Аерофлот не брза со приватизацијата

Според прогнозираниот план за приватизација, објавен од Росимушество, уделот на државата во Аерофлот треба да биде намален до блок пакетот до крајот на 2016 година. Извор: Аерофлот

Според прогнозираниот план за приватизација, објавен од Росимушество, уделот на државата во Аерофлот треба да биде намален до блок пакетот до крајот на 2016 година. Извор: Аерофлот

Аерофлот може да биде приватизиран побавно одошто беше предвидено со планот на Федералната агенција за управување со државниот имот (Росимушество). Во презентацијата на авиокомпанијата се вели дека брзото излегување на државата од нејзиниот капитал ќе го претвори Аерофлот во регионален играч.

Новите рокови за приватизација на Аерофлот кои се дадени во материјалите на авиокомпанијата, подготвени за експертското запознавање со „патната карта“ на приватизацијата на Аерофлот. Излегувањето на државата од Аерофлот е предвидено во две етапи.

На првата етапа (2013-2015 година) потребно е да се заврши интеграцијата на регионалните компании на „Ростех“ во групата „Аерофлот“, да се создаде нискобуџетен авиопревозник и друго, по што може да се намали уделот на државата во авиокомпанијата од 51.17% на 50% плус една акција, а количеството акции во слободен обрт да се зголеми на 40 %, со понуда на 10.55% од акциите (3.55% на „Ростех“, благајнички акции – 4.66% и дополнителна емисија – 2.34%). Минатата недела на затворањето на Московската берза 10.55% од акциите на Аерофлот чинеа 6.48 милијарди долари (203 милиони американски долари). Уделот на државата до 25% плус една акција треба да се намали на втората етапа од 2016 до 2020 година. Одлуката за формата и за роковите во втората етапа треба да бидат донесени во 2015 година. Според прогнозираниот план за приватизација, објавен од Росимушество, уделот на државата во Аерофлот треба да биде намален до блок пакетот до крајот на 2016 година.

Нема да биде фер доколку бонусот од понатамошното зголемување на капитализацијата го добие купувачот, а не државата како моментален сопствени.

Претставникот на „Аерофлот“ уверува дека „патната карта“ е усогласена со Росимушество. Не успеавме да добиеме коментари од страна на надлежните ресори.

„Постои чувство дека [генералниот директор на Аерофлот, Виталиј] Савељев категорично не ја сака приватизацијата во овој момент. Ми се чини дека [директорот на Росимушество, Олга] Дергунова го поддржува, вели еден од учесниците на презентацијата. – Савељев успеа да успеа да спроведе преговори со Росимушество, со банките кои беа консултирани во врска со приватизацијата, така што неговото мислење беше прифатено од сите страни“. Савељев смета дека акциите треба да почнат да се продаваат тогаш кога компанијата ќе се најде на врвот на капитализацијата, а Аерофлот не е праведно оценет за 30-50%, вели извор близок на авиокомпанијата. Нема да биде фер доколку бонусот од понатамошното зголемување на капитализацијата го добие купувачот, а не државата како моментален сопствени, изјави соговорникот за „Ведомости“.

Својата позиција Аерофлот ја поткрепува со анализата на меѓународното искуство. За странските компании, кои се развиваат според сценариото за „национален авиопревозник“, карактерни се „глобалното присуство, турборастот и неколку брендови во нивно управување“. Ваквите авиопревозници „ги формираат правилата на игра“, а Аерофлот смета дека тоа се компаниите како што се Air France, Lufthansa, British Airways и др. Авиопревозниците кои „се потчинуваат  на правилата на игра“, се развиваат како „регионални авиокомпании: на пример Austrian, Swiss(двете влегуваат во групата Lufthansa), LOT, Malev и др. Тие беа приватизирани брзо и се занимаваат само со „довезување на патниците за глобалните играчи“ – оваа улога тие ја добиле благодарение на „погубната вообразеност [на државата] во однос на либерализацијата на пазарот“, на „поддршката на внатрешната конкуренција“, на „слабото внимание за целосно развивање на хабовите“. „Премногу либерални односи во развојот на националната авиомрежа води кон заземање на вторична позиција на глобалниот пазат со неефективен национален авиопревозник“, се подвлекува во презентацијата. Доколку Аерофлот тргне по тој пат, тогаш „Русија значително го зголемува ризикот да ја загуби авиотранспортната самостојност“.

Доколку државата допушти измени како поддршка на Аерофлот, а на штета на другите авиокомпании, тогаш инвеститорите ќе ја напуштат оваа индустрија, а тоа нема да биде фер. Тогаш е наједноставно сите компании да се национализираат.

Аерофлот во моментот не е дооценет за околу 40%, се согласува началникот на аналитичкото одделение на агенцијата „Авиапорт“ Олег Пантелеев: „Без разлика на роковите за приватизација на Аерофлот ползата од меките кои државата може да ги примени за зголемување на неговата капитализација (корекција на законот за нискобуџетни компании, зголемување на меѓународното присуство) е огромна“. Да се дојде до зголемување на капитализацијата може без сериозни вложувања во авиокомпанијата, забележува Пантелеев: „За Росимушество да не вложи ниту еден денар и да добие пораст на капитализацијата за 40 % е огромен плус“.

Според генералниот директор на авиокомпанијата „Јутер“ Андреј Артиросов, Аерофлот е изменет: „Кај оваа компанија сега постои поинакво бизнис-размислување; државата сега не создава поинакви услови за неа, туку, менувајќи ги правилата на игра за Аерофлот (на пример, за создавање на нискобуџетен Аерофлот – заб. Ведомости), таа ги менува и за сите останати. Но, доколку државата допушти измени како поддршка на Аерофлот, а на штета на другите авиокомпании, тогаш инвеститорите ќе ја напуштат оваа индустрија, а тоа нема да биде фер. Тогаш е наједноставно сите компании да се национализираат.

Оригиналниот текст на Ведомости

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња