Путин патува на финалето во Бразил

Претседателот на РФ Владимир Путин ќе присуствува на финалето на Светското првенство во Бразил.

Претседателот на РФ ќе присуствува на финалето во Бразил, каде после завршувањето на натпреварот ќе и биде предадено правото на Русија за одржувањето на следното Светско фудбалско првенство, пренесуваат руските медиуми.

Финалето е закажано на 12 јули на стадионот „Маракана“, во Рио де Женеиро. На церемонијата на предавање, покрај Путин, ќе присуствува и претседателката на Бразил Дилма Русев, како и бројни спортски функционери, вклучително и членовите на Организациониот комитет за подготовка на СП - 2018, а и претставници на 11 руски градови каде истото ќе биде одржувано. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња