Наместо Царинска унија – Евроазиска економска унија

Владимир Путин соопшти дека премиерот на Индија му се обратил со предлог да се разгледа можноста за потпишување договор за зона на слободна трговија за неговата земја со Царинската унија. Извор: РИА Новости

Владимир Путин соопшти дека премиерот на Индија му се обратил со предлог да се разгледа можноста за потпишување договор за зона на слободна трговија за неговата земја со Царинската унија. Извор: РИА Новости

Русија, Белорусија и Казахстан на самитот во Минск ја потврдија својата намера до 2015 година врз основа на Царинската унија да формираат Евроазиска економска унија (ЕЕУ). Лидерите сметаат дека на новата алијанса подоцна би можеле да ѝ се приклучат и Турција, Индија, па дури и Сирија. Украина, меѓутоа, според зборовите на претседателот Владимир Путин, зазеде курс кон асоцијациско членство во ЕУ и повеќе за неа нема можност да влезе во Царинската унија.

Намерата за создавање на Евроазиска унија беше потврдена на 24 октомври на самитот на шефовите на Русија, Белорусија и на Казахстан. Сите процедури за усогласување меѓу овие држави, кои се неопходни за договорот за унија да стапи на сила, треба да бидат завршени до мај следната година. Ова на самитот во Минск го соопштија лидерите не земјите. 

Излезе дека постојат големо количество препреки на патот на трансформација на Царинската унија во Евроазиска. Ситуацијата статус кво најактивно ја критикуваше претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев. Астана засега има многу повеќе штета одошто корист од учеството во Царинската унија, се пожали Назарбаев зашто се зголемуваат диспропорциите во трговскиот биланс на земјата. И понатаму постојат тешкотии во пласманот на казахстанските производи на пазарите во Русија, не е слободен ниту пристапот на електричната енергија на рускиот пазар, а ограничени се и можностите за нејзин транзит. Царинските прописи на Царинската унија би требало да бидат максимално поедноставени и да станата колку што е можно полиберални. Сиве овие тешкотии ги наброја претседателот на Казахстан.

„Кој нè брка и каде брзаме?!“, со негодување запраша казахстанскиот лидер.

Тој се изјасни против брзото ширење на Царинската унија. Најпрво треба да се решат проблемите што постојат, па дури потоа да се продлабочува интеграцијата и да се примаат нови членови, смета Назарбаев.

Макроекономските показатели на земјите членки на Царинската унија „се сосема прифатливи“ во контекст на забавувањето на темпото на глобалната економија, истакна рускиот лидер.

На крајот Назарбаев предложи да се разгледа можноста за влез на Турција, па дури и на Сирија во Евроазиската унија. „Секогаш кога одам на Запад ме прашуваат: што правите таму, да не го обновувате Советскиот Сојуз под параванот на Царинската унија? За повеќе да нема такви разговори, предлагам да ја примиме Турција. Таа е голема земја, и тогаш таквите причини ќе ги снема“, рече шефот на Казахстан. Во исто време постави и услов: сите членови на унијата треба да имаат еднакви права, како што беше случајот со Европската Унија. Назарбаев им предложи на лидерите да се разгледа и можноста за примање на Киргистан и на Таџикистан во Царинската унија. Ова барање се однесува и на Ерменија, која изрази желба да се приклучи на Царинската унија, прецизираше Назарбаев.

Назарбаев, исто така, нагласи дека по создавањето на Евроазиската економска унија во 2015 година ќе престане да постои Евроазиската економска заедница, која се поклопува со унијата. „Оваа организација нема да ни биде потребна, секако дека треба да ја затвориме“, резимираше претседателот на Казахстан. 

Забелешки на функционирањето на Царинската унија изнесе и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко. Посебно незадоволство кај шефот на белоруската држава предизвика „купот исклучоци“ во важечките закони на Царинската унија. „Ако сме се договориле, тогаш ајде навистина да создадеме единствена економија и да ги укинеме тие исклучоци“, нагласи белорускиот лидер. „Бројот на исклучоци и ограничувања не само што не е намален, туку во определени правци е дури и зголемен!“, рече Лукашенко. 

Владимир Путин не полемизираше, ниту ги убедуваше своите колеги од Царинската унија. Само потсети дека за три години од постоењето Царинската унија ја докажа својата ефикасност. Макроекономските показатели на земјите членки на Царинската унија „се сосема прифатливи“ во контекст на забавувањето на темпото на глобалната економија, истакна рускиот лидер.

Сите процедури за усогласување меѓу овие држави, кои се неопходни за договорот за унија да стапи на сила, треба да бидат завршени до мај следната година.

Главниот аргумент во корист на понатамошната интеграција Путин го остави за крај. Тој соопшти дека премиерот на Индија за време на посетата на Москва во октомври му се обратил со предлог да ја разгледа можноста за потпишување договор за зона за слободна трговија со Царинската унија.

Освен тоа, претседателот на РФ Владимир Путин на прес-конференцијата по завршувањето на заседанието на Високиот евроазиски економски совет во Минск изјави дека Украина по потпишувањето на спогодбата за асоцијациско членство со ЕУ нема да може да се приклучи на Царинската унија.

„Не, тоа не е можно“, одговори шефот на руската држава на новинарското прашање за перспективите за приклучување на Украина кон Царинската унија. Русија нема намера да се меша во процесот на европската интеграција на Украина, истакна рускиот лидер и прецизираше дека Москва „не е ниту за, ниту против“. „Тоа воопшто не е наша работа, тоа е суверено право на украинското раководство кое го сочинуваат претседателот, парламентот и владата“, истакна тој. 

Според Путин, неможноста за приклучување на Украина кон Царинската унија е условено од создавањето зони на слободна трговија помеѓу Киев и ЕУ, соопштува ИТАР-ТАСС. Станува збор за тоа дека Украина ќе биде принудена да го укине поголемиот дел увозни тарифи и да го отвори својот пазат за производите од ЕУ.

„Таквото отворање на пазарот за нас е мошне опасно и неприфатливо на сегашната етапа на развој на нашата економија“, нагласи рускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња