За Аргентина учеството во БРИКС би можело да значи финансирање под поповолни услови од оние кои ги нудат другите меѓународни организации. Извор: Ројтерс.
Дилемите по прашањето со можниот прием на Аргентина во БРИКС најпрво се поврзани со фактот што економијата на оваа голема јужноамериканска земја е оптоварена со надворешен дол од над 130 милијарди долари, а тоа може да биде тежок товар за блокот. Затоа не е случајно што во Министерството за надворешни работи на РФ сметаат дека прашањето за влегувањето на Аргентина во БРИКС бара темелно проучување.
Земајќи го предвид значењето на земјите на БРИКС во меѓународната трговија, финансиските организации на БРИКС ќе помогнат во јакнењето на статусот на валутите на земјите-учеснички – рубљата, јуанот, реалот, рупијата и рендата.
Сепак, заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјапков изјави: „Ние пристапуваме конструктивно кон секое обраќање на оваа тема [за зачленување во БРИКС], без разлика од кого потекнува“. Се очекува во близка иднина да се остварат низа контакти на различни нивоа, а нивна завршница би требало да претставува самитот на БРИКС на 15 јули во бразилскиот град Форталеза. „Учесниците на БРИКС ќе имаат можност детално да го разгледаат ова прашање“, истакна Рјапков.
Веќе се знае дека по оваа средба новиот премиер на Индија ќе замине во официјална посета на Аргентина. За јули е исто така закажана посета на генералниот секретар на КП на Кина Сји Џинпинг на Буенос Аирес. Сето ова зборува за заинтересираноста на Индија и на Кина за потесна соработка со Аргентина. Пекинг веќе активно соработува со Аргентина, која е голем снабдувач на Кина со соја. Освен тоа, Пекинг вложува значителни средства за изградба на прекуокеански коридори и во овој проект полага надеж на Аргентина.
Потенцијалот на заемната соработка помеѓу Русија и Аргентина е исто така голем. Сепак, трговската размена, која запре на нивото помеѓу 1.5 до 2 милијарди долари годишно, никако не може да се нарече задоволителна. „Русија има долготрајни деловни врски со Аргентина“, истакна во интервју за „Руска реч на македонски“ заменик-директорот на Институтот за Латинска Америка при Руската академија на науките Борис Мартинов, кој додава: „Ние во седумдесеттите и во осумдесеттите години од минатиот век ѝ испорачувавме на Аргентина хидроенергетска опрема и други производи за машиноградба. Сега односите треба да се подигнат на повисоко ниво. Проблемот е во тоа што Русија беше премногу ориентирана на западните пазари. Денешната реалност покажува колку е оваа зависност неповолна за Русија“.
На планот на политичката поддршка Аргентина веќе се покажа како сојузник на Русија. Претседателката Кристина Фернандез де Кирхнер неодамна остро ги критикуваше двојните аршини на Западот во односот кон „практично идентичните случаи“ на Крим и на Фокландските острови (кои Аргентина ги нарекува Малвини), каде минатата година исто така беше одржан референдум за статусот на територијата. Меѓународната заедница ова гласање, за разлика од кримското, го призна како легитимно.
Според мислењето на Мартинов, колку повеќе држави ќе се приклучат кон БРИКС, толку е тоа подобро. „Овој формат предвидува независна надворешна политика и како стратешка цел Русија си го поставува создавањето на мултиполарен и мултикултурен свет“, нагласува стручњакот. Желба за приклучување кон БРИКС во последно време изразија и Мексико, Иран, Казахстан и Индонезија.
Желба за приклучување кон БРИКС во последно време изразија и Мексико, Иран, Казахстан и Индонезија.
За Аргентина учеството во БРИКС би можело да значи финансирање под поповолни услови од оние кои ги нудат другите меѓународни организации. Лидерите на БРИКС во 2013 година постигнаа договор за создавање резервен фонд во висина од 100 милијарди долари за осигурување во случај на нестабилност на пазарот. Исто така беше донесена и одлука за создавање сопствени финансиски институции. Според координаторот на Министерството за надворешни работи на РФ за прашањата во врска со групата БРИКС Вадим Луков, Развојната банка на БРИКС која се формира, а чиј обем на активот би требало да изнесува 50 милијарди долари, наменет е заеднички производствени вложувања.
Како стимуланси за формирањето на овие структури послужија таканаречените монетарни војни, кои потсетија не само на неопходноста од диверзификација на девизните резерви и на неопходноста и погодноста за извршување трансакции во меѓународната трговија со сопствената парична единица. Земајќи го предвид значењето на земјите на БРИКС во меѓународната трговија, финансиските организации на БРИКС ќе помогнат во јакнењето на статусот на валутите на земјите-учеснички – рубљата, јуанот, реалот, рупијата и рендата. Поради тоа актуелните економски проблеми во Аргентина предизвикуваат стравување. Токму тие би можеле да станат главната пречка за влезот на земјата во овој клуб.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче