Регионалните власти обрнуваат внимание на иновациите и на извозниците. Извор: Коммерсант
Според податоците на ЛИОМ Свердловската област е еден од најбрзо растечките региони на Русија.
Географската положба, развиената индустрија и научната база се добра основа за развој и за модернизација на регионот, а новите проекти се погодни за привлекување повеќе инвестиции и за одржување на претприемништвото.
Инвестиционата политика на Свердловската област е насочена кон трансформација на областа од регион со стара индустрија во центар на високата технологија . Во регионот обемот на инвестициите во основни средства е зголемен за 2,5 % и достигна 341 милијарди рубли, а странските инвестиции се зголемија тројно за овој период .
За изминатата година оваа област добила 5.2 милијарди долари, што е највисок показател од почетокот на 2000 година. Екатеринбург традиционално се смета за место за спроведување на значајни меѓународни манифестации и средби на високо ниво и меѓу Измир (Турција), Ајутхаја (Тајланд) , Дубаи (ОАЕ) и Сан Паулу (Бразил) е кандидат за домаќин на ЕКСПО 2020 .
Според податоците на експертот Марија Глухова регионот на Урал е „репер за многу индикатори“.
Во Ханти-Мансијскиот автономен округ, кој го зазеде второто место во рангирањето поради специфичноста на регионот, ситуацијата е поинаква . Тука работат такви гиганти како што се „Роснефт“ , „Гаспром“ , Лукоил , „Сургутнефтегаз“ ТНК - БП „Славнефт“, „Русснефт“ и други , што го отежнува развојот на бизнисот во регионален размер.
Регионалните власти се обидуваат да го намалат влијанието на олигополите. Во таа насока Владата на округот ќе компензира дел од трошоците за обука на почетници-претприемачи и ќе обезбедува субвенции.
Освен тоа, во регионот функционира и динамично се развива центар , во кој има спортско- туристичка зона: во 2012 година приливот на домашните туристи во регионот достигнал 450 илјади луѓе, што е за 12,2 % повеќе од 2011 година.
Третото место го зазеде Татарстан кој исто така се потпира на развојот на малите и средни бизниси . Од 2004 година во републиката чекор по чекор се гради инфраструктура за развој на мали и средни претпријатија. Во регионот беше изграден првиот во земјата иновациски технопарк „Идеја“, потоа беше организиран Инвестициски фонд и се појавија лизинг-компании; подоцна беше формирана и мрежа од бизнис-инкубатори. Регионалните власти обрнаа особено внимание на иновацискиот бизнис и на извозниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче