Новак: пазарот ќе ги регулира цените на нафтата

Нарушениот баланс меѓу побарувачката и понудата на пазарот на нафта ќе биде регулиран од самиот пазар.

Нарушениот баланс меѓу побарувачката и понудата на пазарот на нафта ќе биде регулиран од самиот пазар, изјави министерот за енергетика на Русија Александар Новак, а пренесува ТАСС.

Тој појасни дека ниските цени на нафтата автоматски го намалуваат производството на нафта во малите и скапи проекти, со што ќе се намали и самата понуда на пазарот. „Гранката се развива циклично, и денес циклусот диктира намалување на цената“, смета Новак.

Исто така, според неговите зборови, руските компании не планираат да го намалуваат производството на нафта следната година. Планот е да се произведе истата количина нафта како и годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња