Саркози во интервју за РТ истакна дека Русија си ја повратила улогата на клучен фактор и зазема значајна позиција, меѓу другото благодарение и на авторитетот на нејзиниот претседател Владимир Путин.
Поранешниот француски претседател исто така е убеден и дека санкциите против Русија треба да бидат укинати, меѓутоа првиот чекор треба да го направи Москва, затоа што Русија е силна земја.
„Јас сум меѓу оние кои сметаат дека треба да се укинат санкциите – ние и без тоа имаме доволно проблеми. Ние не можеме да си дозволиме да страдаме, а најсилниот треба да подаде рака прв“, изјави Саркози.
„Најсилниот – тоа е Русија, тоа е претседателот Путин“, додаде тој.
Никола Саркози е убеден дека денес Русија повторно го има заземено своето место на дипломатската карта на светот и дека е тешко да се оспори големиот авторитет што го има претседателот на РФ Владимир Путин.
„Русија е најголемата земја во светот. Многу луѓе си помислија во 1990 година дека Русија сега е пречкртана на дипломатската карта на светот. Во 2016 година веќе никој не мисли така. Русија повторно си го зазеде своето место“, рече Саркози, говорејќи на Петербуршкиот меѓународен економски форум.
Според него, високата позиција обврзува и преземање зголемена одговорност. „Авторитетот на господинот Путин никој не го негира, неговото место никој не го негира во целиот свет. Русија треба да го заземе местото каде што треба да биде“, истакна поранешниот лидер на Франција.
Претходно во Константиновскиот дворец во Санкт Петербург се одржа средба меѓу Владимир Путин и Никола Саркози на која беа дискутирани прашања поврзани со меѓународната политика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче