Песков ги демантира информациите за наводната ќерка на Путин

„Кој е ќерка на Путин не можам да ви кажам, зашто не располагам со таква информација и не треба да располагам, затоа што тоа не спаѓа во моите службени обврски“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков ги демантираше соопштенијата на агенцијата „Ројтерс“ за наводна ќерка на Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.  

Претходно агенцијата „Ројтерс“ објави вест повикувајќи се на наводен Акимов, споменат во текстот како заменик-претседател на „Гаспромбанк“, кој тврди дека раководителот на научната организација „Иннопрактика“ Катерина Тихонова е наводно ќерка на рускиот претседател.

„Тоа можам да го демантирам“, изјави во вторникот Песков.

„Веќе го видов демантот на Акимов кој изјавува дека е апсолутно изненаден од таа информација на „Ројтерс“ и дека никогаш не кажал такво нешто“, потенцираше портпаролот. Истовремено, одговарајќи на прашање за ќерките на Путин, Песков потенцираше дека не располага со никакви информации за нив и дека тоа не спаѓа во неговите службени обврски.

„Кој е ќерка на Путин не можам да ви кажам, зашто не располагам со таква информација и не треба да располагам, затоа што тоа не спаѓа во моите службени обврски“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња