Првиот човек на Источниот комитет за економија на Германија Екхард Кордес ја критикуваше одлуката на земјите од Г-7 да не ја поканат Русија на претстојниот самит.
Самитот на Г-7 ќе се одржи на 7 и 8 јуни во замокот Елмау на баварските Алпи.
Во интервјуто за германското издание на „Велт ам Зонтаг“, Кордес изјави дека откажувањето да се искористат таквите средби, како што е самитот на Г-7, за воспоставуање дијалог со Русија е пропуштена можност, пренесува агенцијата „ДПА“.
„Средбата на Г-7 плус Русија може да придонесе за решавање на кризата и за префрлање на Русија на конкретни постапки во украинскиот конфликт“, ги цитира агенцијата зборовите на Кордес.
„Осумката“ се претвори во „седумка“ откако земјите на Г-7 во 2014 година одлучија да не ги испратат своите лидери на самитот на неформалниот клуб на развиените земји во Сочи и се состанаа без учество на Русија во Брисел. Таквата одлука беше донесена поради настаните на Крим. Во моментов во групата на седумте најразвиени земји влегуваат Германија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Велика Британија и Италија.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави по тој повод дека Русија никој не ја исклучил од Г-8 затоа што „осумката“ е само клуб во кој се состануваат лидерите на водечките држави во светот за да дискутираат за прашања од заемен интерес, а „не е некаква структура од која може да ве истераат“, и никакви процедурални механизми за исклучување не постојат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче