Се бараат алтернативи за Visa и MasterCard

Додека не се појави рускиот платежен систем, алтернатива на системите Visa и MasterCard може да претставува кинескиот систем UnionPay. Извор: Ројтерс

Додека не се појави рускиот платежен систем, алтернатива на системите Visa и MasterCard може да претставува кинескиот систем UnionPay. Извор: Ројтерс

Oдлуката на американските системи Visa и MasterCard да ја прекинат соработката со низа руски банки по присоединувањето на Крим, ги принуди властите повторно да се допре темата за премин на алтернативи на платежниот систем. Во Русија веќе одамна пости желба за формирање национален систем. Освен тоа, своето влијание би можело да го прошири меѓународниот кинески систем UnionPay. Имајќи предвид дека 80-90% од околу 200 милиони картички во Русија ги опслужуваат Visa и MasterCard, јасно е дека нема да им биде сеедно.

Централната банка на РФ се обидуваше да го намали влијанието на Visa и MasterCard многу пред настаните во Украина. Овие две корпорации сочинуваат 80-90% од вкупниот број картички. Секако, центарот кој управува со овие картички се наоѓа надвор од зоната што ја контролира Русија.

Во Кина е воведен национален оперативен систем и сите трансакции со картички, вклучувајќи ги Visa и MasterCard, се ограничени така што се одвиваат исклучиво во границите кои се под кинеска јуриздикција. 

Сергеј Глазев, советник на претседателот на РФ

Системот мора да биде под државна контрола, сметаат банкарите. На пример, Банката на Москва ја поддржува идејата за формирање национален систем за платежни картички како инструмент за обезбедување на националната економска и информациска сигурност. „Нам ни се чини дека е најдобро ваквиот систем да се формира под раководство на Централната банка на РФ“, изјави членот на управниот одбор на Банката на Москва Сергеј Меднов. Според него „ЦБ на РФ би требало да настапи како национален платежен и клириншки центар зашто, според наше мислење, ја има сета неопходна техничка и правна основа за тоа“. ЦБ имаше намера од 1 јули 2014 година да основа центар за обработка на трансакции остварени во Русија. Тоа не само што ќе ја зголеми националната безбедност, туку ќе донесе и дополнителен приход за ЦБ (платежните системи би морале да го делат својот приход со Централната банка). 

Претенденти на звањето „национален“ 

Во Русија во моментов освен меѓународните платежни системи се користат и околу 20 локални системи, кои во поголем дел се мали. Големи се само два. Првиот е UnionCard – еден од првите руски платежни системи создаден уште во 1993 година. Во него влегуваат 300 финансиски установи. Вториот платежен систем е „Златна круна“, кој обединува над 500 банки во Русија и во земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД). 

Сепак, стручњаците како најперспективен го гледаат платежниот систем ПРО100 со центар во Сбербанк. За почеток, картичките од оваа банка можат да им се поделат на буџетските корисници како средство за исплаќање на платата. „Предноста пред сè е што се користи технологијата M/Chip, која ја разви MasterCard. Според тоа, на банката за премин на овој систем нема да ѝ биде потребна нова опрема, туку само доработка на софтверот“, вели претседателката на управниот одбор на невладината организација PayU Елена Орлова. 

„На банката ѝ е потребно во просек еден и пол месец за приклучување на платниот систем ПРО100“, вели директорот на одделението за стратешка комуникација УЕК („Универзална електронска картичка“) Андреј Нестеров. За граѓаните, според него, користењето на платежниот систем ПРО100 е бесплатно – за тој да се користи, потребно е да се има универзална електронска картичка. Од друга страна, банката влезот во овој систем ќе ја чини 1.5 милиони рубли, вели Нестеров. Сепак, одржувањето на овој систем е поевтино од одржувањето на странските системи.

Стручњаците како најперспективен го гледаат платежниот систем ПРО100 со центар во Сбербанк. За почеток, картичките од оваа банка можат да им се поделат на буџетските корисници како средство за исплаќање на платата.

Според мислењето на претседателката на управниот одбор на непрофитното партнерство „Национален платежен совет“ Алма Обаева, за локалниот систем да почне да работи на државно ниво потребно е најмалку половина година, но за да соберат клиенти и за да стане глобален како Visa и MasterCard потребно е повеќе од една година. Мора да постои преоден период: „Практиката според која картичките за исплата на плата се емитуваат според модел на локален платежен систем, а кредитните според моделот Visa и MasterCard е карактеристична за некои земји“, објаснува таа и додава: „Ваквиот модел може да заживее, а во Русија процесот на премин на национален систем мора да биде природен“. 

Недостаток 

Сепак, домашниот платежен систем има еден суштински недостаток. „Корисниците ќе имаат проблеми доколку сакаат да ја употребат платежната картичка во странство, каде што не постои поддршка на рускиот систем. Во моментов изнесувањето на каков било домашен систем на меѓународната арена би било тешко“, истакнува првата потпретседателка на организацијата „Руски клуб на финансиски директори“ Тамара Касјанова. 


„Странските инвеститори се враќаат на рускиот пазар на хартии од вредност. Кризата во Украина во текот на првите две недели ги урна индексите на руската берза, но веќе следниот ден по кримскиот референдум беше забележан раст на берзанските показатели.

Картичките ПРО100 засега не се користат надвор од границите на Русија. Елена Орлова смета дека е само прашање на време, што го докажува искуството на други земји, како што се Кина и Индија, во кои веќе функционираат национални платежни системи. 

Кинеска алтернатива 

Додека не се појави рускиот платежен систем, алтернатива на системите Visa и MasterCard може да претставува кинескиот систем UnionPay, кој на рускиот пазар се појави есента 2013 година. Националниот платежен систем на Кина е формиран во 2002 година, и во текот на неколку години доби меѓународен статус. 

„ Во Кина е воведен национален оперативен систем и сите трансакции со картички, вклучувајќи ги Visa и MasterCard, се ограничени така што се одвиваат исклучиво во границите кои се под кинеска јуриздикција. Тоа е посигурно и многу поевтино“, вели советникот на претседателот на РФ Сергеј Глазев. 

И директорот на Асоцијацијата на регионални банки Анатолиј Асаков, инаку пратеник во Државната дума, исто така истакнува дека руските банки кои се оштетени со воведувањето санкции од страна на САД по потреба можат да преминат на системот UnionPay. 

Поголемиот дел од експертите се сложува во процената дека во новонастанатата ситуација губитници ќе бидат само платежните системи Visa и MasterCard, кои ризикуваат да му предадат на конкурентот Кина голем дел од пазарот во руските банки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.