БРИКС основа свој монетарен фонд

Се претпоставува дека Кина во заедничките девизни резерви ќе вложи 41 милијарда долари, Бразил, Индија и Русија по 18 милијарди, а Јужноафриканската Република 5 милијарди долари. Количеството средства е сразмерно со големината на националната економија. Извор: Ројтерс.

Се претпоставува дека Кина во заедничките девизни резерви ќе вложи 41 милијарда долари, Бразил, Индија и Русија по 18 милијарди, а Јужноафриканската Република 5 милијарди долари. Количеството средства е сразмерно со големината на националната економија. Извор: Ројтерс.

ММФ наскоро нема да биде единствената организација на светот која може да даде меѓународна финансиска помош. Земјите на БРИКС ќе основаат алтернативни институции: сопствен монетарен фонд, развојна банка и заеднички девизни резерви. Сето тоа би требало да им помогне на земјите од БРИКС постепено да воспостават соработка бес посредство на доларот.

Земјите на БРИКС постигнаа голем напредок во процесот на основање структури кои би претставувале алтернатива на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, со кои управуваат пред сè САД и ЕУ. Заедничките девизни резерви како замена за ММФ и Развојната банка на земјите на БРИКС како замена за Светската банка ќе профункционираат веќе во 2015 година, тврди претставникот за посебни прашања на Министерството за надворешни работи на Русија Вадим Луков. 

Бразил веќе има подготвено проект-статус за Развојната банка, додека Русија ги подготвува меѓународните спогодби за нејзиното основање, објаснува дипломатот. 

Покрај тоа, земјите на БРИКС веќе го договорија основниот капитал на новите структури. Тој за секоја од институциите ќе изнесува по 100 милијарди долари. „Во тек се преговори меѓу партнерите за учеството во иницијалниот капитал во износ од 50 милијарди долари и за локацијата на главната канцеларија“, изјави дипломатот. „Сите членки на БРИКС се заинтересирани главната канцеларија да се наоѓа на нивната територија“.

БРИКС ја брани Русија
Високите претставници на земјите на БРИКС ја искористија можноста и се состанаа на маргините на самитот посветен на нуклеарната безбедност во Хаг. Тие го осудија воведувањето санкции за Русија и „недобронамерната реторика“ на западните земји по повод украинската криза. Сепак, прашањето за Крим е доста чувствително и секоја земја го толкува на свој начин.

Се претпоставува дека Кина во заедничките девизни резерви ќе вложи 41 милијарда долари, Бразил, Индија и Русија по 18 милијарди, а Јужноафриканската Република 5 милијарди долари. Количеството средства е сразмерно со големината на националната економија. 

За споредба треба да се каже дека количеството средства на ММФ, која се регулира во единиците на SDR (Special Drawing Rights, заеми со специјално право – вештачко безготовинско платежно средство што го емитува ММФ), денес изнесува 238.4 милијарди евра или 369.52 милијарди американски долари. Заедничките девизни резерви на земјите на БРИКС, секако, според количеството средства заостануваат зад ММФ. Но, 100 милијарди долари се сосема доволно за пет земји, додека во ММФ влегуваат 188 земји, на кои во секој момент може да им затреба финансиска помош. 

Развојна банка на земјите на БРИКС 

Земјите на БРИКС основаат и Развојна банка како алтернатива на Светската банка, со цел кредитирање проекти кои не се во интерес на САД и ЕУ, туку токму на земјите во развој. 

Целта на банката е да ги финансира пред сè проектите во странство, а не домашни проекти. Своите проекти земјите можат и самите да ги финансираат. На пример, Русија во оваа насока располага со средства на Фондот за национална благосостојба.

Кина се подготвува активно да ѝ помага на Москва
Санкциите и заминувањето на западните инвеститори по украинската криза ќе ја натераат Русија сериозно да воспостави односи со источните соседи. Во среднорочна перспектива Азија може да биде главен пазар за продажба на руската стока и извор на капитал и технологија.

Кредитите на Развојната банка нема во толкава мера да бидат наменети за земјите на БРИКС, колку за инвестирање во инфраструктурните проекти на другите земји. „На пример, на земјите на БРИКС им одговара на некоја африканска земја да ѝ одобрат кредит за развој на хидроенергетика во која земјите од БРИКС можат да ја пласираат својата опрема или да се појават како изведувачи на работата“, објаснува стручњакот на Економската експертска група Иљја Прилепски. Ако кредитот го дава ММФ, опремата ја испорачуваат западните земји и тие ја контролираат работата. 

Основањето на Развојната банка има исто така и политичка заднина, зашто им овозможува на земјите на БРИКС да ги реализираат своите интереси во странство. „Станува збор за политички потег, кој може да ја зајакне позицијата на земјите чии ставови американските и европските колеги често не ги земаат предвид. Колку овој сојуз ќе биде постабилен, а неговите позиции на меѓународните сцени појаки, толку ќе биде полесно да се штитат интересите на неговите членки“, смета раководителот на Одделението за аналитика на Инвестициската компанија „Golden Hills-КапиталЪ АМ“ Наталија Самојлова. 

Но, создавањето алтернативни организации не значи дека земјите на БРИКС задолжително ќе ја напуштат Светската банка или ММФ, барем не на почетокот, додава Прилепски. 

Заеднички девизни резерви 

Освен тоа, заедничките девизни резерви на БРИКС претставува еден вид осигурување, посебен вид штедење во случај некоја од земјите на БРИКС да се соочи со финансиски тешкотии или  со дефицит во буџетот. Во советско време тоа се нарекуваше „каса на заемна помош“, објаснува заменикот на генералниот директор на компанијата за консалтинг „HEADS“ Никита Куликов. Земјите кои се дел од оваа заедница  една на друга си даваат осигурување. 

Неопходноста од ваков вид заштеда може да се види по годинешнава ситуација: руската рубља доживеа пад на вредноста. 

На пример, на земјите на БРИКС им одговара на некоја африканска земја да ѝ одобрат кредит за развој на хидроенергетика во која земјите од БРИКС можат да ја пласираат својата опрема. Ако кредитот го дава ММФ, опремата ја испорачуваат западните земји и тие ја контролираат работата. 

Иљја Прилепски, Економска експертска група

Заедничките девизни резерви можат да им дадат помош на земјите кога ќе се појават тешкотии со платниот биланс така што ќе го надополнат недостигот од екстерната ликвидност. Помошта може да се добие кога доаѓа до ненадејна несакана девалвација на националната валута или кога настануваат внатрешни проблеми како што е криза на банкарскиот систем. Доколку банките позајмиле многу готовина во девизи и не можат да ги вратат, тогаш заедничките девизни резерви можат да помогнат да се исплатат надворешните долгови. 

Оваа институција треба да стане достојна алтернатива на ММФ, кој традиционално даваше поддршка на економиите во вонредни буџетски случаи. 

„Голем дел од средствата на Меѓународниот монетарен фонд се користи за во кризни ситуации да се поддржи еврото или националните валути на развиените земји. Ако се земе предвид дека со ММФ управуваат западните земји, малку е веројатно дека оваа организација ќе ѝ даде помош на Русија во случај на тешкотии. Затоа воопшто не е лошо да се имаат заеднички девизни резерви“, тврди претставникот на МНР на РФ. 

Заедничките девизни резерви исто така ќе им помогнат на земјите на БРИКС постепено да воспостават соработка без посредство на доларот, смета Наталија Самојлова. Секако, за тоа ќе биде потребно време. Засега е одлучено девизните резерви на земјите од БРИКС да бидат во американски долари. На тој начин, секако, се дава поддршка и на монетарниот систем на САД. Но, не треба да се исклучи можноста дека во скора иднина (земајќи ги предвид заканите на САД и на ЕУ за економски санкции против Русија) доларот може да биде заменет со рубљата и со други национални валути на земјите од БРИКС.

Рускиот текст на порталот vz.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња