Сибирски научници создадоа уникатен апарат за анализа на крвни клетки

Благодарение на најновата технологија научниците можат да анализираат како исхраната и психолошката состојба на организмот влијаат на количеството активни протеини-менувачи на еритроцити и да го проценуваат ризикот од предвремено породување.

Научниците од Институтот за хемиска кинетика и согорување (ИХКГ СО РАН) го создадоа најточниот апарат на светот за анализа на крвни клетки, според чии резултати може да се оцени ризикот од предвремено породување, а во иднина – од инфаркти и напади, соопшти во вторникот изданието на СО РАН „Наука во Сибир“.

Во соопштението се објаснува дека иницијатори на работата биле научници од универзитетскиот град Квебек кои се обратиле до новосибирските колеги со барање да се реши суштинското прашање за Канада – растечкиот број на предвремени раѓање поврзани со кислородното гладување на плодот.  

„Овие луѓе знаеја дека нашата технологија за мерење на биолошки клетки е напредна. Оценувајќи ги динамичките карактеристики на крвните клетки, ние требаше да го дијагностицираме степенот на развој на хипоксија во ран стадиум за да може благовремено да се даде ефикасна терапија“, изјави раководителот на лабораторијата Валериј Маљцев, кој истакна дека проектот е актуелен не само за Канада, туку и за целиот свет.

Според податоците на научниците, во проблемот со кислородното гладување на плодот дефинитивна улога играат еритроцитите. Недостатокот од активни протеини за еритроцитите, кои се посредници при транспортот на јаглеводородниот гас, доведуваат до критично акумулирање на јаглерод диоксид. Организмот на мајката, реагирајќи на нарушувањето на нормалната размена на јаглерод диоксид за кислород, се ослободува од детето. „Научниците успеаја да го направат она што никој во светот не умее – да ја пресметаат критичната величина на таквото нарушување“, се вели во соопштението.

За мерење на крвните показатели кај бремените жени, научниците употребиле систем врз основа на ласерски зраци и успеале да утврдат дека влегувањето во крвта на магнезиум значително го намалува ризикот од абортус, како и да утврдат колкава количина препарат со јони на магнезиум е потребена максимално да се зголеми размената на кислород.

„Научниците веќе можат да проучат со помош на овој систем како исхраната и психолошката состојба на организмот влијаат на количеството на активни протеини-менување на еритроцити, како и да ги одберат додатоците во исхраната кои ја содржат во себе потребната концентрација на оние материи кои ќе можат да ја подобрат ситуацијата“; соопшти изданието. Научниците истакнуваат дека на сличен начин може да се набљудуваат и функциите на тромбоцитите во крвта, што ќе овозможи да се спречуваат инфаркти и напади во ран стадиум, пишува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња