Купувањето на хрватската компанија ИНА ќе му помогне на Јужен тек

Извор: Getty Images / Fotobank

Извор: Getty Images / Fotobank

„Гаспром нефт“ фирмата-ќерка на рускиот гигант Гаспром, постигна договор за купување на акции од унгарската компанија МOL во хрватската нафтена компанија ИНА, јавуваат хрватските медиуми. Според мислењето на руските експерти, оваа трансакција ќе помогне на проектот за гасоводот Јужен тек, а воедно ќе ѝ овозможи на Хрватска да ја зголеми експлоатацијата и преработката на нафта.

Полза од купувањето 

Кон средината на месецов првиот човек на Гаспром Алексеј Милер во рамките на својата посета на Загреб разговараше со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со премиерот Зоран Миловановиќ. Според информациите на агенцијата Bloomberg, разговорот се однесувал на можната изградба на крак од гасоводот Јужен тек во Хрватска, како и за учество на Гаспром на тендерот за индустријализација на нови наоѓалишта. Освен тоа, хрватскиот „Нови лист“ јавува дека воедно е постигнат договор за влез на фирмата-ќерка на Гаспром – Гаспром нефт во капиталот на хрватската компанија ИНА. 

Голема поддршка за Јужен тек
Учеството на Австрија во изградбата на гасоводот Јужен тек од Русија во Европа доведе до тоа што проектот го поддржаа и други европски земји. Во рамките на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Балканот, поддршка на проектот дадоа и Словенија и Србија.

„Унгарската нафтена компанија MOL уште во ноември 2013 година изрази желба да ги продаде своите 49.1% од капиталот во хрватската нафтена компанија ИНА. Гаспром официјално е заинтересиран за експлоатација на нафта и гас во хрватскиот дел од јадранскиот брег и во континенталниот дел на земјата“, објаснува Вадим Ведјорников, заменик-директор на одделот за аналитика и менаџмент на ризици на инвестициската компанија UFS. Според него, купувањето на 49.1% од хрватската државна нафтена компанија (владата на Хрватска има 44.84%, а другите им припаѓаат на приватни инвеститори.) ја зголемува веројатноста за успешна реализација на Јужен тек. Како што истакнува експертот, сегашната траса на гасоводот Јужен тек подразбира таа од Србија да излезе на територијата на Унгарија и понатаму да оди кон Австрија. Но, ваквиот голем удел на Гаспром во хрватската компанија ИНА може да влијае територијата на пласманот на гасот да се прошири, па дури и да се изгради алтернативна траса на гасоводот преку територијата на Хрватска, доколку има некакви проблеми со реализацијата на проектот преку Унгарија.

Русија и Хрватска во март 2010 година веќе потпишаа меѓувладина спогодба која предвидува вклучување на Хрватска во проектот. Јужен тек подразбира изградба на гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас до земјите од Јужна и од Централна Европа. Првите кубни метри гас низ Јужен тек ќе потечат кон крајот на 2015 година, а целосниот капацитет на гасоводот ќе биде остварен до 2018 година. Треба да се каже дека Гаспром за време на првата половина од 2014 година ѝ испорача на Хрватска 45% повеќе гас одошто во текот на целата 2013 година, односно околу 0.34 милијарди кубни метри, а во септември 2013 година компаниите Гаспром и ЛНГ Хрватска постигнаа договор за реализација на проект за користење природен гас како моторно гориво. 

Исплатливо за сите 

Како што објаснува аналитичарот на агенцијата „Инвесткафе“ Григориј Бирг, помеѓу компаниите MOL и ИНА повеќепати избивале конфликти, така што продажбата по поволна цена би ѝ се исплатувала на унгарската компанија, која на тој начин би се ослободила од проблематичните активи. На Хрватска најмногу ѝ пречи договорот со кој на Унгарците им се дава правото да управуваат со компанијата ИНА. За овој договор поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер беше осуден на 10 години затвор, зашто судот сметаше дека Санадер за склучувањето на овој договор зел мито. Во истиот процес беше објавена потерница по Жолт Хернади, сегашен претседател на компанијата MOL. 

Гаспром во текот на првата половина на 2014 година ѝ испорача на Хрватска 45% повеќе гас одошто во текот на целата 2013 година, односно околу 0.34 милијарди кубни метри, а во септември 2013 година компаниите Гаспром и ЛНГ Хрватска постигнаа договор за реализација на проект за користење природен гас како моторно гориво.

Втората причина за трансакцијата е падот на показатели на двете наведени компании. „Минатата година беше многу тешка за унгарската компанија. Нејзиниот чист приход е намален за 86%, вели Григориј Бирг. Според податоците на компанијата ИНА, експлоатацијата на нафта во Хрватска во 2013 година паднала за 17%, а преработката на нафта за 9%. Згора на тоа, практично е замрзната модернизацијата на двете рафинерии во Риека и во Сисак, чиј сопственик е ИНА. 

Од друга страна Гаспром нефт е погоден купувач со оглед дека тој активно се развива на Балканот. Руската компанија во 2009 година купи 51% од српскиот НИС за 440 милиони евра, така што таа веќе експлоатира нафта на Балканот и има две рафинерии со капацитет од 7.3 милиони тони годишно. Освен тоа Гаспром нефт контролира синџир од над 330 бензински пумпи и поседува синџир од 55 бензински пумпи под брендот Гаспром во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и во Романија. „Неодамна Гаспром нефт се заинтересира и за добивање лиценца за геолошки истражувања и за експлоатација на фосилно гориво на брегот на Хрватска и на нејзиниот копнен дел. Поради сиве овие причини руската компанија е логичен и веројатен купувач“, додава Григориј Бирг. Во 2013 година Хрватска реши да објави тендер за вршење геолошки испитувања на фосилно гориво на нејзиниот копнен дел. За учество на овој тендер Гаспром нефт истата година регистрираше компанија-ќерка во Хрватска. 

За волја на вистината, учесниците на пазарот претпоставуваат дека купувањето на удел во компанијата ИНА може да биде попречено. Водечкиот експерт на менаџерската компанија Финам Менаџмент Дмитриј Баранов потсетува дека претходно во јавноста за тоа дека во низа хрватски закони можат да бидат внесени дополнувања за забрана за продажба на акциите на ИНА на инвеститори кои не се од земјите-членки на Европската Унија. „Во ваков случај руските компании не би можеле да ги откупат овие акции по донесувањето на измените во законите“, предупредува експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња