Извор: ИТАР-ТАСС
Падот на Московската берза траеше од почетокот на лицитацијата, но по 17 часот по московско време падот многу забрза, а до 18:09 котирањето на обичните акции падна за 47%, со што сега нивната вредност изнесува 50.7 рубли.
„
„Мечел“ е голема руска рударска и металуршка компанија. Во неа се обединети производителите на јаглен, на концентрат на железна руда, челик и ковина.
Според резултатите од лицитацијата компанијата поевтинела до 861.8 милиони долари. Ова е историски минимум. За споредба можеме да кажеме дека во мај 2008 година капитализацијата изнесуваше 24 милијарди долари.
„Мечел“ е голема руска рударска и металуршка компанија. Во неа се обединети производителите на јаглен, на концентрат на железна руда, челик и ковина. Сите претпријатија работат во еден производен синџир: од суровина до производство со висока додатна вредност. Производството се реализира на руските и на странските пазари. „Мечел“ е прв и засега единствен издавал на хартии од вредност меѓу рударските и металуршките компании во Русија и во Источна Европа, а своите акции ги има понудено на Њујоршката берза.
„Работата на низа учесници на лицитацијата со акции на јавната компанија „Мечел“ на отворениот пазар од 17 часот ма 13 ноември 2013 година се предмет на внимателно набљудување на службата. Таа ги анализира договорите кои биле склопени во тој период на пазарот надвор од берзата и ќе ги побара сите потребни информации од компанијата“, изјавија од службата за финансиски пазари на Банката на Русија.
„
Долгот на „Мечел“ на 1 јули годинава изнесуваше 9.6 милијарди долари. Оваа година на банките треба да им врати 965 милиони долари, а следната уште повеќе – 2.5 милијарди долари.
Финансиската ситуација на компанијата не е едноставна. Долгот на „Мечел“ на 1 јули годинава изнесуваше 9.6 милијарди долари. Оваа година на банките треба да им врати 965 милиони долари, а следната уште повеќе – 2.5 милијарди долари. Компанијата води сложени преговори за преиспитување на условите од кредитот. Олег Попов, директор на дел од акциите на „Allianz Investments“, тврди дека на пазарот „поминал“ бран на панична распродажба. „Поради стравот дека преговорите на 'Мечел' со главниот заемодавец ќе бидат неуспешни, започна распродажбата“, вели Олег Попов за дневниот весник Комерсант. Од пакетот на Игор Зјузин (сопственик на 67.42% од акциите) околу 50% од акциите на „Мечел“ се ставени како залог за кредитите.
Во „Мечел“, пак, истакнуваат дека преговорите со банките течат успешно и дека ќе завршат до крајот на ноември. „Намалувањето на текот на акциите има исклучиво шпекулативен карактер“, истакнуваат од компанијата.
Весникот Ведомости, повикувајќи се на извор од банка-заемодавач на „Мечел“, пишува дека станува збор за продажба на неколку крупни пакети. Не е јасно кој ги продавал акциите.
Падот на акциите на Московската берза беше рекорден. Последен пат толку силен пад (за 45%) се случи во јули 2008 година, кога Владимир Путин го обвини „Мечел“ за финансиски офшор-шеми и за продажба на јаглен на внатрешниот пазар по зголемени цени.
Статијата е напишана според материјали од агенциите Комерсант, РБК daily и Ведомости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче