Помалку пиво во Русија

ФОТО: Мала руска пиварница. Извор: ИТАР-ТАСС

ФОТО: Мала руска пиварница. Извор: ИТАР-ТАСС

Пазарот на пиво, кој веќе се намали од почетокот на годинава за 10% и понатаму ќе продолжи да се намалува и тоа минимум до 2014 година. Ова е прогнозата на Сојузот на руските производители на пиво.

До крајот на 2014 година пазарот ќе се намали за 25-30% во однос на 2008 година, изјави Исак Шепс, претседател на советот на Сојузот на руските производители на пиво (кој ги претставува поголемиот дел најголеми производители, со исклучок на „Очаково“) и постар потпретседател на Carlsberg Group (кој е сопственик на „Балтика“, пиво број еден на рускиот пазар) за Источна Европа. Во 2008 година, според материјалите на Сојузот, производството на пиво изнесуваше 109.3 милиони хектолитри, додека до крајот на следната година се очекува намалување до 76.5-82 милиони хектолитри. За осумте месеци од оваа година производството на пиво е намалено за 10% (во однос на истите месеци од 2012 година), се вели во материјалите на Советот: на крајот на 2012 година обемот на пазарот изнесувал 90.4 милиони хектолитри, а за периодот од јануари до август истата година тој изнесувал 81.3 милиони хектолитри.


Дознај што пиеш

Самите производители на пиво не го откриваат податоците за продажбата во Русија, потпирајќи се само на резултатите од Источна Европа во целост. Според резултатите за првото полугодие кај AB InBev се забележува намалување на продажбата од 13.1%. Намалување прикажаа и Efes, и SABMiller (овие две компании се обединија во рускиот бизнис), кој исто така е резултат на намалениот обем на продажба во Русија. Carlsberg исто така има намалена добивка во Источна Европа – за 1%, односно 9.2 милијарди круни (1.6 милијарди американски долари), но затоа малку е зголемена општата продажба, и тоа за 3% односно 21.9 милиони хектолитри. Heineken изјавува дека во Источна Европа е намалена добивката за 3.8% во првото полугодие, односно, изразено во парична сума, на 1.527 милијарди евра (податоците за обемот на продажба компанијата не ги открива).

До 1 јануари 2010 година акцизата за пивото со алкохол до 8.6% изнесуваше 2.76 рубли, а од 1 јануари таа порасна на 3 рубли. Оваа година акцизата изнесува 15 рубли, а следната година ќе порасне на 18 рубли за литар.

Во 2008 година државата почна да го стега ременот во однос на законската регулатива за производителите на пиво. Постепено беше забранета рекламата на улиците, рекламата во сите медиуми и на Интернет. Беше ставена забрана за продажба на пиво во трафиките, а за продажбата во продавниците беше донесено временско ограничување (исто како и за жестоките пијалаци). Од 1 јули годинава во сите фабрики за производство на пиво во Русија беа поставени бројачи на производството. Паралелно растеа и акцизите: до 1 јануари 2010 година акцизата за пивото со алкохол до 8.6% изнесуваше 2.76 рубли, а од 1 јануари таа порасна на 3 рубли. Оваа година акцизата изнесува 15 рубли, а следната година ќе порасне на 18 рубли за литар.

Heineken се насочува кон премијализација на портфолиото на брендовите и планира да се придржува на оваа стратегија. Неодамна компанијата го лансираше брендот Amstel Premium Pilsner.

Производителите на пиво, пак, на различен начин реагираат на намалувањето на продажбата. Heineken се насочува кон премијализација на портфолиото на брендовите, вели директорот за корпоративни односи на Heineken во Русија Ана Мелешина ( во последно време компанијата го лансираше брендот Amstel Premium Pilsner), и планира да се придржува на оваа стратегија. По истиот тој пат оди и „Очаково“, вели директорот за продажба Владимир Ефремов: компанијата го сосредоточува своето внимание на исфрлање нови, премиум сорти пива, чија консумација не се намалува толку многу како кај евтините (оваа година беше лансиран еден таков бренд, а за следната година се планираат уште неколку). Да се намалува квалитетот на производството за сметка на неговата цена, која се зголемува заради акцизите, не се планира, вели раководителот на одделот за односи со јавност на „Очаково“ Јана Виноходова.

„Да се бориме со акцизите и со веќе донесените ограничувања е мошне тешко“, констатира директорот за надворешни врски на Efes Кирил Болматов. Неговата компанија планира отпор кон измените во државните закони, кои можат да ја зголемат цената на пијалакот – на пример, во делот кој се однесува на барањата за складовите, објаснува Болматов. 

 http://www.vedomosti.ru/companies/news/17055221/pivo-vydyhaetsya#ixzz2gjwOy400

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња