Русија од почетокот на годината продаде оружје и воена техника за речиси 10 милијарди долари

Русија планира да продаде оружје во вредност од 15 милијарди долари годинава.

Русија од почетокот на годината продаде оружје и воена техника за сума од 9.8 милијарди долари, пренесува РИА Новости, повикувајќи се заменикот директор на федералната служба за воено-техничка соработка, Анатолиј Пунчук.

Во 2013 година Русија продаде оружје и воена техника во висина од 15,7 милијарди долари. Прогнозите на Федералната служба се дека и годинава Русија ќе продаде оружје за иста сума.

Пунчук подвлече дека претходните планови се реализираат и дека Русија ќе стане еден од лидерите според продаденото оружје и навременото реализирање на сите воени нарачки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња