„Гугл“ со листа на јазиците на кои преведува од руски

„Гугл„ состави листа на најпопуларните и најретки јазици ка кои корисниците преведуваат од руски со помош на „Гугл Преведувачот“.

Пред Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој се одбележува на 21 февруари, „Гугл„ состави листа на најпопуларните и најретки јазици ка кои корисниците преведуваат од руски со помош на „Гугл Преведувачот“.

Од руски најчесто се преведува на англиски. На второ место по популарност е турскиот, на трето – арапскиот. Меѓу првите десет јазици влегоа германскиот, францускиот, украинскиот, италијанскиот, шпанскиот и полскиот.

Најретко баран јазик е јоруба – на тој јазик зборуваат жителите на Југозападна Нигерија, Того и Бенин.  Ретко се преведува од руски и на малагасиски (официјалниот јазик на островот Мадагаскар), јазикот маори на Нов Зеланд и јазикот игбо, на кој се зборува во Југоисточна Нигерија.

Рускиот е најинтересен јазик во Украина, Турција, Казахстан, Белорусија, САД, Германија, Египет и Алжир, пренесува порталот „Афиша“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња