Девалвацијата на рубљата и санкциите доведоа до пораст

Подобри показатаели пред сѐ има кај компаниите од сферата на машиноградбата и на металургијата. Извор: РИА „Новости“

Подобри показатаели пред сѐ има кај компаниите од сферата на машиноградбата и на металургијата. Извор: РИА „Новости“

И покрај стагнацијата на бруто домашен производ, во Русија се забележува необичен пораст на индустриската активност. Според стручњаците ова е главно последица на „меката“ девалвација на рубљата во 2014 година и на поддршката што државата ја дава на преработувачката индустрија во рамките на програмата за замена на увозот со домашно производство, чија реализација беше само забрзана со воведувањето на санкциите од страна на Европската Унија и на САД.

И покрај стагнацијата на бруто домашен производ, во Русија се забележува необичен пораст на индустриската активност. Без оглед на тоа што истражувањата на банката НЅВС и на институтот за економска политика „Егор Гајдар“, во Русија веќе трет месец по ред се бележи пораст на индустриското производство. „Во согласност со постоечката побарувачка на стока, засега бележиме позитивна динамика на индустриското производство, без оглед на општата економска ситуација и на прогнозите на стручњаците“, се наведува во истражувањето на институтот „Егор Гајдар“.

Список на лидери 

Показателите пред сè ги подобрија компаниите од сферата на машиноградбата и на металургијата, кои го зголемија својот удел на домашниот пазар по забраната за увоз на стока од Украина, наведуваат авторите на истражувањето. Освен тоа, во август 2014 година ним им се придружија и производителите од сферата на прехранбената индустрија, која исто така се потпира на замената на увозната стока со домашни производи. Но, замената на увозот не можеше да даде ефект веќе во јуни 2014 година, туку, според податоците на аналитичарите, економскиот пораст е последица на настаните од февруари-март 2014, односно на „меката“ девалвација на рубљата, до која дојде на почетокот на годинава.  

Производителите на прехранбени производи денес имаат голема добивка поради наглото намалување на понудата на слични производи од увоз, кои претходно им беа сериозна конкуренција“, додава Сороко.

Антон Сороко

аналитичар на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“

Според главниот аналитичар на инвестициската компанија UFS Алексеј Козлов, врз основа на показателите од август може да се заклучи дека постојат неколку причини за пораст на индустриското производство во Русија. „Првата причина е зголемувањето на побарувачката за производи од металургијата по забраната за увоз од Украина“, наведува аналитичарот. Освен тоа, според него, побарувачката за метали и за други производи од металургијата е поврзана со реализацијата на проектот за изградба на гасоводи, меѓу другото, на „Јужен тек“ до Европа и на „Силата на Сибир“ до Кина. „Втората причина е зголемувањето на државните нарачки на полето на воената индустрија“, смета Козлов. Како трета причина тој го наведува порастот на производството во рамките на прехранбената индустрија и на земјоделството поради неопходната замена на увозот со домашни производи. 

Како што тврди началникот на одделот за аналитика на инвестициската компанија „РУСС-ИНВЕСТ“ Дмитриј Беденков, до пораст на производството дошло благодарение на гранките на преработувачката индустрија. „Така во текот на 7 месеци од 2014 година економскиот пораст во овие гранки изнесува 2.6% во однос на 0.8% во гранките на екстрактивната индустрија“, објаснува стручњакот. Според аналитичарот на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“ Антон Сороко, најголемиот поттик за преработувачката индустрија е девалвацијата на рубљата од почетокот на оваа година, како и зголемувањето на извозот за Кина. „Производителите на прехранбени производи денес имаат голема добивка поради наглото намалување на понудата на слични производи од увоз, кои претходно им беа сериозна конкуренција“, додава Сороко.

Стабилен пораст

Колку се критични за Русија новите санкции на ЕУ и САД?
Европската Унија на 12 септември воведе против Русија нов, веќе четврти по ред, пакет санкции. Соодветниот документ е објавен во Службениот весник на Европската Унија. Новите рестрикции се однесуваат на руските државни нафтени компании, големите банки, претпријатијата од одбранбениот комплекс, исто така проширен е и списокот со санкции за физички лица. Но во суштина, новиот пакет ги затегнува веќе претходнововедените забрани. Руските берзи реагираа со мал пад. Инвеститорите се притаија во очекување на возвратниот потег на Русија.

Индексот на економскиот пораст во периодот од јануари до јули 2014 година изнесува 101.5% во однос на истиот период минатата година, при што во Русија порастот пред сè се забележува во преработувачката индустрија, објаснува Ољга Изрјаднова, водечки научен соработник на центарот за макроекономски истражувања при Институтот за применети економски истражувања на Руската академија за народно стопанство и државна администрација (РАНХиГС). Според неа, производството на стока за широка потрошувачка е зголемено за 3.3%, на патничките вагони за 5.7%, а на товарните за 12.7%. Производството на текстил и облека е зголемено за 6%, а производството на електронски компоненти за телекомуникациски уреди за 17.6%. 

Но, порастот на производството е забележан само во помал број стопански гранки. „Меѓу гранките кои имаат застој, кои оневозможија бруто домашниот производ да забележи пораст во вториот квартал на 2014 година, можеме да ја издвоиме сферата на услужните дејности и финансиите. Масовното укинување на лиценците на банките, нестабилноста на рубљата и зголемените геополитички ризици негативно се одразија на дејноста на финансиските институции“, објаснува Алексеј Козлов. Според Ољга Изрјаднаја, намалувањето на побарувачката за фосилни горива од Русија исто така негативно влијаеше на порастот на руската економија. „Намалувањето на извозот на суровини и на нивните преработки, кои традиционално се многу барани, како и намалувањето на обемот на работата во градежно-инвестициската сфера, негативно се одрази врз движењето на економските параметри“, објаснува Изрјаднова. Покрај тоа, производството на патнички автомобили во периодот од јануари до јули 2014 година забележа пад од 0.7%, а на товарните возила од 21.1%. 

Всушност, како што истакнуваат стручњаците, ако порастот на економското производство продолжи, според годишните показатели тоа може да ги надмине дури и прогнозите на Министерството за економија од 1.7% годишно. Според истражувањата на институтот „Егор Гајдар“, доколку околностите бидат поволни, руската индустрија би можела да го одржи порастот до првиот-вториот квартал од 2015 година, кога замената на увозот со домашно производство во сферата на прехранбените производи предизвикана од забраната за увоз на храна од ЕУ и од САД, ќе даде позитивен ефект. На овој начин руската економија би можела да излезе од стагнација. Но, според Антон Сороко, конфронтацијата со западните земји во секој случај во краткорочна перспектива негативно ќе се одразат на темпото на порастот на руската економија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња