Русија тестира систем за контрола на интернет-медиуми

Системот е веќе пуштен во пробна работа во руски 19 региони.

Системот за автоматско прибирање и анализа на содржината на сите онлајн-медиуми почна со работа во 19 региони на Русија. Со негова помош „Роскомнадзор“ пребарува противзаконски материјали на сајтовите на информативните изданија. Во моментов системот работи во пробен режим, но до крајот на 2016 година проектот ќе биде во целост завршен и ќе почне да функционира во целата земја, изјави за „Известија“ првиот човек на „Роскомнадзор“  Александар Жаров. 

„Аналитичкиот центар се наоѓа во Главниот радиофреквенциски центар. До крајот на 2016 година проектот ќе биде во целост завршен. Денеска примаме информации од 19 региони. Бројот на регистрирани прекршоци е најмалку двојно зголемен. Ние се трудиме да не казнуваме, затоа што овој систем е нов. Ние повикуваме да се отстранат прекршоците и мислам дека тоа ќе доведе до подобрување на квалитетот на сите медиуми на целата територија на РФ“, вели Жаров.

Во моментов работата на редакциите и новинарите е регулирана со „Законот за средствата за масовна информација“.  

Кога „Роскомнадзор“ регистрира прекршок, тој испраќа предупредување до медиумот. Две предупредувања во текот на годината ѝ даваат на надзорната институција полномошно да се обрати до судот за одземање на лиценцата на медиумот. Во зависност од видот на прекршокот, може да биде изречена казна во износ од 5 илјади до 1 милион рубли. 

Жаров изјави дека новиот систем на „Роскомнадзор“ ги анализира, покрај основниот текст, и коментарите на форумите.

„Согласно одлуката на Врховниот суд, доколку регистрираме коментар (со забранета информација), го информираме медиумот и тој во рок од 24 часа треба да го отстрани. И сите го прават тоа“, истакнува Жаров.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња