Путин ќе говори во Генералното собрание на ООН на 28 септември

Во својот говор претседателот Путин ќе се осврне и на заедничката борба против тероризмот, изјави помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков.

Настапот на претседателот на РФ Владимир Путин на сесијата на Генералното собрание на ООН во Њујорк е планиран за 28 септември, изјави помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков, пренесува ТАСС.

„Претседателот ќе говори утрото на 28 септември, тоа е веќе договорено“, рече Ушаков. Според неговите зборови, во својот говор Путин ќе се осврне на „клучните аспекти на меѓународната агенда, вклучително, се разбира и на прашањата кои се однесуваат на заедничките напори во борбата против тероризмот“.

Во целина, зборувајќи за подготовките околу посетата на рускиот лидер на Генералното собрание на ООН во Њујорк, Ушаков истакна дека руската страна ѝ придава многу голема важност на 70-годишницата на ОН и смета дека е неопходно да се потенцира заинтересираноста на Москва Организацијата „и понатаму да игра улога на координатор за сите прашања од меѓународната агенда и меѓународната безбедност“. „И тие моменти, несомнено, ќе бидат одразени во настапот на нашиот претседател“, заклучи Ушаков.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња