Фотографија: РИА Новости.
Епл води преговори за директна доставка на Ајфон со трговците за електроника на мало, изјавуваат за дневниот весник „Ведомости“ луѓе на трговците. Преговорите се прелиминарни, конкретните услови на соработка сè уште не се разгледани, додаде еден од нив. Друг, пак, се надева дека директната испорака на Ајфон ќе започне веќе кон почетокот на есента годинава, што претставува традиционален период на висока сезона во трговијата.
Неколку години Епл се обидуваше да го продава Ајфон во Русија на начинот како што тоа го прави во поголемиот број земји, односно преку мобилните оператори. Во 2008 година компанијата склучи спогодба за дистрибуција со најголемите играчи на рускиот пазар – МТС, Мегафон и Вимпелком, на кои им беше дозволено да увезуваат Ајфон за продажба во своите салони и за продажба на трети дилери. Со спогодбата се предвидуваат обврски во однос на количествата апарати кои секој оператор треба да ги откупи од Епл за определен рок: збор станува за бројка од околу 1-1.5 милиони апарати за период од две години. Но набргу беше увидено дека во Русија нема толкава побарувачка за Ајфон (уште повеќе со цената од 30.000 рубли /930 американски долари/ што ја беше препорачал Епл), така што исполнувањето на обврските стана невозможно. Како резултат на тоа Мегафон и МТС не го продолжија договорот со Епл, а минатата недела истото тоа го направи и Вимпелком, кој претходно склучи договор за дистрибуција со Samsung. Епл бараше од операторите да вложуваат големи суми за промоција и унапредување на Ајфон, при што поголемиот дел од телефоните на Епл не се продаваа преку малопродажната мрежа на Вимпелком, ами се одвиваше преку канали на големо, објаснува главниот аналитичар на Mobile Research Group Ељдар Муртазин. Тој додава дека системот на продажба на мало не проработел и подари фактот што во Русија не постои практика на продажба на телефони со договор, како што е случајот во другите земји. Затоа за руските оператори оваа варијанта се покажала нерентабилна и не е многу профитабилна за бизнисот.
Синџирот салони на МТС не исклучува потпишување на нова спогодба за доставка на Ајфон доколку Епл им предложи поволни услови, вели претставникот на операторот Ирина Агаркова. За Мегафон обновувањето на договор со Епл е прашање на услови, вели гласноговорникот на фирмата Јулија Дорохина.
Досега Епл има склучено договор за дистрибуција на Ајфон со една руска малопродажна мрежа – компанијата Свјазној. Кому уште ќе му биде дозволено да увезува Ајфон во Русија засега не е решено, вели главниот менаџер на една од дистрибутерските компании. Кон крајот на минатата година ова прашање беше разгледувано во лондонската дирекција на Епл од страна на менаџерите од руската и од европската канцеларија. Не се исклучува и можноста Епл сама да ги доставува смартфоните во Русија, но не е загарантирано дека ќе успее во целост да ја добие побарувачката, вели соговорникот на Ведомости. Веќе неколку компании, вклучувајќи ги и постоечките дистрибутери на Епл, предложија да станат нејзини партнери и имаат подготвено бизнис-планови, вели тој.
Свјазној се договори со Епл за директни доставки на Ајфон есента 2012 година. Благодарени на новата шема, обртот на Свјазној од продажбата на апаратите на Епл во 2012 година се зголеми за трипати, а најголем пораст се бележи во четвртиот квартал од минатата година, изјавува за дневниот весник Ведомости генералниот директор на Свјазној – Мајкл Тач. Претходната шема, во која беа вклучени само операторите, тој ја смета како неидеална: трговците на мало многу често од нив добиваат стока според принципот на остаток. Преминот на директни доставки на Ајфон во другите малопродажни мрежи нема да влијае врз нивната продажба во Свјазној, уверен е тој: потенцијалот на продажба на овие смартфони е сè уште висок. Малопродажните цени на смартфоните на Епл тешко дека ќе се намалат со раширувањето на кругот на дистрибутери – тие веќе максимално се приближени кој европските, смета аналитичарот на „Откритие капитала“ Александар Венегранович.
Користени се материјали од весникот Ведомости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче