Во Москва приведена дадилка која обезглавила дете

Во Москва приведена дадилка која обезглавила дете, потврди московската полиција во понеделникот.

Според податоците на истражителите, во понеделникот наутро во стан на улицата „Народное ополчение“ по гаснење на пожарот е откриено тело на убиено, обезглавено дете.

Според прелиминарните информации, дадилката, државјанин на една од државите во Средна Азија, сочекала родителите да го напуштат станот, го убила детето на возраст од 3-4 години, подметнала пожар и го напуштила местото на злосторството.  

Дадилката била запрена и приведена во близина на метро станицата „Октјабрское поле“ додека извикувала „Алаху акбар“ и се заканувала дека ќе активира бомба, пренесува „ЛајфЊуз“. Главата на детето ја носела со себе, велат извори во московското МВР.

Осомничената ќе биде подложена на психијатриска експертиза, соопшти Истражниот комитет на Русија.

„Имајќи го предвид неадекватното поведение на приведената, истражителите назначија итна судско-психијатриска експертиза за утврдување на способноста за разбирање на сопствените дејствија и постапки“, ја пренесува „Взгљад“ изјавата на претставникот на Истражниот комитет Јулија Иванова.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња