На европските инвеститори им е особено забрането директно или индиректно да извршуваат операции со вредносните или со должничките инструменти на најголемите руски државни банки: Сбербанк, Росселхозбанк, ВТБ, Гаспромбанк и ВЕБ, а исто така и да им предаваат на руските играчи технологии за добивање нафта. Извор: ИТАР-ТАСС.
Два списока
Новите европски санкции за Русија се воведуваат во две етапи. На 30 јули беше објавена првата етапа преку список на физички и правни лица чии активи во Европа ќе бидат замрзнати. Според мислењето на официјални лица од Европската комисија, лицата од овие списоци се одговорни за интеграцијата на Крим во состав на Русија. Доколку зборуваме конкретно, на списокот се најде корпорацијата Алмаз-Антеј која произведува средства за противвоздушна одбрана за заштита на полуостровот, нискотарифната компанија Добролет која лета од Москва во Симферпол на Крим, а исто така и Руската национална комерцијална банка која стана најголем играч на кримскиот финансиски пазар. На европските инвеститори им е особено забрането директно или индиректно да извршуваат операции со вредносните или со должничките инструменти на најголемите руски државни банки: Сбербанк, Росселхозбанк, ВТБ, Гаспромбанк и ВЕБ, а исто така и да им предаваат на руските играчи технологии за добивање нафта. Под забрана е ставена и продажбата на опрема за дупчење, кули за дупчење, нафтени пумпи и пливачки платформи за дупчење.
Според стручњаците засега е тешко да се оцени нивото на штета од новите санкции за руската економија. „Можностите за финансирање на странските пазари несомнено се важен аспект од економските односи, иако нивото на долгот кон бруто домашниот производ изнесува само 40%“, вели Дмитриј Беденков, раководител на аналитичкото одделение на ИК РУСС-ИНВЕСТ. Според него, овој показател го одржува постоењето внатрешни резерви. Вкупниот обем на девизни резерви на руската Централна банка за почетокот на август 2014 достигна 480 милијарди долари. Сепак, според Вадим Ведерников, директор на одделот за аналитика и ризик на менаџментот на компанијата UFS IC, новиот бран санкции може да го забави порастот на БДП за сметка на одливот на капитал и на намалување на странските инвестиции. Но, како што истакнува стручњакот, за сметка на замената на увезените производи со домашни, ќе започне да расте делот на внатрешната побарувачка. Според Тимур Нигматулин, аналитичар на Инвесткафе, за една до две години влијанието на санкциите ќе биде изразено во пораст на вредноста на заемите за руските компании. Особено ќе биде сложено да се вложат еврообврзници, а во голем број случаи тоа ќе биде и невозможно. Ова преку намалувањето на инвестициите на компаниите во основниот капитал ќе доведе до забавување на растот на економијата на Русија. „Мислам дека моменталното ниво на санкциите во среднорочна перспектива ќе доведе до забавување на економијата на Русија за околу 0.3% на годишно ниво“, смета стручњакот.
Долгорочно влијание
За големите руски компании вредноста на заемите во западните држави и во Кина е речиси еднаква. Особено компанијата Роснефт за купување дел во заедничката компанија ТНК-ВР доби синдициран кредит во западните банки за околу 3% годишно, а ист таков кредит кај кинеските банки за испорака на нафта во Кина чини 3% годишно. Освен тоа, воведените санкции на Европската унија не се однесуваат на швајцарските банки, што значи дека банките од оваа држава можат и понатаму да ги финансираат руските кредитни институции. Но, како што истакнува Антон Сороко, аналитичар на инвестицискиот холдинг ФИНАМ, обемот на најголемиот преостанат пазар – азискиот финансиски пазар – не може да се спореди со американскиот и со европскиот. Токму затоа обемот на потребните средства во опаѓање најверојатно ќе се компензира во поголема или во помала мера за сметка на Централната банка. „Санкциите врз Сбербанк ќе направат дополнителен товар врз Централната банка поради тоа што азискиот пазар на должнички капитал во следниве две години нема да биде во состојба да го замени рефинансирањето на пазарите на капитал во САД и во Европа“, се согласува Вадим Ведерников. Според пресметките на Централната банка, во 2014 година банките што се под санкции би требало да добијат 6-7 милијарди долари во 2014 и 10-15 милијарди долари во 2015 година. Со овие ресурси може да ги обезбеди Централната банка.
Повеќе за санкциите
„Добролет“ е првата руска авиокомпанија која почувствува последици од европските санкции
Според стручњаците, посериозни се санкциите за ограничување на испораките на технологија за добивање нафта во длабоките континентални гребени. Ова значи дека руските проекти за добивање нафта на Арктикот можат да бидат замрзнати. Во Азија засега не постои технологија за длабинско дупчење, а во Русија е во почетен стадиум. „Негативно влијание може да имаат можните тешкотии за увоз на технологии. Сепак, засега е рано да се оцени колку ова може да биде штетно, вклучувајќи и важни проекти во енергетската сфера на стратешки план“, вели Дмитриј Беденков.
Но, според стручњаците, новите санкции не се однесуваат на технологиите за кондензиран гас, односно за руските проекти за изградба на фабрика за кондензиран природен гас нема да настрада. Конкретно, во големиот проект Јамал СПГ францускиот Тотал е главен партнер на руската компанија Новатек. Проектот предвидува изградба на фабрика за производство на кондензиран природен гас со капацитет од 16.5 милиони тони годишно на северот од Русија. Компанијата Тотал веќе изрази загриженост во врска со новите санкции, па дури и запре со купување на акции на Новатек. Но, во секој случај ќе остане главен акционер во руската компанија. Нејзе ѝ припаѓаат 18% од акциите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче