Голема поддршка за Јужен тек

Министрите за надворешни работи на Русија и Италија Сергеј Лавров и Федерика Могерини. Извор: Ројтерс

Министрите за надворешни работи на Русија и Италија Сергеј Лавров и Федерика Могерини. Извор: Ројтерс

Учеството на Австрија во изградбата на гасоводот Јужен тек од Русија во Европа доведе до тоа што проектот го поддржаа и други европски земји. Во рамките на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Балканот, поддршка на проектот дадоа и Словенија и Србија.

Нова поддршка 

За време на посетата на Сергеј Лавров на Јужна Европа на почетокот од месецов беше потпишана спогодба за изградба на гасоводот преку територијата на Србија. Должината на магистралниот дел на Јужен тек во оваа земја изнесува 422 километри, а првите количества гас низ него треба да поминат до крајот на 2016 година. Сумата на договорот изнесува околу 2.1 милијарди евра. Освен тоа, Србија може да стане главен распределувачки јазол на гасоводниот систем Јужен тек. Всушност, токму од територијата на оваа земја е планирано да се направат два крака – во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Освен тоа, по средбата со Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец изрази желба Јужен тек да минува низ територијата на неговата земја. „Изјавите на Словенија и на Србија за поддршка на проектот Јужен тек, безусловно, се добар знак (за проектот). А, и други земји низ чии територии ќе минува гасоводот се исто така заинтересирани“, вели аналитичарот за макроекономија Василиј Ухарски. 

Австрија го поддржа Јужен тек
Рускиот гасен монопол Гаспром потпиша спогодба со австриската компанија OMV, која ќе ја изведува изградбата на гасоводот Јужен тек на територијата на Австрија. Сепак, според експертите со кои се консултираше „Руска реч на македонски“, оваа спогодба е поскоро политичка, и нема да влијае врз тешката судбина на проектот.

Гасоводот треба да минува по дното на Црно море во Бугарија, а потоа низ Србија, Унгарија и Словенија на североистокот од Италија. Вкупниот буџет на проектот се проценува на 16 милијарди евра, од кои 10 милијарди отпаѓаат на морскиот дел. Притоа во морскиот дел на проектот Јужен тек само 50% му припаѓаат на Гаспром, 20% се на италијанската Eni, а по 15% имаат германската компанија Wintershall Holding и француската EDF. За Гаспром проектот е мошне важен, зашто дава можност за извоз на рускиот гас во Европа, одминувајќи ја територијата на Украина. Кон почетокот на јуни на 2014 година под притисок на САД и на Европската комисија претставници на Бугарија и на Србија официјално изјавија дека ја запираат работата на проектот. По средбата со тројца сенатори на САД шефот на бугарската влада Пламен Орешарски нареди да се запре работата, а потоа со запирање на работата на Јужен тек излезе и вицепремиерот на Србија Зоран Михајловиќ. Сепак, веднаш потоа, кон крајот на јуни рускиот гасен монопол Гаспром потпиша спогодба со австриската компанија OMV, која ќе работи на изградба на гасоводот Јужен тек на територијата на Австрија. Откако Австрија му даде поддршка на проектот, кон неа можат да се приклучат и другите учесници, изјавија за „Руска реч на македонски„ експерти од пазарот. Како резултат тие земји се Словенија и Србија. 

Тешка судбина 

Без оглед на поддршката од страна на Србија и на Словенија, судбината на проектот сè уште останува нерешена. Како што изјави по преговорите со Сергеј Лавров министерот за надворешни работи на Италија Федерика Могерини, проектот Јужен тек треба да соодветствува со нормите на законодавството на Европската Унија. Според неа, проектот за Италија, како и за другите европски земји, е исклучително важен од гледна точка на енергетската безбедност, сепак тој „треба да соодветствува на европските правила, на европското законодавство“. Изјавата е особено важна, со оглед на тоа дека оваа земја претседателствува со Европската Унија од 1 јули, а италијанската Eni е сосопственик на проектот.  

Вкупниот буџет на проектот Јужен тек се проценува на 16 милијарди евра, од кои 10 милијарди отпаѓаат на морскиот дел. Притоа во морскиот дел на проектот Јужен тек само 50% му припаѓаат на Гаспром, 20% се на италијанската Eni, а по 15% имаат германската компанија Wintershall Holding и француската EDF.

Станува збор за „третиот енергетски пакет“, кој бара распределување на испораката на гасот, на транспортни и на распределувачки компании, а исто така и слободен пристап за трети страни до транспортната инфраструктура. На тој начин, според овој документ, руски Гаспром треба да пушти во сопствениот гасовод и други испорачатели на гас. Руската страна, пак, настојува на тоа дека проектот Јужен тек беше покренат пред да биде донесен „третиот енергетски пакет“ и дека тој не подлежи под него. Според аналитичарот на компанијата „Алпари“ Ана Кокарева, третиот енергетски пакет беше разработен во 2007 година. „Спорот за 'третиот енергетски пакет' не е нов. Доколку ги погледнеме датумите, ќе видиме дека проектот Јужен тек се појави летото во 2007 година, додека 'третиот енергетски пакет' стапи на сила кон крајот на 2009 година“, вели Василиј Ухарскиј. Според него руската страна се обидува да докаже дека условите не треба да се применуваат за овој проект, но, во исто време, исто така не е точно да се носат заклучоци само врз основа на датумите. „Се води сложена борба за формулирање и за датуми и, за жал, засега Русија нема големи шанси да го добие спорот“, додава тој. 

Сепак, со ваквата оценка не се согласуваат сите експерти. „Во Европската Унија клучните учесници во дискусијата ја сфаќаат важноста на енергетската безбедност. Ние во Русија гледаме дека еврокомесарот за енергетика Гантер Отингер демонстрира двојни стандарди. Од една страна тој зборува за важноста на непречените испораки на рускиот гас во Европа, а од друга разгледува со раководството на Нигерија за алтернативни испораки на енергетски ресурси“, вели економистот, професор на РАНХиГС Владислав Гињко. При тоа, според него, Европејците ја сфаќаат важноста на испораката во потребниот обем. „Германија може до половина да се обезбеди себеси за сметка на сончевата енергија кога времето е добро и кога има ниска побарувачка на енергетски ресурси, сепак рускиот гас во следниве години е едноставно незаменлив. Во врска со ова Европејците гледаат на Јужен тек позитивно, без оглед на притисокот од страна на САД. Во секој случај се гледа дека проектот веќе има добиено зелено светло и дека во секој случај ќе се реализира“, додава експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња