Атомот ѝ ветува енергетска независност на Будимпешта

„Пакш„ обезбедува повеќе од половината струја во Унгарија. Извор: AFP / East News

„Пакш„ обезбедува повеќе од половината струја во Унгарија. Извор: AFP / East News

Атомската енергија, која по хаваријата на јапонската атомска централа во Фукушима доживеа извесна криза, постепено ги враќа своите позиции во светот. Веќе неколку земји, меѓу кои и неколку од Европа, во последниве неколку години донесоа одлука за развој на атомските централи во широки рамки.

Финска, која е позната по најдобриот атомски надзор во целиот свет, во декември минатата година потпиша договор со компанијата-ќерка на „Росатом“ за изградба на нова атомска централа. Од друга страна, пак, парламентот на Унгарија во февруари годинава ја ратификуваше меѓувладината спогодба со Русија за проширување на атомската централа „Пакш“. 

За Унгарија атомската енергија е еден од основните елементи за нејзината енергетска безбедност. Во енергетската стратегија на Унгарија е забележана неопходноста од воведување во експлоатација на нови атомски сили за сметка на проширувањето на големината на централите што се веќе во функција. Но, неопходно ли беше Будимпешта да брза со одлуката за изградба на нова атомска централа? 

Руските нуклеарни реактори во Индија произведуваат поевтина електрична енергија од европските
Електричната енергија произведена во атомските централи, опремени со реактори од типот EPR на француската компанија „Арева“ и AP1000 на САД „Вестингхаус“, ќе биде многу поскапа од онаа што се произведува во АЕЦ „Куданкулам“ од руските реактори ВВЕР -1000.

Уделот на увоз на евтина електрична енергија во Унгарија суштински се зголеми во последниве години, со што во 2013 година изнесуваше 28% од вкупниот енергетски биланс на земјата. Понатамошниот раст на увозот се заканува со влошување на енергетската безбедност на земјата, зашто поради евтината „туѓа“  електрична енергија не се исплатуваат новите сили. Тоа, пак, значи дека во блиска иднина земјата може да се најде во ситуација на енергетска зависност од соседите. 

Во 2013 година унгарската атомска централа обезбеди повеќе од половина од енергијата во енергетскиот биланс на земјата на фонот на затворањето на нерентабилните производители на електрична енергија. Според последните прогнози на компанијата „MAVIR“, до 2030 година енергетскиот капацитет во Унгарија ќе се намали до 5.120 мВт, и ќе биде потребно во погон да се пуштат 11.400 мВт дополнителен капацитет. Русите за проширување на „Пакш“ предложија енергетски блокови од генерацијата 3+ со вкупен капацитет од 2.400 мВт. Бидејќи енергетските блокови што во моментов работат во атомската централа „Пакш“ во периодот 2032 до 2037 година ќе престанат со производство, во 2038 година наместо 4.400 мВт во системот ќе има само 2.400 мВт атомска генерација. 

Бројките зборуваат самите за себе – изградбата на два нови блока на атомската централа „Пакш“ треба да започне веќе сега, зашто процесот на изградба на атомска централа е долг и сите одлуки треба да бидат донесени благовремено. 

Проширувањето на атомската централа „Пакш“ ќе ѝ даде на Унгарија конкурентна предност пред другите европски земји. Даниел Бенеш, генерален директор на компанијата „CEZ“, веќе обрна внимание на тоа дека благодарение на новите атомски капацитети по 15-20 години електричната енергијата што се произведува во Унгарија може да биде значително поевтина одошто, на пример, во Чешка. 

Парите за изградба на атомската централа ги дава Русија. И условите за кредитирање не треба да се занемарат. Треба да се земе предвид дека светските финансиски институции не даваат кредит во рок поголем од 15 години. Договорот со рок од 21 година ѝ дава на Унгарија поволни услови, а исплатата треба да започне по започнувањето на експлоатацијата на новите капацитети. Каматната стапка изнесува 4,5%, што е пониска од пазарната, односно исплатливоста на кредитирањето за Будимпешта е очигледна.

Што велат македонските експерти?

Енергијата станува сѐ поскапа. Инфраструктурните вложувања во енергетиката се сметаат за приоритет. Македонија во овој сегмент би кажала дека заостанува. Имаме изградба на мали хидроцентрали, но клучните зафати сѐ уште се заглавени во тендерски постапки и различни физибилити-студии. И во Македонија неодамна се отвори прашањето за изградба на нуклеарна централа, но, генерално, тоа беше изјава-пробен балон. Претходно, Македонија имаше обид да стане дел од мегануклерката „Белене“ во Бугарија, но и тој проект засега е ставен во мирување. Европските земји од поодамна се насочени кон вложувања во енергетиката со крајна цел да се намали енергетската зависност на земјите, односно да се обезбеди подолгорочна енергија.

Анета Додевска – новинар, аналитичар од областа на економијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија