За Русија најважно е прашањето за нејзиното место во новата архитектура на светската економија. Извор: Ројтерс
Светската економија денес се наоѓа во преодна состојба. Кризата од 2008-2010 година е веќе завршена, но не постои цврста увереност дека доаѓа време на брз раст. Водечките земји на планетава балансираат меѓу стремежот да го зачуваат либералниот карактер на трговијата и желбата да ги искористат буџетските ресурси за стимулирање на растот во своите земји, што често е на штета на соседните држави. Ова е главниот проблем за неформалните дискусии во Давос-2014, каде учество ќе земат повеќе од 2.500 лица, меѓу кои и 40 шефови на држави и влади.
До кризата во 2008 година се беше доволно јасно: либералната економија беше најповолна за најмоќната држава на планетава (односно за САД). Затоа за откажување од привилегиран статус на други земји, Вашингтон плаќаше со отворање на сопствениот пазар за стоки и услуги од државите-партнери, го стимулираше потокот на инвестиции во нив и помагаше во стабилизација на курсот на националната валута. Сега овој модел повеќе не работи.
Странските лидери би сакале да слушнат од Русија изјава за приврзаност кон либералната економија, придржување кон нормите на СТО, намалување на државниот сектор во руската економија.
Многумина експерти ја ставаат под сомнение економската доминација на поранешните лидери: САД, ЕУ и Јапонија. Тие, пак, од своја страна, не потпирајќи се на растот ориентиран кон извозот и кон сопствениот внатрешен пазар, се обидуваат да создадат преференции за националните компании во самата земја, да ги поддржат неоправдано дарежливите социјални програми, да ја омекнат монетарната политика со посредство на ниски проценти и со девизни интервенции.
Сè повеќе компании од САД, Франција и од Велика Британија носат одлуки за затворање на своите претпријатија во земјите во развој и за враќање на производството во сопствените земји. Ваквата „деиндустријализација“ на земјите во развој, нивното лишување од перспективите за добивање директни инвестиции и најнови технологии претставува голема закана за економската стабилност во светот. Ние влегуваме во период на засилување на интервенциите од страна на владите во животот на бизнисот и на општеството, и многумина не се среќни со ваквата тенденција.
Водечките економисти од светот сега упорно размислуваат за тоа што да предложат како замена за „трополарниот модел“ САД - Европа - Јапонија. Како да се интегрираат во претходниот модел земјите од БРИКС, особено Кина? За Русија најважно е прашањето за нејзиното место во новата архитектура на светската економија. Засега одговорот е следен: забрзување на интеграциите на постсоветското пространство, засилување на сопствениот пол во светскиот политичко-економски систем, рамноправност во учеството при разгледувањето на актуелните проблеми на современиот свет.
Странските лидери би сакале да слушнат од Русија изјава за приврзаност кон либералната економија, придржување кон нормите на СТО, намалување на државниот сектор во руската економија. Ваквите изјави наспроти форумот веќе ги изнесе првиот вицепремиер Игор Шувалов во интервју за рускиот неделник The New Times.
Но, во светот добро се знае дека одлуките во Русија се донесуваат во Кремљ, па затоа чекаат слични изјави и од претседателот на Русија Владимир Путин. Составот на руската делегација на Давос-2014 (вицепремиерот Аркадиј Дворкович и министерот за економски развој Алексеј Уљукаев) покажува дека оваа дискусија за Русија не е приоритетна.
Останува задачата за формирање позитивен имиџ за земјата. За оваа цел изборот на руската делегација е идеален. Вицепремиерот Дворкович и министерот Уљукаев се познати како либерални и остри полемичари, кои ги критикуваат недостатоците на рускиот економски систем. Мислам дека тие ќе продолжат да се занимаваат со својата сакана работа и во Давос. Уште една „странична“ мисија за нив ќе биде рекламирањето на Олимписките игри, кои по две недели започнуваат во Сочи.
За Русија оваа Олимпијада е најважниот настан во внатрешниот живот и во меѓународната политика оваа година. Затоа сум уверен дека сите дискусии на кои ќе учествуваат руските претставници ќе се однесуваат на Сочи и на степенот на подготвеност на Русија за спроведување на Олимпијадата на достојно ниво.
Авторот е доктор на економски науки, доцент на Факултетот за меѓународни односи при Санктпетербуршкиот државен универзитет.
Целиот текст можете да го прочитате на Russia Direct.
Russia Directе е меѓународен аналитички медиа-аутлет кој се фокусира на надворешната политика. Премиум услугите, како што се месечните аналитички белешки и кварталните бели книги се бесплатни, но се достапни само за претплатниците. За повеќе информации за претплатата, ве молиме посетете ја страницата
russia-direct.org/subscribe.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче