Крим дава алтернатива за Јужен тек

Извор: AP

Извор: AP

Присоединувањето на Крим кон Русија може кардинално да ги подобри параметрите на проектот Јужен тек. Се појави можност за алтернативна маршрута – преку територијата на полуостровот, што за двапати ќе го намачи трошоците за морскиот дел од проектот.

Извозниот нафтовод Јужен тек беше подвргнат на жестока критика поради неговата спорна економска ефикасност. Како прво неговата цена е една од највисоките во историјата на изградбата на цевководниот транспорт (16 милијарди евра). Како второ, технолошки проектот е мошне сложен и се заканува со еколошки ризици, кои се појавуваат поради поставувањето цевки на голема длабочина (до 2.5 километри, светски рекорд во оваа област). 

Во 2011 година, кога беа направени основните еколошки експертизи, кога беше подготвена проектната документација и кога беа склучени првите инвестициски спогодби со земјите-учеснички на Јужен тек и кога стана јасно дека во Москва е донесена цврста одлука за негова изградба, владата на Украина излезе со предлог да се продолжи маршрутата на гасоводот низ територијата на Крим и понатаму по поплиткиот северен дел на Црното море, што би го намалило буџетот за двапати. Гаспром ја отфрли таа варијанта, повикувајќи се на тоа дека со неа не се решава главната задача на Јужен тек, а тоа е исклучување на транзитните ризици. Сега, кога Крим влезе во состав на Русија, за транзитни ризици не може ни да стане збор.

Гасните ризици на Европската Унија
Како украинската „револуција“ ќе влијае врз испораката на гас за Европа и дали Киев ќе може да го врати својот долг на Русија? Како и да е, јасно е дека во блиска иднина од најголемо значење ќе бидат економските, а не политичките прашања покренати со февруарските и со мартовските настани во Украина..

Алтернативна математика

Средната длабочина на гасоводот според постоечкиот проект (по средината на морето, во неутралните води) изнесува 1.7 километри, а максималната достигнува до 2.25 километри. Должината на морскиот дел од маршрутата изнесува 957 километри. Од отворената проектна документација е познато дека буџетот за изградба е составен од два дела: сувоземен – 5 милијарди евра за 1.7 илјади километри и морски – 11 милијарди  евра за 957 километри. А, сега да ги разгледаме параметрите на коригираната маршрута: должината на морската зона е намалена за двапати - на 484 километри, средната длабочина на овој дел од Црното море е за 1.6 пати помала – 1.05 километри, а максималната изнесува 1.44, наместо 2.25 километри. Според оценките на истите европски експерти, алтернативната морска маршрута би чинела 3.6 милијарди евра. Плус околу 420 километри дел на самиот Крим (уште околу 1.2 милијарди евра). Крајната пресметка вели дека трошоците за „кримската“ варијанта на морскиот дел би чинела 4.8 милијарди евра, што е речиси за двапати помалку одошто сегашната варијанта на морскиот дел.

Сè уште не е време да се официјализира алтернативата 

Официјално гасниот монопол нема план да ја потврди корекцијата на маршрутата. Во службата за односи со јавноста на Гаспром го прокоментираа ова на следниов начин: „Измената на трасата на Јужен тек Гаспром ја нема разгледувано. Јужен тек, како прво, е извозен гасовод. Неговата изградба се одвива заедно со странските партнери, кои меѓу другото финансираат дел од проектот. Промената на конфигурацијата ќе повлече неопходност за повторно усогласување на условите за учество и ќе доведе до нарушување на рокот за негова реализација. Утврдените рокови за воведување во експлоатација на гасоводот не дозволуваат нов комплекс на барања. Во моментов се врши масовна изградба на новите гасоводи и компресорни станици на територијата на Руската Федерација, склучени се договори за поставување цевки за првите две линии на гасоводот. Потпишан е договор за изградба на првата линија на морскиот дел, поставувањето ќе започне веќе во 2014 година“. 

„Јужен тек“ без компромиси
Европската Унија како и претходно бара од Русија да ги преиспита сите меѓународни спогодби кои се склучени со земјите низ кои поминува „Јужен тек“ и неговите краци. Стручњаците сметаат дека Европската Унија нема реални законски инструменти со кои би можела да се спречи изградбата на „Јужен тек“, но може да го ограничи протокот на гас и со тоа да нанесе сериозна штета на рентабилноста на овој скап проект.

И компанијата Wintershall, која е партнер на Гаспром, официјално ја отфрли можната измена на трасата: „Присоединувањето на Крим кон Русија нема да влијае врз маршрутата на гасоводот Јужен тек“, изјави членот на управата Марио Мерен. 

Сепак, би било чудно во услови на жестока конфронтација помеѓу Русија и Западот на темата за Крим да се слушне спротивното. Еден од соработниците на рускиот гасен монопол, кој сакаше да остане анонимен, ни изјави дека изработката на маршрутата на Јужен преку Крим веќе е во тек, но засега не е јавна: „Треба да почекаме кога сета оваа приказна со Украина ќе се смири, кога ќе замине во аналите на историјата и кога умовите на западната политичка елита, како што тоа беше со грузинскиот инцидент во 2008 година, кога замрзнувањето на односите траеше неколку месеци. Првата линија секако ќе ја изградиме според постојната маршрута – веќе е склучен цврст договор, Холанѓаните започнаа со работа, наесен тие ќе започнат со поставување по дното. Сепак, најверојатно, останатите три линии ќе поминуваат по оптималната маршрута со оглед на новите геополитички реалии“. Соговорникот исто така смета дека тезата за сложеноста за повторно склучување договори со странските партнери на Гаспром, „кои меѓу другото финансираат дел од проектот“, може да се смета за непостоечка – тие со задоволство би го намалиле рокот на поврат на своите инвестиции, за двапати би ги намалиле трошоците, кои се дадени според пропорционална шема. Друга работа е што сега, политичките елити нема да им дозволат да го направат тоа. 

Водечкиот аналитичар на Фондот за национална енергетска безбедност Игор Јушков исто така смета дека коригирањето на маршрутата Јужен тек е можна, почнувајќи од втората линија, а забавувањето, без оглед на очигледната финансиска предност, е поврзано пред сè со геополитичките ризици по векторот Русија – Запад. Расходите за делумното повторно проектирање и за повторното склучување договори поврзани со измените на морскиот сегмент на гасоводот се едноставно мизерни во однос на економската добивка од тоа, смета Јушков. 

Рускиот текст е на сајтот expert.ru. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња