Медведев: Можно е влијание на „турскиот фактор“ врз ситуацијата во Карабах

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев не исклучи влијание однадвор врз ситуацијата во Нагорно Карабах и дозволи присуство на „турски фактор“.

„Има цела низа сили кои исто така многу внимателно ги анализираат последиците од нагорно-карабашкиот конфликт и неговото влијание врз ситуацијата и на Блискиот Исток, и на Руската Федерација и, од друга страна, обратното влијание на оние процеси кои денес течат на Блискиот Исток и на северот на Африка. Затоа што сите конфликти на еден или друг начин во определен период можат да бидат врзани со политички решенија. Затоа не исклучувам дека и во овој случај постојат фактори кои влијаат на овој конфликт однадвор. Еве вие го наведовте турскиот фактор. Веројатно тој турски фактори постои – макар и поради тоа што Турција ја изјави својата позиција“, изјави Медведев во емисијата „Вести во сабота“.  

Според неговите зборови, изјавите на Турција за ситуацијата во Нагорно Карабах не можат да не предизвикуваат вознемиреност. „Место да повикаат на смирување, да кажат: ајде повторно да се вратиме на преговарачката маса, ајде одново да дискутираме, ајде да го прекинеме стрелањето , - беа дадени определени оценки. Зошто? За да се додаде масло на огнот? Токму тоа, несомнено, не може да не предизвика вознемиреност“, изјави Медведев.

Во понеделникот министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва не ја обвинува Анкара за поттикнување на тензиите во Нагорно Карабах, но смета дека Турција нема да почне да се меша во внатрешните работи на соседните држави, иако засега таквата политика на Анкара продолжува, пишува „Взгљад“.

Шефот на турското МНР Мевлут Чавушоглу одговори на тоа дека подготвеноста на Турција да му даде помош на Азербејџан не значи поттикнување на Баку на војна во Нагорно Карабах. Претходно тој изјави дека Турција му дава целосна поддршка на Азербејџан во карабашката криза сѐ до „потполно ослободување“ на Нагорно Карабах.

Претходно претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган потенцираше дека Анкара го поддржува Азербејџан и изјави дека Нагорно Карабах еден ден „ќе се врати во состав на Азербејџан“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња