Сахалинскиот нафтен гигант

Вкупната маса на платформата „Беркут“ заедно со основата изнесува над 200 илјади тони. Платформата е висока колку облакодер од 50 ката. Извор: ИТАР-ТАСС

Вкупната маса на платформата „Беркут“ заедно со основата изнесува над 200 илјади тони. Платформата е висока колку облакодер од 50 ката. Извор: ИТАР-ТАСС

На руското далекуисточно наоѓалиште на 27 јуни годинава во рамките на проектот „Сахалин-1“ подигната е најголемата нафтена платформа во Русија, со висина на облакодер од 50 ката. Акционери на проектот се американската ExxonMobil“, рускиот „Роснефт“, јапонската SODECO и индискиот ONGC.

Платформа без конкуренција 

Во рамките на проектот „Сахалин-1“ пуштена е во работа платформата „Беркут“ на наоѓалиштето Аркутун-Даги на рускиот Далечен Исток. Според податоците што ги изнесе службата за информирање на најголемата светска нафтена компанија „Роснефт“, еден од неколкуте акционери во проектот, платформата е долга 105 метри, широка е 60 метри, а со подножјето е висока 144 метри, што може да се спореди со облакодер од 50 ката.

За време на изградбата, испораката и монтажата на платформата урнати се неколку светски рекорди во овој индустриски сегмент, истакнуваат од информативната служба на „Роснефт“.Вкупната маса на платформата „Беркут“ заедно со основата изнесува над 200 илјади тони. Ова е најголем објект од ваков вид во светот. Наскоро на „Беркут“ ќе бидат пуштени во работа системите за противпожарна заштита и ќе започне вселувањето во станбениот модул. Планирано е дупчењето да започне наесен годинава, кога ќе бидат завршени неопходните проби. Индустријализацијата на ова наоѓалиште ќе овозможи експлоатација на дополнителни 4.5 милиони тони нафта во рамките на проектот „Сахалин-1“. 

Откриено големо наоѓалиште на нафта
Во Русија е откриено ново наоѓалиште на нафта наречено Великое, со веројатна резерва од 300 милиони тони нафта и 90 милијарди кубни метри гас, што е најголемо пронајдено наоѓалиште во последниве 20 години, соопштуваат од Министерството за природни ресурси. Тоа се наоѓа во Астрахањската област и ѝ припаѓа на компанијата АФБ. Засега проектот се наоѓа на стадиум на геолошки испитувања.

„Отворањето на нафтената платформа е мошне значаен настан, зашто ова е најголема платформа во Русија и технолошки гледано е една од најсовремените во светот. Нејзината гарнитура за дупчење е произведена во Русија и според својата сила нема конкуренција во светот“, вели Василиј Ухарски, аналитичар за макроекономија во инвестициската компанија UFS. Според него, проектот предвидува непрекинато функционирање на платформата во текот на целата година во суровите субарктички услови. Конкретно, на „Беркут“ за првпат во светската практика е применет систем за сеизмичка заштита, благодарение на кој платформата може да издржи земјотрес од 9 степени според Рихтеровата скала. „Беркут“ не се плаши ниту од ниските температури, зашто е предвидена работа на минус 44 степени. Освен тоа, платформата може да издржи цунами високо над 18 метри и притисок од мраз со дебелина од 2 метри. 

Отворањето на платформата во свои раце го имаше претседателот Владимир Путин. Претходно токму тој го покрена отворањето на првата руска платформа на арктичкиот гребен во рамките на проектот „Приразломна“ што му припаѓа на рускиот гигант „Гаспром“. Платформата „Беркут“ е веќе втор руски проект на гребенот. „Благодарение на проектите како што е платформата 'Беркут' ние можеме да експлоатираме мошне богати, но тешко достапни наоѓалишта, да покренуваме нови производства и отвораме нови работни места, и сè на сè да го забрзаме социјално-економскиот развој на рускиот Далечен Исток, на овој мошне важен регион на нашата земја“, рече рускиот претседател по пат на видеолинк.  

Платформата е долга 105 метри, широка е 60 метри, а со подножјето е висока 144 метри, што може да се спореди со облакодер од 50 ката.

Русија го проширува своето присуство на гребенот 

Според Дмитриј Баранов, водечки експерт на менаџерската компанија „Финам Менаџмент“, „изградбата и подоцнежната експлоатација на оваа платформа ќе овозможи да се забрза социјално-економскиот развој на рускиот Далечен Исток, зашто воедно ќе се развива и комплетната дополнителна инфраструктура“. Конкретно, „Сахалин-1“ е првиот голем проект кој во Русија се реализира во рамките на спогодбата за поделба на производството. Благодарение на тоа ние за неговата реализација успеавме да привлечеме неколку значајни меѓународни компании, така што сега 30% од акциите од овој проект ги поседува американската ExxonMobil“, останатите 30% се на јапонската SODECO и по 20% имаат рускиот „Роснефт“ и индискиот ONGC. 

Во рамките на проектот „Сахалин-1“ извадени се вкупно 64 милиони тони нафта, но нејзината експлоатација во овој проект постепено се намалува, така што во текот на 2014 година може да се намали на 6.6 милиони тони годишно, што е за 6% помалку одошто од претходната година. Но, ситуацијата ќе ја поправи индустријализацијата на наоѓалиштето Арктин-Даги. Според прогнозите на „Роснефт“ до 2018 година експлоатацијата на нафтата во рамките на проектот „Сахалин-1“ ќе надмине 10 милиони тони годишно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.