невозможна без соработка со Русија

Безбедноста и просперитетот во Европа во иднина не може да се обезбеди без сигурна соработка со Русија, се вели во новото издание на Белата книга на Бундесверот.

Владата на Германија во средата ја потврди предложената од министерот за одбрана Урсула фон дер Лаен нова верзија на таканаречената Бела книга, во која е изложен концептот на безбедносната политика на Германија и развојот на нејзините Вооружени сили во наредните години, пренесува РИА „Новости“.

„Во комуникацијата со Русија е уште поважно сегашното комбинирање на колективната безбедност и конструирањето строгост од една страна и заедничките пристапи кон обезбедувањето на безбедноста и секторалната соработка од друга страна“, се истакнува во Белата книга.

Германија првпат по 2006 година го обнови упатството за политиката на национална безбедност. Претходно медиумите соопштија дека во новата верзија Русија ќе биде ставена во делот за соперници и вклучена во топ-10 глобални закани. Сепак шефицата на Бундесверот изјави дека формулациите „противник“ или „соперник“ во однос на Русија во новата Бела книга не фигурираат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња