„Ростуризм“ со портал за знаменитостите на Русија

Порталот треба да стане ефикасен инструмент за зајакнување на имиџот на Русија како туристичка земја.

„Ростуризм“ го пушти во работа туристичкиот портал Russia.travel со информација за знаменитостите, историските места и спомениците во Русија,  соопшти во средата прес-службата на руското Министерство за култура, пренесува РИА „Новости“.

„Проект беше започнат од „Ростуризм“ во 2013 година во рамките на реализацијата на Федералната целна програма „Развој на внатрешниот и влезниот туризам во Руската Федерација (2011-2018 година)“. Основата на содржината на порталот Russia.travel ја сочинуваат знаменитостите, историските места и спомениците. При создавањето на Russia.travel беше земено предвид искуството од најпосетуваните туристички портали на земји како што се Швајцарија, Норвешка и Велика Британија“, се вели во соопштението.

Според зборовите на првиот човек на „Ростуризм“ Олег Сафонов, порталот треба да стане  ефикасен маркетиншки инструмент за промоција на домашните туристички производи на домашниот и странскиот пазар, за зајакнување на имиџот на Русија како туристичка земја.

Порталот е интегриран со порталот Култура.РФ и Visit-petersburg.ru. Во најскоро време ќе биде направен интеграција со www.feelrussia.com и со низа регионални туристички портали. Содржината на порталот ќе биде преведена на најважните светски јазици.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња