Кина се подготвува активно да ѝ помага на Москва

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Санкциите и заминувањето на западните инвеститори по украинската криза ќе ја натераат Русија сериозно да воспостави односи со источните соседи. Во среднорочна перспектива Азија може да биде главен пазар за продажба на руската стока и извор на капитал и технологија.

Цената на санкциите 

„Санкциите не само што сериозно ќе влијаат врз економијата на Русија, туку можат погубно да влијаат и на целата светска економија. Сепак, Русија мора да знае дека понатамошната ескалација уште повеќе ја изолира од меѓународната заедница“, рече американскиот претседател Барак Обама, најавувајќи ја примената на вонредниот економски пакет против Русија како одговор на примањето на Крим во рамките на Федерацијата. 

Санкциите што ги воведува Вашингтон, вклучуваат замрзнување на американските акции и забрана за влез во САД на цела низа високи руски официјални лица, шефови на државни компании и неколку крупни бизнисмени кои се тесно поврзани со Кремљ. „Банката на Русија“ е единствената организација која е подвргната на санкции. По истиот пат одат и државите на ЕУ. Освен тоа, Москва беше казнета со исклучување од „осумката“, со замрзнување на преговорите за поттикнување и за заштита на инвестициите (САД) и поедноставување на визниот режим (ЕУ), како и замрзнување на воено-техничката соработка. 

Кои санкции можат да ја исплашат руската економија
На почетокот на март меѓународната изолација на Русија, санкциите и ограничувањата изгледаа како шпекулација. Ако на 16 март референдумот за статусот на Крим донесе одлука за влез во состав на Руската Федерација, ваквите закани можат да се претворат во стварност.

Меѓународниот бизнис еднократно ја интерпретира ситуацијата во Украина како голем ризик за која било операција поврзана со Русија. Чувствителна за руската економија може да биде реакцијата на глобалните финансиски пазари. Агенциите Moody's i S&P, кои се занимаваат со рејтинг, веќе објавија дека можат да го намалат рејтингот на Русија. Ако се случи тоа, ќе се зголеми цената на заемите на надворешните пазари за државата, главните финансиски државни институции како што се Сбербанк, ВТБ и ВЕБ, а потоа со верижна реакција и сите компании кои се занимаваат со парите на Западот. Според податоците на „Банката на Русија“ од почетокот на 2014 година руските банки им биле должни на странците речиси 215 милијарди долари, а компаниите околу 438 милијарди долари. Само во следниве две години врз основа на надворешни долгови ќе мораат да платат речиси 88 милијарди долари, а компаниите повеќе од 182 милијарди долари. 

Како последица на заострувањето на односите со Запад може да биде и затворање на пристапот за руските компании во глобалните финансиски центри. За време на многу години поголемиот дел руски компании за свој ИПО (иницијална јавна понуда – заб. ред.) ја избра Лондонската ефективна берза и американските NYSE i NASDAQ. Сега многу ИПО можат да бидат укинати или одложени за подобри времиња. Уште една негативна последица е одливот на капитал кој може да достигне до 50 милијарди долари во еден квартал. 

Не помалку сериозни последици може да има и тежнеењето на ЕУ да ја намали зависноста за рускиот гас, што ќе овозможи спроведување ригорозни политики кон Москва. Но земајќи ја предвид енергетската зависност од Русија, Европа не може да го одбие гасот од Руската Федерација. Главна закана е можна либерализација на извозот од ЗНД и од САД. 

Строго на исток 

Но, Москва се чини дека веќе осмислила како може да ги надомести загубите. Одговор на санкциите на Западот мора да стане развој на трговско-економската врска со Истокот. Азија навистина може да стане за Русија полноцен пазар кој би бил алтернатива за Европа, уверен е Сергеј Мен, раководител на Eurasia Capital Partners. Според него, државите на Источна и на Југоисточна Азија се најбрзите пазари во развој за потрошувачка на главните групи руска извозна стока: јаглеводород, метали, хемија, прехранбени производи. Кина од 2009 година е најголем трговски партнер на Русија (89 милијарди долари во 2013 година). Освен тоа, Пекинг е подготвен да им помогне на руските партнери. Без оглед на тоа што политичката реакција на Кина во однос на настаните на Крим беше воздржана, на економски план Кина е подготвена активно да ѝ помага на Москва да ги преживее санкциите. 

Како едно од можните осигурување е зајакнувањето на соработката со алтернативните партнери – Јужна Кореја и Јапонија, која е крајно вознемирена од развојот на Кина. „По доаѓањето на власт на новиот премиер Шинзо Абе, Токио полага големи надежи во соработката со Русија. Целта не е само развој на бизнисот на јапонските компании на Далечниот исток на Руската Федерација, туку и помош од страна на Русија да не стане приврзок на Кина“, вели еден од стручњаците кој беше консултант на јапонската влада. Поради воспоставување односи со Русија и особено со Владимир Путин, Абе стана еден од лидерите на „седумката“ што ја посети Олимпијадата во Сочи. Сепак, моментално е зголемен притисокот врз Токио. 

САД треба да направи сериозен избор: или Вашингтон и понатаму ќе продолжи да врши притисок врз Токио и врз Сеул, со цел да ја зајакне изолацијата на Москва, или ќе им дозволи на своите партнери во Азија да се ограничат на чисто симболички санкции за да не ја турнат Москва, да не ѝ остават на Русија некој друг избор, во прегратките на кинеските партнери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња