МО РФ: НАТО потона во апсурд

Заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов ја спореди политиката на Алијансата со разговор на „постар со помал“. Антонов истакна дека Русија е подготвена за нормализација на односите со Западот, но само врз рамноправни услови.

Заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов ги коментираше обвинувањата на НАТО на адреса на Москва, нарекувајќи ги „информативна војна“.

„Така раководството на НАТО буквално потона во апсурд во својата фразеологија: денеска велат дека Русија се наоѓа „на прагот на НАТО“: дека ние сме се доближиле до НАТО, а не НАТО до нас“, изјави Антонов во интервју за телевизијата РТ.

Тој исто така изрази жалење дека сето добро што било со толкав труд сработено со земјите од НАТО во воената област, вклучително и во контекст на борбата со тероризмот „беше отфрлено денеска и заборавено многу едноставно“.

„Одвреме-навреме, читајќи ги изјавите на раководството на Северноатлантската алијанса, ми се чини дека спрема нас повторно се обидуваат да ја искористат претходната шема на разговор на постар со помлад. Дури ми текнува на ваква споредба: небаре несовесен ученик на училиште го повикуваат да излезе пред табла и го испрашуваат и го караат за неисполнети задачи“, истакна Антонов.

Притоа заменик-министерот укажа дека иницијатор на конфронтацијата не е Москва – зголемувањето на воениот потенцијал се одвива на западните граници на Русија.

„Сакам да кажам дека сите го гледаме тоа, го забележуваме и преземаме соодветни воено-технички мерки. Но би сакал да потенцирам – ние се залагаме против трка во вооружување, колку и да сака некој да ни ја наметне“, објасни Антонов, додавајќи дека Русија не е противник на нормализацијата на односите со земјите на НАТО и европските држави во воената сфера, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња