Светската банка објави раст на руската економија

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Светската банка подготви три варијанти за развојот на руската економија, во зависност од развојот на надворешнополитичката ситуација. Во секој случај, без оглед на политичката ситуација, во 2014 година порастот на БДП ќе изнесува околу 0.5% сметаат во банката. Тоа значи дека Русија оваа година ќе успее да ја избегне рецесијата.

Според резултатите за 2014 година руската економија ќе порасне за 0.5%, независно од развојот на надворешнополитичката ситуација, се вели во анализата на Светската банка. На тој начин, оваа година Русија ќе успее да ја избегне рецесијата. Сепак, понатамошниот развој зависи од намалувањето или од зголемувањето на затегнатоста помеѓу Русија и западните земји. Како резултат на тоа Светската банка подготви три варијанти за развојот на руската економија. Основното сценарио претпоставува дека при отсуство на измени БДП ќе расте и во следната година, но дека порастот ќе биде минимален – 0.3 – 0.4% до 2015 и во 2016 година. Од друга страна, според оптимистичкото сценарио, економијата на Русија може да се забрза до 0.9% во 2015 година и до 1.3 во 2016 година, доколку геополитичката затегнатост се олабави и доколку санкциите бидат симнати до крајот на 2014 година. Песимистичкото сценарио претпоставува зајакнување на санкциите и поврзано со тоа паѓање на БДП на 0,9% во 2015 година и на 0.4 за 2016 година. 

Можни грешки 

Зошто Русија ја диверзифицира испораката на гас
Веќе во ноември рускиот „Гаспром“ планира да потпише договор за испорака на руски гас во Кина преку уште една – западна траса и со самото тоа во перспектива да ја удвои испораката на гас. Притоа руската страна одбива да ја зголеми испораката до европските потрошувачи.

Според мислењето на експертите, порастот на БДП за 0.5% е сосема веројатно сценарио. „Половина процент е големина која може да се смета за статистичка грешка при прогнозирањето. Во целина, забавувањето на темпото на пораст трае во последниве неколку години: денешната надворешнополитичка ситуација само го намали овој тренд. Еден од клучните фактори кој влијае на забавувањето на економијата е намалувањето на темпото на пораст на паричната понуда. Тешко е да се добијат високи темпа на пораст кога паричниот прилив не се зголемува со потребното темпо“, вели Константин Коришченко, шеф на катедрата за пазари на акции од вредност и финансиски инженеринг при Руската академија за народно стопанство и државна служба. Според него, во голема мера, ова е поврзано со показателите за платежниот биланс. До 2008 година основен извор за понудата на пари во економијата беше високото салдо на тековниот биланс, а исто така и приливот на капитал. Сега ситуацијата е спротивна, се забележува значителен одлив на капитал, така што трговскиот биланс суштински не ја подобрува сликата, уверува Коришченко.

Згора на тоа, според мислењето на аналитичарот на „Инвесткафе“ Тимур Нигматулин, динамиката на рускиот БДП во принцип е тешко да се прогнозира со точност поголема 1-2 процентни точки, со оглед на тоа колку силен ефект даваат нафтените котации за сметка на нивниот ефект врз салдото на трговскиот биланс, сложеноста за оценка на сивата економија и на државните расходи. „Прогнозата на Светската банка се наоѓа во рамките на грешката, но јас кон неа би се однесувал со определена доза на скепса“, смета експертот. 

Две сценарија 

Во секој случај, согласно анализата на Светската банка, геополитичката стабилност за пораст на руската економија е недоволна. „Можно е руската економија да е блиска кон достигнувањето на нивото на потенцијалното производство“, се вели во анализата. Во 2013 година експертите на ММФ веќе предупредија дека руската економија се приближува кон својот реален обем на производство. 

Девалвацијата на рубљата и санкциите доведоа до пораст
И покрај стагнацијата на бруто домашен производ, во Русија се забележува необичен пораст на индустриската активност. Според стручњаците ова е главно последица на „меката“ девалвација на рубљата во 2014 година и на поддршката што државата ја дава на преработувачката индустрија во рамките на програмата за замена на увозот со домашно производство, чија реализација беше само забрзана со воведувањето на санкциите од страна на Европската Унија и на САД.

Денес реалните перспективи на руската економија можат да се согласат со две сценарија, смета Алексеј Баксаков, раководител на одделот за оценка на АКГ „ФинЕкспертиза“. Според него, првото сценарио претпоставува омекнување на претходно воведените санкции, по кои следува пораст на пазарот и активно отпочнување на одложените инвестициски програми во индустријата. „Во тој случај порастот на економијата на Русија во 2014 година веќе може да изнесува 0.7-0.8% и повеќе, а најверојатно би го достигнал показателот од 1-1.2%“, вели Баксаков. Од друга страна второто сценарио, според него, предвидува понатамошна експлоатација на конфликтот и замрзнување на затегнатоста – тогаш показателот за 2014 година, најверојатно, ќе изнесува 0.3-0.5%, а потоа економскиот пораст може да има и негативен показател. 

Впрочем, според аналитичарот на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“ Антон Сороко, може да се каже дека најнегативните прогнози кои беа предвидени во моментот од почетокот на украинската криза, не се остварија. „Сепак БДП на РФ ќе порасне, па макар и за симболични 0.5%, а според резултатите за 2015 година сосема е можно да се остварат предвидените 0.8-1.0% според оптимистичкото сценарио“, вели тој. 

Без оглед на санкциите, интеграцијата на руската економија во глобалната економија останува на не многу високо ниво, смета главниот аналитичар на UFS IC Алексеј Козлов. Згора на тоа, според него, треба да се земе предвид дека ограничувањата за увоз на прехранбени производи од ЕУ и од САД воведени од страна на Русија и замената на увозот која е поврзана со тоа, можат да го стимулираат порастот на активностите на руските производители на прехранбени производи и на сличните гранки. Според податоците на Федералната служба за државна статистика, индустриското производство за првото полугодие веќе порасна за 1.5%. Некои гранки растат поактивно од други. На пример, производството на бродови, на летачки и на космички апарати и на други транспортни средства е зголемено за 26.9%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња