Во моментов ММФ располага со средства во износ од 169.52 милијарди долари, додека новиот фонд со 100 милијарди долари, при што тој е составен само од пет земји. Извор: Alamy / Legion Media.
Детали од спогодбата
Руската Влада потпиша нацрт-спогодба за основање институција аналогна на Меѓународниот монетарен фонд во рамките на БРИКС. Врз основа на овој документ, доларските девизни резерви ќе останат на сметките на централните банки членки на групата, со тоа што тие ќе можат да бидат ставени на располагање на онаа членка која ќе има потреба од нив. Меѓу другото, како што објаснува Василиј Јакимкин, доцент на Руската академија за народно стопанство и државна администрација при претседателот на Русија (РАНХиГС), во рамките на проектот се планира основање на две потструктури. Како прво, тоа се стабилизациски девизни резерви со капитал од 100 милијарди долари, што претставува директна конкуренција на ММФ. Во овој фонд земјите на БРИКС ќе имаат различни удели: Кина – 41 милијарда долара, Русија – 18 милијарди, Бразил – 18 милијарди, Индија – 18 милијарди и Јужноафриканската Република - 5 милијарди долари. Како второ, ќе биде основана нова Развојна банка со капитал од 50 милијарди долари, во кој секоја земја ќе вложи по 10 милијарди. „Се очекува дека спогодбите за основање на овие институции ќе бидат потпишани веќе на 15 јули на самитот на шефови на државите на БРИКС во Бразил, а тие ќе почнат со работа веќе од 2015 година“, објаснува Василиј Јакимкин. При тоа, според него, сите земји на БРИКС сакаат седиштата на новите установи да бидат во нејзините земји. Основачката спогодба за новиот монетарен фонд го состави Бразил, додека Русија беше задолжена за склопување на меѓувладините спогодби.
Според Василиј Јакимкин, кредитите на Развојната банка нема да бидат наменети толку за земјите на БРИКС, колку што ќе се користат за инвестирање во различни институционални или инфраструктурни проекти во други земји, на пример на африканскиот континент. „Доколку на некоја земја ѝ се одобри кредит за програма за развој, на пример за енергетика, тогаш во рамките на овој проект земјите на БРИКС можат да ја пласираат својата опрема или да ангажираат свои компании како изведувачи на работите. Ова значи дека проектот на земјите на БРИКС ќе овозможи тие да си ги застапуваат своите интереси во странство, што ќе ги доведе на ново ниво на политички и економски развој“, објаснува стручњакот. Од друга страна, новиот монетарен фонд ќе се користи како „каса за заемна помош“, меѓу другото и во случај доколку некоја од земјите на БРИКС наиде на финансиски тешкотии. Русија, Индија и Бразил можат да сметаат на заем кој е еднаков на средствата што ги имаат внесено во фондот, додека правото на Кина за користење на ликвидните средства е ограничено на половина од нејзиното учество. „Овој проект забележливо ги намалува идните колебања на девизните пазари на земјите во развој, кои пред неколку месеци доживеаја сериозна криза, а ММФ не им помогна“, вели Василиј Јакимкин. Падот на вредноста на валутата на земјите на БРИКС започна уште во летото 2013, каде бразилскиот реал и руската рубља во однос на доларот паднаа на четиригошниот минимум, додека индиската рупија го достигна својот историски минимум. Според Василиј Јакимкин, Русија, Бразил и Индија всушност себеси си обезбедија гаранции врз основа на кинеските резерви, што истовремено ќе значи поддршка за нивните национални валути и ќе ги намали идните каматни стапки за заемите на светските пазарни долгови.
Главни последици
Во овој фонд земјите на БРИКС ќе имаат различни удели: Кина – 41 милијарда долара, Русија – 18 милијарди, Бразил – 18 милијарди, Индија – 18 милијарди и Јужноафриканската Република - 5 милијарди долари.
Во моментов ММФ располага со средства во износ од 169.52 милијарди долари, додека новиот фонд со 100 милијарди долари, при што тој е составен само од пет земји. „Одлуката на земјите на БРИКС за основање на наднационална организација која е аналогна на ММФ изгледа логично и правилно. Во овој момент ММФ е премногу инертна институција која практично не се реформира“, вели аналитичарот на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“ Антон Сороко. Според него, САД ја блокираат докапитализацијата на ММФ за сметка на земјите во развој, со оглед на тоа дека, ако тоа се случи, би паднало влијанието на водечките економии на светот врз одлуките што се носат во фондот. Освен тоа, според Василиј Јакимкин, кредитирањето инфраструктурни и институционални проекти во земјите во развој во рамките на ММФ се реализира со одложување и нецелосно, а каматите за кредитите, по правило, се премногу високи.
Аналитичарот за макроекономски прашања во инвестициската компанија UFS Василиј Ухарски смета дека БРИКС несомнено ќе постигне повисоко ниво на развој, а членките на групата ќе станат попривлечни за инвеститорите, доколку навистина се реализира проектот за монетарен фонд на конкурентниот ММФ и доколку новата Развојна банка биде квалитетно водена. „Најважно е оваа организација да ги избегне проблемите и болките од кои страда ММФ, инаку тоа ќе биде само обид да се стекне контрола над наднационалната економска структура. Сметам дека паралелното постоење на овие институции може да биде мошне корисно, зашто тие на овој или на оној начин ќе мора да се борат за своите членки, што ќе ги поттикне повнимателно да ги проценуваат проблемите и со самото тоа поуспешно да ги решаваат“, додава Антон Сороко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче