Обама со зголемен буџет „за одвраќање на Русија“

Претходно министерот за одбрана на САД изјави дека главната причина за зголемување на буџетот е „јакнењето на Русија“.

Претседателот на САД Барак Обама официјално соопшти дека програмата за воена поддршка за сојузниците во Европа за 2017 година е зголемена на 3,4 милијарди долари, што е поврзано со „одвраќањето на агресијата на Русија“.

„Мојата администрација соопштува дека оваа програма за 2017 фискална година е зголемена четирипати. Нивото на финансирање од 3,4 милијарди долари ќе им овозможи на САД да го интензивираат своето воено присуство во Европа да ги прошират своите можности во рамките на обврските спрема членките на НАТО“, соопшти американскиот претседател, а пренесува „Взгљад”.

Како главна причина за ваквото значително зголемување на финансирањето е наведена политиката на Русија во Украина.

Претходно министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави дека главна причина за зголемување на буџетот е „јакнењето на Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња