Како Крим може да стане специјална економска зона?

Создавањето на СЕЗ е ефикасен инструмент, кој помага да се привлечат директни инвестиции. Извор: PhotoXpress Source

Создавањето на СЕЗ е ефикасен инструмент, кој помага да се привлечат директни инвестиции. Извор: PhotoXpress Source

Перспективите на Крим во состав на Руската Федерација во дадениов момент се огледаат во неговото претворање во специјална економска зона (СЕЗ). Посебен даночен режим, државни инвестиции и развој на веќе постојните правци треба да го претвори полуостровот во регион-донатор.

Премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, веќе најави дека постојат планови за создавање специјална економска зона на полуостровот. Целта на преобразувањето е Крим од дотациски да стане регион-донатор. Од гледна точка на првиот човек на АД „Специјални економски зони“, Вадим Третјаков, регионот е перспективен, меѓу другото, и поради географската положба. Создавањето на СЕЗ е ефикасен инструмент, кој помага да се привлечат директни инвестиции. СЕЗ може да биде воведена на територијата на целиот регион, како што беше направено во Калининград. Како што забележува Третјаков, очигледно е дека создавањето економски зони во Крим ќе се изведува според посебни правила, а самиот полуостров ќе стане територија од мешан тип, која во себе вклучува неколку кластери за развој.  

Проблемот со водоснабдувањето на регионот руските власти планираат да го решат благодарение на фабриката за опреснување на морската вода, изградба на водовод од Краснодарскиот крај и создавање резервоари на Таманскиот Полуостров.

Меѓу варијантите што се разгледуваат е создавање коцкарска зона во Крим. Како што изјави премиерот на републиката, Сергеј Аксјонов, кримската влада веќе бара место за изградба на казина. Сепак, експертите се скептични во однос на оваа перспектива. „Во Русија сѐ уште не постои искуство за успешна реализација на ваков проект“, вели регионалниот директор на агенцијата за рејтинг „Експерт“, Владимир Горчаков. 

Најперспективни за развој на СЕЗ и за привлекување инвестиции можат да бидат областите што се веќе доволно развиени во регионот, а тоа се туризмот, индустријата и транспортот. 

Туризам 

„Најголемиот потенцијал на регионот е туристичкиот“, убеден е Владимир Горчаков. Според официјалната статистика, регионот го зазема второто место во Русија по бројот на сместувачките капацитети. Ова значи дека не претставува проблем за еден турист да најде хотел, соба или стан. Сепак 80% од овој бизнис се наоѓа во „сенка“. Експертите се уверени дека воведувањето даночни олеснувања за овој вид бизнис ќе дозволи од сенка да излезат приватниците, а, исто така, и ќе дозволи во регионот да се привлечат руски и меѓународни хотелиерски оператори. 

Според мислењето на Горчаков може да се искористи практиката на „импутниот данок“, кој претставува фиксен налог за планиран приход. Освен тоа, за зголемувањето на протокот на туристи неопходно е да се развие транспортната инфраструктура. До денешен ден туристите, во основа, беа од Украина. Според пресметките на претседателот на Асоцијацијата на туристички оператори на Русија (АТОР), Владимир Канторович, во просек во Крим доаѓале четири милиони Украинци и два милиони Руси. Притоа, основниот дел од оние што доаѓале како превозно средство го користеле возот, „со авион на Крим дошле само 300 илјади туристи“, вели специјалистот. 

Може ли Крим да остане без вода?
Минатиот викенд украинските власти го запреа снабдувањето со вода во Северо-кримскиот канал, од кој со вода за пиење се снабдува 80% од полуостровот. Наместо сто кубни метри вода во секунда, кои се предвидени за ова време од годината, моментално низ него поминуваат само шест. Се создаде реална опасност дека во следниве неколку месеци два милиони Кримјани, а заедно со нив и гостите налето, ќе почувствуваат недостиг од вода, вклучувајќи ја и онаа за пиење.

Индустрија 

На второ место според перспективноста за Крим е развојот на производниот потенцијал. „Имено, индустријата денес е базична гранка, која акумулира 37% од сите извори во буџетот“, подвлекува Горчаков. Индустриската база ја сочинуваат претпријатијата од агроиндустрискиот комплекс и од хемиското производство. 

Најпривлечен за инвеститорите е агроиндустрискиот комплекс: производството на житарки, сточарството, лозарството, градинарството, одгледувањето култури за етерични масла, какви што се лавандата, розата, жалфијата. Во овие области, според мислењето на експертите, можат да се приклучат руските агрохолдинзи од најразвиените региони во делот на земјоделството – Краснодарскиот и Ростовскиот. 

Сепак, за развој на земјоделието треба да се реши прашањето за снабдувањето со вода. Проблемот со водоснабдувањето на регионот руските власти планираат да го решат благодарение на фабриката за опреснување на морската вода, изградба на водовод од Краснодарскиот крај и создавање резервоари на Таманскиот Полуостров. 

Транспортен потенцијал 

И на крајот, трет според потенцијалот е транспортно-логистичкиот комплекс. Според зборовите на Горчаков, денес делот на транспортот зазема само 10% од економијата на регионот. Во основа, тоа се четирите трговски пристаништа – Евпаторското, Јалтското, Феодосиското и Керченското. „Во перспектива можно е во нивниот развој да се привлечат крупни руски приватни и квазидржавни инвеститори. Стимул за ова може да биде создавањето на СЕЗ од пристаништен тип на територијата на Републиката“, подвлекува претставникот на агенцијата за рејтинг „Експерт“. Како прво, руските инвестиции ќе бидат државни и ќе бидат насочени кон военоиндустрискиот комплекс: на полуостровот, најверојатно, ќе создадат крупна воена база. Кога станува збор за трговскиот потенцијал, износот на инфраструктурниот фонд на кримските пристаништа е значително поголем одошто на крупните пристаништа на црноморскиот басен на РФ. Да инвестираат во нивното обновување ќе имаат можност оние компании кои ќе ги привлече потенцијалот на регионот – на пример, најголемите логистички оператори чиј список го отвора FESCO. Сепак, за тоа ќе треба најпрво да се реши прашањето со побарувачката. Досега преку пристаништата на Крим извезуваше и увезуваше стоки само Украина“, потсетува Горчаков. 

Како што подвлекува Сергеј Хестанов, управител на групацијата „Алор“, штом ќе се реши прашањето со транспортната достапност, регионот ќе се искачи на ново ниво на развој. Според неговите пресметки, периодот на покривање на трошоците за исплатливост може да се движи од три до пет години. Кога станува збор за инвеститорите, веднаш по гасните компании ќе дојдат приватни, а во подалечна перспектива, штом ќе биде решено прашањето со статусот на Крим на меѓународно ниво, ќе дојде и странскиот капитал.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња