Руските даночни обврзници во странство на тешки маки

Програмата подразбира враќање на крупниот капитал од странство под руска јуриздикција. Извор: Ројтерс.

Програмата подразбира враќање на крупниот капитал од странство под руска јуриздикција. Извор: Ројтерс.

Руските власти се подготвени на даночната служба на САД да ѝ ги соопштат информациите за американските клиенти во своите банки, но притоа во предлог-законот внесоа реципрочна мера. Сите странски банки што соработуваат со руски клиенти би требало за тоа да ја известат Москва. Новиот закон веројатно пред сè ќе влијае на балканските земји, на Шпанија и на Грција.

Американско барање 

Стручниот комитет нa долниот дом на рускиот парламент (Државната дума) во првото читање го усвои нацрт-законот со кој на банките им се дозволува да ги почитуваат правилата на американскиот систем FATCA (Foreign Account Tax Compliance Act – Закон за усогласеност на данокот на странските сметки). Но, новиот документ не само што им овозможува на руските банки на странските даночни служби да им предаваат податоци за своите клиенти, туку ги обврзува странските банки еквивалентни податоци да им стават на располагање на Федералните даночни служби на Русија. На тој начин руските власти можат да ги искористат американските закони како начин за примена на реципрочни мерки. Освен тоа, како што истакнуваат стручњаците, новиот документ ќе стане дел од сеопфатната програма на „деофшоризација“ на руската економија, која претседателот Владимир Путин ја најави на почетокот од 2014 година.

Новиот нацрт-закон им овозможува на банките информациите за своите клиенти да им ги предаваат на странските даночни органи само со согласност на клиентот. Но, ако клиентот не даде согласност, банката има право да му ги укине услугите.

Програмата подразбира враќање на крупниот капитал од странство под руска јуриздикција. „Руските банки можеби ќе имаат право да бараат информации за сметките на руските граѓани во странство, но странските банки нема да имаат обврска оваа информација да ја дадат, зашто тие ниту со Русија, ниту со определени финансиски организации во Русија, немаат потпишано никакви обврзувачки договори. Овие реципрочни амандмани пред сè се формален одговор на законот на FATCA“, внимателен е Михаил Кузмин, аналитичар на агенцијата „Инвесткафе“. Притоа новиот нацрт-закон им овозможува на руските банки и на други финансиски организации информацијата за своите клиенти да им ја предадат на странските даночни органи само со согласност на клиентот. Но, ако клиентот не даде согласност, банката има право да му ги укине услугите. Тоа е приближно истиот модел што од јули годинава ќе важи и во швајцарските банки. 

Американскиот Закон за усогласеност на данокот на странските сметки (FATCA) ги обврзува финансиските организации надвор од САД информациите за своите клиенти кои се американски даночни обврзници да им ги предадат на американската даночна служба, односно на Секторот за интерни приходи (IRS). До 1 јули сите финансиски институции треба да се приклучат на FATCA, инаку американските даночници ќе имаат право да наплатат 30% од определени уплати на оние клиенти кои не ги доставуваат бараните информации, како и од оние странски институции кои ќе одбијат да учествуваат во програмата. Во практика, имено, сите операции што се вршат во американски долари на некој начин поминуваат низ американските банки и затоа мнозинството поголеми банки решаваат да се приклучат на новиот систем. Во моментов IRS има регистрирано над 500 банки од целиот свет. 

Русија избра партнери за новата рејтинг-агенција
Русија ќе формира рејтинг-агенција со кинеската „Dagong Global Credit Rating Co“ и со американската „Egan-Jones Ratings“. Ова го изјави министерот за финансии Антон Силуанов. Новата агенција ќе биде конкуренција на американската „голема тројка“, чие влијание, според експертите, стана премногу големо и им дава можност да манипулираат со јавното мислење по пат на зголемување или на намалување на кредитниот рејтинг на определени држави.

Ограничено делување 

Поради соработката со FATCA поголемиот дел од земјите со САД склучи меѓудржавни спогодби и размената на информации ќе се врши на ниво на даночни служби. Ваков вид спогодба беше планирана и помеѓу САД и Русија, но по избувнувањето на украинската криза, американските власти ненадејно се повлекоа од преговорите. Најголемите руски банки „Сбербанк“ и ВТБ потоа се договорија за соработка во овој систем и склучија директен договор со американските власти. Нивната одлука ја критикуваше Државната дума, зашто рускиот закон кој е на сила забранува информациите поврзани со клиентите да им се предаваат на други земји. Потоа ВТБ официјално соопшти дека ја прекинува соработката со американските клиенти. Руското одделение на австриската банка „Raifeissen“, од друга страна, според податоците со кои располага „Руска реч на македонски“, на американските власти веќе им доставува информации за своите клиенти кои се родени во САД.

Новиот нацрт-закон повеќе пати беше доработуван во Државната дума и на крајот во него е вклучено и правилото за давање информации за руските клиенти од странство. „Реципрочната мера е воведена, зашто од политички причини не можевме да не ја воведеме. Ако го почитуваме американскиот закон, тогаш треба да усвоиме и реципрочно правило кое де јуре треба да се почитува во целиот свет, па и во САД“, објаснува Егор Дињанин, аналитичар на Ревизорско-консултантската компанија „Гардиент Алфа“. Но, според него тешко дека оваа мера ќе функционира, зашто Русија нема механизми со кои би вршела притисок врз банките и врз другите земји, зашто рубљата засега не спаѓа во резервните валути, а економијата на Русија не е толку моќна како економијата на САД. „Оваа норма нема правно да се применува насекаде, туку веројатно ќе се ограничи на нам пријателските земји: членките на Царинската унија (Казахстан и Белорусија), а во најдобар случај и на Кина и Кипар, кој, пак, зависи од руските пари“, додава стручњакот. Според генералниот директор на компанијата за промет со недвижности „ZIP Realty“ Евгениј Скоморовски, „од руските финансии пред сè се зависни земјите кои Русите ги користат како 'мирни пристаништа', што најмногу се однесува на Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, како и на Грција и Шпанија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња